последна желба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Jan 2024 13:13:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png последна желба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сандра Булок пет месеци по неговата смрт ја испочитува последната желба на саканиот (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sandra-bulok-pet-mesetsi-po-negovata-smrt-ja-ispochituva-poslednata-zhelba-na-sakaniot-video/ Fri, 05 Jan 2024 13:13:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333947

Славната холивудска актерка Сандра Булок ја испочитува последната желба на својот покоен партнер Брајан Рендал 5 месеци по неговата смрт. Имено, Брајан имал желба по неговата смрт, неговата пепел да се расфрла во река во Вајоминг. На денот кога требаше да биде неговиот 58-ми роденден, актерката ги расфрлала неговите останки во реката Снејк. „Среќен роденден, Брај. Сенди те донесе до реката, токму како што вети“, напишала сестрата на Булок, Гесин Булок-Прадо покрај краткото видео.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gesine Bullock-Prado (@gesinebp)

„Колку убав начин да му оддаде почит на човекот кој го сакала. Да се испочитува неговата последна желба! Вие сте во моето срце и во моите молитви. Колку и да е тешко и тажно да се изгуби некој толку посебен, се надевам дека ќе пронајдете мир и ќе го славите неговиот живот“, „Ви благодариме што го споделивте ова. Голема утеха за сите нас кои доживеавме ваква загуба“, се дел од коментарите под објавата. За потсетување, Рендал почина во август 2023 година по 3-годишна битка со амиотрофична латерална склероза (АЛС), прогресивна невродегенеративна болест која влијае на нервните клетки во мозокот и 'рбетниот мозок кои ги контролираат доброволните движења на мускулите. Лек за оваа болест сè уште не е пронајден и не постои ефикасен третман за да се запре нејзината прогресија. Моделот кој подоцна стана фотограф 8 години се забавуваше со Сандра и ѝ помогна во одгледувањето на нејзините две деца.
„Брајан рано одлучи да ја задржи неговата борба со АЛС во тајност, а ние што се грижевме за него дадовме сè од себе да го испочитуваме неговото барање“, изјавија неговите најблиски за „Page Six“ по неговата смрт. „Ние сме исклучително благодарни на неуморните лекари кои заедно со нас се грижеа за оваа болест и на неверојатните медицински сестри кои станаа наши цимери, честопати жртвувајќи ги своите семејства за да бидат со нашите“, додаа тие. фото:Instagram printscreen/ sandra.bullock.official]]>

Тина Тарнер свесна дека смртта доаѓа имала само една последна желба https://arhiva.vistina.com.mk/tina-tarner-svesna-deka-smrtta-doaga-imala-samo-edna-posledna-zhelba/ Wed, 31 May 2023 06:40:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304351

Славната пејачка Тина Тарнер ќе биде погребана на приватна церемонија која ќе биде далеку од очите на јавноста, соопшти нејзиниот тим за односи со јавноста. Нејзиниот поранешен асистент открил нови детали за легендарната пејачка која починала на 24 мај во Швајцарија на 83 годишна возраст. -Тина Тарнер ќе биде погребана во Швајцарија, таа не сакаше голем јавен погреб. Сакаше да биде кремирани по смртта и очекуваме тоа да биде многу приватен настан. Сигурни сме дека подоцна ќе се организира и меморијален концерт со кој ќе и се оддаде почит, вели тој. Додава дека оваа најголема желба ќе и биде исполнета на пејачката која почина од природна смрт иако боледуваше од рак на цревата. фото:AP PHOTO]]>

Аца Софронијевиќ откри какви жртви морал да направи за да стане успешен музичар (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aca-sofronijevikj-otkri-kakvi-zrtvi-moral-da-napravi-za-da-stane-uspeshen-muzichar-foto/ Fri, 18 Nov 2022 10:11:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276451

Познатиот хармоникаш од помладата генерација, Александар Аца Софронијевиќ, кој денес важи за еден од најбараните музичари за свадби и веселби, во една емисија откри дека свирел и на бројни погреби. Покрај тоа, Софронијевиќ за прв пат раскажа какви жртви морал да направи за да стане успешен музичар. - Чест е кога можеш некого за последен пат да почестиш и да го испратиш во вечниот дом. Свирев на погребот на таткото на кумот. На вечното одмаралиште ги испратив Новица Неговановиќ, Мерима Његомир, Шабан Шаулиќ, Милутин Мркоњиќ - рече тој, а потоа откри дека на погреб свирел и за непозната дама, бидејќи тоа била нејзината последна желба: Ме контактираше ќерката на една госпоѓа од Краљево која многу сакала да ме слуша и која пред смртта оставила последна порака до семејството. Таа ми рече: „Мама побара кога ќе замине, да ја свирите песната „Сега кога се разделуваме“. Се согласив да ја испочитувам нејзината последна желба иако не ја познавав госпоѓата или нејзиното семејство. На крајот ме прашаа колку ми должат, а јас одговорив дека тоа не чини ништо - изјави хармоникашот. Фото:Принтскрин/Инстаграм/sofronacc
]]>

Се огласи семејството на Марина Туцаковиќ, ова е последната желба на текстописецот https://arhiva.vistina.com.mk/se-oglasi-semejstvoto-na-marina-tucakovikj-ova-e-poslednata-zelba-na-tekstopisecot/ Mon, 20 Sep 2021 12:07:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219805

Сопругот и синот на Марина Туцаковиќ, Александра и Милан Радуловиќ се огласија денес заблагодарувајќи се за поддршката, сочувството и пријателството и ја замолија јавноста да ја почитуваат нивната приватност и желбата погребот да биде интимен, во кругот на семејството и пријателите. „Ние изгубивме мајка, сопруга, животен сопатник, а не национално злато. Марина никогаш не сакаше патетика и масовно обележување на нејзината смрт би било против нејзиниот дух според кој живееше и работеше. Нејзината желба е да биде погребна во семејната гробница покрај синот Милош“, велат тие во соопштението. Тие додаваат дека и не сакала помпа. „Нејзина желба е погребот да биде интимно, во кругот на семејството и пријатели, со присуство на свештеник. Порад епидимиолопката ситуација и со желба да ги заштитиме најблиските од таа страшна болеста која и на крај ја однесе Марина, сакаме да се простиме од неа без присуство на публика и новинари“ велат сопругот и синот. Тие наведуваат дека за ги испочитуваат пријателите, семејството, соработниците и јавноста ќе биде ораганизирана комеморација по 40 дена од смртта на текстописецот. Исто така наведуваат дека Марина починала на 19 септемри на 67 години поради компликации со Ковид 19 среде борбата со опасната болест. „Почина брзо, неколку дена откако беше хоспитализирана. Таа неколку месеци водеше битка со опасната болест, а Ковид успеа да ја уништи само за неколку дена. Почина надвор од својот дом, во несвесна состојба. Замина на небето, оставајќи го својот сопруг и син“, се наведува во соопштението. Тие им се заблагодарија на сите што беа со Марина од првиот ден кога дозна дека е болна и дека секој израз на пријателство во сите нивни тешки моменти им значеше. - Знаеме дека Марина значеше многу за многу луѓе, дека беше сакана и ценета и како личност и како уметник. -Дека Марина остави траен белег на музичката сцена во Србија и регионот е нешто со што се гордееме и драго ни е што ќе остане запаметена. Знаеме дека многумина во моментов се чувствуваат тажно - рекоа Александар и Милан Радуловиќ. фото: принтскрин]]>

Која верзија ви е подобра? Кеба “украде” песна од Наум Петрески (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/koja-verzija-vi-e-podobra-keba-ukrade-pesna-od-naum-petreski-video/ Wed, 04 Nov 2020 08:31:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174357

Пандемијата со коронавирусот ги стави на пауза пејачите, музичарите....кои веќе подолго време повеќето од нив не настапуваат, а некои не создаваат ни музички дела. Меѓутоа, некои од нив пак одлучија да објават по некој сингл, да го развеселат народот со музика и можеби да им ги отргнат мислите од короната и сите лоши случувања во 2020та година. Така, српскиот пејач Драган Којиќ Кеба одлучи љубителите на неговата музика да ги израдува со новиот сингл „Последња жеља“ за која сними и видео запис. Меѓутоа, оној кој ја следи музиката, ќе забележи дека е преработка на песната „Последна желба“ од Наум Петрески. Не навлегуваме во тоа дали двајцата уметници се договориле за соработка или не, но оние кои ги сакат народните песни сигурно ќе уживаат во двете верзии. Единствена разлика е тоа кај верзијата на Наум Петрески преовладуваат тамбури и хармоника, додека кај Кеба преовладуваат трубите. Во продолжение слушнете ги двете верзии, па проценете која повеќе ви се допаѓа. ]]>

Ќе и ја исполни последнате желба: Пријателката организира забава за починатата Исидора Бјелица https://arhiva.vistina.com.mk/kje-i-ja-ispolni-poslednate-zelba-prijatelkata-organizira-zabava-za-pochinatata-isidora-bjelica/ Tue, 22 Sep 2020 09:29:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168014

Зорана Павиќ со тешко срце се прости од нејзината пријателка Исидора Бјелица која почина од карцином, а по поминувањето на 40 дена од нејзината смрт,  нејзината пријателка Зорана одлучи да и ја исполни последната желба и да направи забава. Самата Бјелица пред смртта побарала од Зорана да организира забава, а сега Павиќ ќе и ја исполни последната желба, па така организира прослава за блиските пријатели и соработници која ќе одржи викендов на еден имот надвор од Белград. „Бела бајка за Исидора“ ќе биде последниот поздрав за авторката, а по желба на Бјелица гостите ќе бидат облечени во бело. Потсетуваме, само еден ден по нејзината смрт, Павиќ ја објави пораката која и испратила Исидора, а во која вели дека кога ќе замине да и организираат забава со добра музика и бел дрес код. Инаку, сопругот на Исодора, Небојша Пајкиќ неодамна истакна дека нема да се противи на таа забава, но дека нема да учествува. „Нас не не интеренсира таа забава, на Зорана и објаснив дека нема ништо да забраниме,  но не ни е во интерес да ја правиме“ изјави Пајкиќ.]]>

Исплива последната желба на кралицата Елизабета? https://arhiva.vistina.com.mk/ispliva-poslednata-zelba-na-kralicata-elizabeta/ Wed, 01 Jul 2020 10:38:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156609

Иако  Бакингемската палата ги демантираше сите пишувања, магазинот „Globe“ пишува дека кралицата Елизабета нема да живее уште долго време, а сега ја открија и нејзината наводна последна желба. Имено, како што открил изворот, скандалот кој го потресе кралското семејство кон крајот на минатата година, во кој нејзиниот омилен син, 60-годишниот принц Ендру беше вплеткан во секс афера во која починатиот Џефри Епстајн беше осуден како сексуален предатор, му нанел голема штета на дворот. Како што наведува анонимниот извор, последната желба на кралицата пред смртта е да му ја одземе кралската титула на својот син поради лошиот публицитет кој му го нанел на дворот. Иако принцот Ендру своеволно се одрече од кралските должности, исто како што тоа го направија и принцот Хари и Меган Маркл, за 94-годишната кралица тоа не било доволно, па сега одлучила да ги разреши и неговите титули. “Ендру ја изгуби репутацијата, кралската работа, платата, а наскоро ќе ја изгуби и титулата. Не може да го избегне соочувањето со законот. Ќе го добие тоа што го заслужил”, вели изворот. Потсетуваме, кралицата Елизабета поради пандемијата со коронавирусот се повлече во својот дворец во Виндзор.]]>