послушајте патриоти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Aug 2023 10:50:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png послушајте патриоти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Послушајте патриоти“ – овој пат словото го кажуваат ДНК и Наум Петрески (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/poslushajte-patrioti-ovoj-pat-slovoto-go-kazhuvaat-dnk-i-naum-petreski-audio/ Thu, 31 Aug 2023 10:50:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316127

„Послушајте патриоти да ви кажам словото, на Ѓурѓовден бев затворен, в црни темни зандани. Во зандани бев предаден од проклети шпиони, од проклетите шпиони неразбрани трговци...“, токму вака почнува последната дванаесетта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, овој пат во изведба на Панчо и Андреј од ДНК и Наум Петрески. Со „Послушајте патриоти“ се затвора кругот - 12 песни, 12 изведувачи, но стартува новото поглавје – концертниот караван во чии рамки ќе се одржат концерти во осум македонски града. „Послушајте патриоти“ е песна испеана за македонскиот деец Александар Караѓуле-Охридски, инаку и самиот автор на стиховите – сведоштво за неговите измачувања во софискиот затвор во 1892 година. Прв пат е снимена од бардот на македонската народна музика Никола Бадев, и тоа за дискографската куќа Југотон во Белград. Во своите музички биографии ја имаат запишано и Јонче Христовски, Гоце Арнаудов... Оваа композиција во македонското музичко богатство зачувана како револуционерна, овој пат спакувана од маестро Николче Мицевски, сега ја снимија и ДНК и Наум. „’Послушајте патриоти’ за нас е една несекојдневна соработка со нашиот добар пријател Наум Петрески, кој според нас е најдобриот машки вокал. За аранжманот беше задолжен маестралниот Николче Мицевски, а поканата дојде од проектот „Македонијо во срце те носиме“ на што не можевме да останеме рамнодушни, особено кога станува збор за Македонија и нешто што треба да остане како наследство за идните генерации. Со оглед на летната турнеја и многубројните ангажмани не успеавме да ја визуализираме песната, но не значи дека тоа нема да се случи во блиска иднина“, велат Панчо и Андреј. „Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки во изминатиов период слушнавте 12 македонски родољубиви песни отпеани од исто толку изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика, а сите спакувани во ново руво од Николче Мицевски. Она што ќе следува во склоп на целиот проект е концертниот караван кој стартува на 6 септември од плоштадот „Слобода“ во Штип. Освен штипјани во сите дванаесет нумери ќе има можност да ужива и публиката во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје. Бидете дел од караванот „Македонијо во срце те носиме“, дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. Распоред на концертите: Штип – 6 септември Битола – 13 септември Велес – 20 септември Прилеп – 27 септември Кочани – 1 октомври Тетово – 4 октомври Кавадарци – 8 октомври Скопје – 11 октомври Почетокот на концертите е во 20 часот! Уживајте во „Послушајте патриоти“ и изведбата на ДНК и Наум: ]]>

Оперскиот пејач Давид Миладинов со обработка и моќна изведба на легендарната македонска патриотска песна – „Послушајте патриоти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/operskiot-pejach-david-miladinov-so-obrabotka-i-mokjna-izvedba-na-legendarnata-makedonska-patriotska-pesna-poslushajte-patrioti-video/ Thu, 16 Jul 2020 08:05:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158976

Оперскиот пејач Давид Миладинов го промовираше спотот за неговата најнова преработка на легендарната македонска народна патриотска песна „Послушајте патриоти”, во која се пее за големиот јунак Александар Караѓуле Охридски,кој бил мачен и убиен од Бугарите во софискиот затвор во 1892 година. https://denesen.mk/video-junak-od-poznatata-makedonska-pesna-poslushajte-patrioti-e-ispeana-za-karagjule-koj-bil-machen-i-ubien-od-bugarite-vo-sofija/ Видеото е снимано на неколку убави локации во стариот дел на Охрид, како и во неговата околина, поточно во атарот на селото Куратица. Спотот го изработи ИН Продукција, а истиот беше премиерно претставен на сателитската ИН Телевизија. „Сметам дека македонското национално чувство треба да се разбуди малку кај нас. Ние потекнуваме од Република Македонија и треба да ја негуваме македонската песна, имаме доста убава музика. Треба да правиме нови песни, доста гледам на социјалните мрежи препејувани песни од соседството или странски песни. Ние најпрвин треба да гледаме нашите песни да ги промовираме. Послушајте Патриоти' доби нов израз, односно  модерен аранжман и повторно во моја оригинална изведба,  во стил на претходната претходната  песна која ја препеав „Кога падна на Пирина” - истакна Миладинов во неодамнешното интерјву за ИН ТВ. Погледнете го видеото и слушнете ја неговата емотивно, но моќна изведба на оваа македонска патриотска песна, која никого нема да остави рамнодушен. ]]>