посреќна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 Nov 2023 09:53:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png посреќна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Посреќна“ на Врчак и ДНК е многу слушана, ама Панчо објави дека е посреќен од било кога заради една сосема друга работа (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/posrekna-na-vrchak-i-dnk-e-mnogu-slushana-ama-pancho-objavi-deka-e-posreken-od-bilo-koga-zaradi-edna-sosema-druga-rabota-foto/ Thu, 23 Nov 2023 09:53:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328238

Новата  заедничка песна на ДНК и Врчак - „Посреќна“  е многу слушана. од нејзиното излегување за миг стана ултрахит, со огромен број преслушувања, вртења по радиостаниците ширум Македонија иилјадници прегледи на Јутјуб и по социјалните мрежи. Полн погодок како и досега, со тоа што интересот за враќањето на Врчак на сцената кое сите долго го очекуваа, на Андреј и Панчо и дополнително им ја крена популарноста. Радоста секако неизмерна, а Панчо истата не ја криеше, па ја обзнани, како и благодарноста за поддршката до нивните обожаватели и фанови! Арно ама Владимир Блажев, како пшто му стои во личната карта или само Панчо како што го знаат на естрадата, кога не е ар ен би изведувач е и ДЈ и тоа познат под уште еден уметнички прекар како ДЈ Шорти! Кога нема обврски со ДНК, пушта музика. По кафулиња, ноќни локали, клубови, дискотеки, приватни забави... Секаде каде што ќе го повикаат. И додека добар дел од останатите ДЈ-и можеби ги бираат и селектираат настапите, Панчо покажа зошто периодов е неизмерно горд, радосен и среќен. Да,  можеби „Посреќна“ на Врчак и ДНК е многу слушана, ама Панчо објави дека е посреќен од било кога заради една сосема друга работа. Имено, тој како ДЈ Шорти имаше свој настап на едно навидум сосема невообичаено место, иако студентските забави не се ниту непознати, ниту невобичаени и тоа наназад со децении. Можеби не е баш секојдневна појава некоја позната ѕведа на нив да се појави со своја изведба, сеедно дали е пејач, пејачка, група или ДЈ, кој е познато име и презиме на естрадата! А токму Панчо или во случајов ДЈ Шорти беше тој на кој студентите широко му отворија порти на нивната студентска забава во скопскиот студентски дом „Пелагонија“. Панчо не само што не ги изневери, туку и самиот беше изненаден, воодушевен и горд на својот настап токму на ваква локација за една нова студентска генерација, која како и тој покажа дека зне што е тоа добра забава и фантастична размена на позитивна енергија! По ДЈ сетот  за студентите и забавата која долго ќе им остане во сеќавање и ним и нему, Панчо не одлеа приказната да не ја обзнани на социјалните мрежи, со свое видување и став околу неговиата одлука да биде ДЈ на студентска забава, па еве што на својот Фејсбук напиша: „Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам во студентски дом….. Тоа требало да ми биде испод чест со оглед на мојата репутација. Ја само им се насмеав и им кажав дека ќе им испратам видео од самото место. Обожавам вакви места, ја сум дете на народот и никогаш не сум се гледал повеќе од останатите луѓе. За мене сите сме исти. И да бидам искрен, сите кој беа присутни беа дојдени за да се забавуваат и ширеа само љубов и позитивна енергија. Студенти бре, чисти души! Местото е мало но има поубава енергија од најубавите и најскапите локали низ Македонија, а најбитно од се, и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани (Благојче) не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои “големи газди“ ! Студентски “ПЕЛАГОНИЈА” ве ОБОЖАВАМ!!!“ - споделил во својот емотивен статус Панчо по неговиот прв, се надеваме не и последен, студентски ДЈ сет. Фото: Instagram/djshortypofficial/ Видео: Facebook/Vladimir Blazev]]>

ДНК го „вратија“ Врчак во музичкиот свет: Слушнете ја заедничката – „Посреќна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-go-vratija-vrchak-vo-muzichkiot-svet-slushnete-ja-zaednichkata-posrekna-video/ Mon, 20 Nov 2023 11:56:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327690

Тоа што многумина со нетрпение го очекуваа - Раде Врчаковски  - Врчак и официјално да се „врати“ на македонската музичка сцена, се случи. На сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и дуото од ДНК  со наслов „Посреќна“ , кое допрва треба да покже дали вредело што јавноста чекаше толку долго време за повторно да се случи овој музички спој. Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак аранжманот е дело на Лазе. Иако можеби изгледа како вчера да беше кога Врчак се повлече од музичката сцена, сепак, ова е негова прва песна по цели 15 години. Исто така и на ДНК после спектакуларниот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3. декември 2022 година не беа творечки активни, па така ова  е нивна песна по пауза од речиси една година. За оваа музичка соработка, Панчо и Андреј, заедно со Врчак пред извесно време престојуваа во српската престолина каде го снимија и видеоспотот за новата песна. Покрај нив тројца, во видеото улога има и преубавата Елена Ѓоргоска (23), која е член на познатата модна агенција од Милано - „E2 Model Management“, а која одлично си ја заврши својата задача. Видеото во Белград го снимаше професионална екипа, на чело со Макарије Топаловиќ, кој соработува со најпознатите регионални ѕвезди како Сенидах и многу други... Инаку ова е само најава за она што допрва го планира Врчак кога станува збор за музичките планови, а исто така и ДНК веќе работи на нивните најнови проекти, кои публиката допрва ќе има прилика да ги слуша и да ги види... Слушнете ја песната и погледнте го спотот за „Посреќна“ во видеото во продолжение: ]]>

Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе: Не можеше да се изначуди ни самиот Раде, како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-e-do-kamerata-dali-e-do-skalite-ili-do-dolgite-manekenski-noze-ne-mozheshe-da-se-iznachudi-ni-samiot-rade-kako-toa-toj-e-povisok-od-nea-a-manekenkata-mozhe-burek-od-glava-da-mu-jade-foto/ Tue, 07 Nov 2023 10:06:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325732

Како што вети, Раде Врчаковски - Врчак ветеното по се' изгледа почна и да го остварува и полека да се враќа на естрадната сцена, со што израдува многумина. Особено припадничките на понежниот пол се посреќни, зашто русокосиот рапер беше нивни идол, со неговите песни растеа, се радуваа, плачеа, вљубуваа, водеа љубов, раскинуваа... А многумина од нив и во него самиот беа „зацапани“! Некои, веројатно се'  уште и се! Врчак со помош на своите стари пријатели од времето на продукција „Република“, Андреј и Панчо од ар ен би дуото ДНК, деновиве престојуваше во Белград. Таму го снимаа видеото за нивната најнова заедничка, за Врчак и повратничка песна, која претходно ја снимија во студиото на проверениот хитмејкер и музички продуцент, Лазар Цветковски. Спот како спот, несомнено ќе биде на нивото кое ДНК  досега го прикажуваат, а во видеото како по обичај мора да има и убави девојки, што на Андреј и Панчо исто така им е вообичаена пракса. Впрочем, стројните манекенки и топ модели отсекогаш ги имало во нивните спотови, па од тоа не отстапиле ниту овој пат. Јавноста не можеше да биде „Посреќна“ (како што им се вика и новата заедничка песна) откако ја дозна веста и ги виде најавните фотографии од снимањето. Тројцата стари пајташи одново заедно еден до друг, рамо до рамо во новото видео. Арно ама, сижето на прикаската е такава, што „рамо до рамо“ или поточно, „лице в лице“ одблизу мора да бидат и главниот протагонист и неговата партнерка во видеото, во случајов стројната манекенка. И види сега неволја или барем нејаснотија, на која никако не може да и се изначуди ни самиот Раде: Како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?!  Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе, има ли некој да одгатне, мили Боже? Во прашање е „оптичка илузија“ или чиста конфузија кога се сантиметрите во прашање, што воопшто и не е така важно? Важно е да има љубов, па макар и на спот, зашто гледано во глобала, телата се изедначуваат кога ќе се најдат... „во хоризонтала“! Тогаш воопшто не е важно дали е повисока, важно е да е... „Посреќна“! Фото: Инстаграм и Фејсбук/djshortypofficial/Раде Врчаковски  ]]>

Направете ги овие работи за 2020-та да ви биде посреќна година! https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-gi-ovie-raboti-za-2020-ta-da-vi-bide-posrekjna-godina/ Mon, 30 Dec 2019 14:02:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126638

Без разлика дали изминатата година била лоша или неверојатно добра, почетокот на новата година е совршен момент за да си поставите пред себе реални предизвици. На самиот старт на јануари, зацртајте си ги своите цели без разлика дали станува збор за ново животно поглавје, патување или едноставно кафе со пријатели со кои одамна не сте се виделе. За да си го проектирате полесно патот кон посреќна, поздрава и позабавна 2020-та година, уште на почетокот на следниот месец направете го следново: Исчистете си го фрижидерот Без разлика колку целото ова и да ви изгледа смешно и банално, доколку сте сериозни во идејата дека сакате во 2020-та да стекнете поздрави навики, чистењето на фрижидерот е веројатно првиот важен чекор кон постигнување на целта. Поради новогодишните подготовки повеќе од веројатно е дека вашиот фрижидер сте го наполниле со секакви слатки и солени „задоволства“ кои едноставно може само да ја зголемат бројката на вагата, но и да ја отежнат работата на вашиот организам. Па, фатете се за работа и не размислувајте многу околу тоа. Најдете начин како да менаџирате со стресот Новите предизвици многу често несвесно ни вршат притисок. Без паника, потребно е само да ја преземете контролата во свои раце. Размислете што ви е потребно за да се релаксирате и направете го тоа. Направете си амбиентална атмосфера, наполнете ја кадата, испијте чаша вино или едноставно купете си боенка и бидете креативни. Што и да ве смирува, тоа е токму она што ви е потребно за да започнете без притисок. Испланирајте патување – букирајте карта Можеби овој предлог ви изгледа смешно, покрај сите трошоци кои што ги имавте во предновогодишниот период, но овој период од годината можете да букирате најевтини летови, да резервирате сместување за летниот одмор или едноставно да видите кои места навистина вреди да ги посетите надвор од сезона. Прекинете ја токсичната врска Нова година – нови почетоци! Ставете крај на врската која што ве заморува, немојте да се губите себеси и оваа година. Исчистете си го бирото Новите почетоци се секогаш добредојдени и на професионален план. Не само физички, своето биро исчистете го и од старите предмети, заостанати обврски и влезете во новата година со чисто портфолио и уште почисти мисли, подготвени за свежи идеи. Декорирајте ги ѕидовите Направете промена во просторијата во која најчесто престојувате. Обојте ги ѕидовите, врамете ги убавите спомени, свежината во домот ќе направи да се чувствувате поразлично, а самото тоа ќе ви ги одведе мислите во друга насока. Најдете ново хоби Ви здодеа да гледате филмови и да одите во теретана!? Изгаснете светло во собата и пуштете си тивка музика. Промената ќе биде и повеќе од видлива. Планинарењето е секогаш добра и здрава варијанта. Доколку не сакате да одите сами, приклучете се на некоја од планинарските групи кои што ги има на социјалните мрежи, и новите пријателства се секогаш добредојдени.]]>