последен поздрав – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Aug 2023 09:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png последен поздрав – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Аплаузот нека трае“: Познатите се простија од Катина Иванова (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/aplauzot-neka-trae-poznatite-se-prostija-od-katina-ivanova-foto/ Fri, 11 Aug 2023 09:53:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313440

Веста за заминувањето на актерката Катина Иванова (1951–2023) ја соопштија од Македонскиот народен театар каде таа беше дел повеќе од четири децении. „Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек“ изјавија од Театарот. Иванова на сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976). По дипломирањето, од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави. А со голема страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи. Таа глумеше и во десетина филмови и ТВ серии, а за своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997). Познатите преку социјалните мрежи се простија од актерката Катина Иванова која почина на 82 години. Меѓу нив беше актерката Весна Петрушевска Бејби која рече дека Катина ја знае од дете и дека била единствена во многу нешта: „Катина ја знам од дете како од втората фотографија и секогаш бевме взаемно искрени ме познаваше од студентските денови и ми беше поддршка. Игравме заедно неколкупати и многу се смеевме. Милував да ја викам Катина, не Кате. Беше духовита, храбра и убава жена. Таа широка насмевка, тој поглед под веѓите кои секогаш имаа некоја порака. Ние глумците секогаш завршуваме тажно и некако заборавено што се оставаме на сцена. Катина беше единствена во многу нешта. Точна и прецизна си замина тивко, но достоинствено ми се скрши срцето Катина. Слава ти и аплаузот нека трае“, за неа напиша Весна Петрушевска. Калиопи Букле на својот Инстаграм се прости од Катина со нејзината фотографија и зборовите: „Катина Иванова... Големите си заминуваат... Збогум мила...“ Познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов со Инстаграм статус се прости од својата драга колешка: „Мила Кате. Не можам да поверувам...“ Македонската  актерка со хрватска адреса, Јелена Јованова објави само фотографија од Иванова и црно срце симбол на тага. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Последната изјава на Тина Тарнер: „Луѓето мислат дека мојот живот бешe тежок, но всушност беше прекрасен“ https://arhiva.vistina.com.mk/poslednata-izjava-na-tina-tarner-lugeto-mislat-deka-mojot-zhivot-beshe-tezhok-no-vsushnost-beshe-prekrasen/ Thu, 25 May 2023 09:55:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303564

Не така одамна, кога веќе знаеше дека не и преостанува уште многу, кралицата на рокенролот испрати трогателна порака до своите обожаватели. Тина Тарнер почина вчера на 83-годишна возраст во својот дом во Киснахт во близина на Цирих по долго боледување. Во една од последните изјави таа како да се прости од своите фанови... - Луѓето мислат дека мојот живот беше тежок, но мислам дека тоа беше прекрасно патување! - изјави Тарнер. Пред десет години и се влошила здравствената состојба, бубрезите „работеле 20 отсто“, а потоа сопругот и подарил бубрег. - Немаше смисла да направи такво нешто само за да и го продолжи животот на една постара жена за неколку години - рекла потоа Тина, а нејзиниот сопруг и одговорил: - Мојата иднина е нашата иднина, таа е подарок на љубовта. Таа беше позната по нејзините енергични сценски изведби и моќен, уникатен глас. Таа има освоено осум Греми награди, влезена во Куќата на славните и има продадено повеќе од 180 милиони албуми ширум светот. Оваа талентирана уметница од Тенеси успешно се испроба и на филм - глумеше во блокбастерот „Луд Макс“ во 1985 година и во рок операта „Томи“ од 1975 година. фото:AP PHOTO]]>

Македонската естрада се простува од Ферус Мустафов: Колегите со пиетет и последен поздрав кон „кралот на саксофонот“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-se-prostuva-od-ferus-mustafov-kolegite-so-pietet-i-posleden-pozdrav-kon-kralot-na-saksofonot/ Mon, 22 May 2023 11:15:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303165

По веста за смртта на Ферус Мустафов, социјалните мрежи се преполнети со споделени написи од медиумите, но и збогување со „кралот на саксофонот“. Особено неговите колеги од македонската естрада се оние кои со пиетет и зборови утеха на сеќавање, се простуваат од својот колега, соработник, пријател и другар... малиот - голем музичар и човек, Ферус! Еве ги последните поздрави на оние македонски естрадни и јавни личности кои први се огласија збогувајќе се од починатиот музичар на Фејсбук: Пејачката Росана Сариќ - Тодоровска Колегата саксофонист и кларинетист Зоран Крагуевски Младиот пејач и кумашин Огнен Здравковски  Фолк ѕвездата Сузана Гавазова Колегата Лазар Наумов од групата „Бумбари“ ТВ водителката Анита Даева Уште еден крал на својот инструмент, овој пат на трубата - Кинг Наат Велиов Македонската фолк ѕвезда Елена Велевска Владимир Блажев, алиас Панчо од арен би дуото ДНК Подкаст водителот Стефан Лазаров, кај кого Ферус го имаше последното јавно гостување Музичарот и гитарист Петар Ренџов Фолк пејачот и некогашен член на „Браво Бенд“ - Живко Динев Актерот, пејач и водител Игор Џамбазов  ...И уште многумина други. Листата е предолга за да ја собере во една објава... Почивај во мир „кралу“ и нека ти е светол патот кон царството небеско, во спокојот на вечноста која оддамна ја заслужи... Таму, каде што отсега ќе им свириш на ангелите.]]>

Таа му беше ментор во „Ѕвездите на Гранд“: Карлеуша во тага поради трагично починатиот Немања Вуковиќ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/taa-mu-beshe-mentor-vo-zvezdite-na-grand-karleusha-vo-taga-poradi-tragichno-pochinatiot-nemana-vukovik-foto/ Wed, 08 Mar 2023 10:04:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292264

Јелена Карлеуша се прости од настраданиот пејач. Смртта на пејачот Немања Вуковиќ (22), поранешен учесник на „Ѕвезде Гранд“, кој загина во сообраќајна несреќа, ја потресе целата јавност, но и Јелена Карлеуша, која му беше ментор на популарното натпреварување. „Со голема тага го пишувам ова. Почина Немања, мојот кандидат во „Ѕвезде Гранда“. Неверојатно талентиран, културен, убав, млад... Имаше 18 години во ова видео. Го избрав затоа што во него чувствував голем потенцијал... Верував во него. Длабоко сочувствувам со болката на неговото семејство и упатувам сочувство. Нека Универзумот ви даде сила да поднесете таква загуба. Почивај во мир Немања... и знам дека енергијата не може да умре. Само ја менува формата и продолжува понатаму...“, напиша Карлеуша на Инстаграм. фото:Инстаграм принтскрин/Звезде Гранда Јутјуб/ Јелена Карлеуша]]>

„Престанаа твоите болки“: Колегите се збогуваа од актерката Катерина Крстева https://arhiva.vistina.com.mk/prestanaa-tvoite-bolki-kolegite-se-zboguvaa-od-akterkata-katerina-krsteva/ Tue, 10 Jan 2023 08:53:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283357

На своја 85 годишна возраст почина познатата македонска актерка Катерина Крстева или попозната како Мара Попора, лик на кој се сеќаваат многу генерации. Нејзиниот хумор, насмевката, препознатливата руса коса и сценски гестикулации, ќе останат како нешто на кое ќе се сеќаваме кога ќе се спомене нејзиниот незаборавен лик. Иако хуморот е првото нешто со кое ја поврзувавме, нејзината реалност за жал не била баш таква. Катерина станала мајка на своја 49 годишна возраст, а сопругот и починал кога детето и било мало, па со својата сила и мајчиснска љубов го одгледувала сама. За „Фокус“, нејзиниот колега Гоце Тодоровски открива дека Катерина и нејзниниот син Александар живееле од нејзината скромна пензија. Но, нивни блиски пријатели открија повеќе за трагедијата која ја снашла Катерина која го нашла својот 36 годишен син мртов во нивниот дом во месец сепрември, односно пред три месеци. -Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој и беше целиот свет, се тргна од се и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи… Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата – ни изјавија пријатели на Александар за „Фокус“. На социјалните мрежи од Катерина Крстева се збогуваше и Весна Петрушевска која вели дека повеќето не ја занеле нејзината тажна приказна. -Драга моја Кате (сестро да ти кажам)или во народот позната како Мара Попара да си го најдеш мирот и извини што сите те заборавија ,прости им што не ја знаеја твојата тажна приказна и барем малку со Мони Угриновска, Македонски народен театар дознавме, па подостоинствено да ја завршиш оваа приказна .Ефектот кој го имаше на другите е највредната валута која постои. Со тебе израснаа многу генерации, а само мал круг знаевме колку си луцидна, остроумна и благородна.Кате, многу ми е жал! Нас глумците баш лесно не забораваат. Слава ти, пишува Весна Петрушевска, а на нејзниот статус на Инстаграм се надоврза и Игор Џамбазов кој кусо напиша:
-Златна Кате... И актерката Стојна Костовска се прости од својата колешка Кате со која заедно познати беа како дел од Хихирику. -Драга колешке престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти...Чувај ги!!! Кате лесна ти земја!- беше последниот поздрав на Костовска. Инаку, Катерина Крстева беше погребана вчера, 9-ти јануари на градските гробишта во Бутел. Информацијата во врска со комеморацијата ќе биде дополнително објавена од МНТ. фото:Фејсбук МНТ/Инстаграм/Јутјуб принтскрин]]>

Познатите Македонци се простија од легендарниот композитор Корнелије Ковач: „Можеби сепак има нешто“?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-makedonci-se-prostija-od-legendarniot-kompozitor-kornelije-kovach-mozebi-sepak-ima-neshto-foto/ Wed, 14 Sep 2022 07:58:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266720

Замина уште една музичка легенда од регионов... Еден од најголемите музички уметници, Корнелије Бата Ковач. Академски музичар - клавијатурист, композитор, аранжер, продуцент... и пред се голем другар и пријател со сите, особено со оние музички ѕвезди со кои соработуваше. А работеше, твореше и соработуваше со многумина од најголемите: Оливера Катарина, Бисера Велетанлиќ, Неда Украден, Мики Јевремовиќ, Миша Марковиќ, “Генерација 5“, Лепа Брена, Здравко Чолиќ… Беше основач и лидер на една од најголемите рок групи на сите времиња во некогашна Југославија, легендарната „Корни група“ низ која поминаа плејада врни музичари и пејачи... Од Златко Пејаковиќ до Здравко Чолиќ. Зад себе остави дузина големи хитови, познати песни кои се пејат и денес, останаа евергрени за сите времиња и генерации. Корнелије Ковач беше познат, признат и ценет насекае во регионот, иако само малкумина Македонци имаа среќна можност, чест и задоволство да работат и соработуваат со него. Едноставно не можеше да се дојде на ред, зашто Бата Ковач до последните денови на своите креативни можности, беше буквално презафатен. Но, тоа не значи дека некогашните и сегашни македонските музички ѕвезди и музички новинарски легенди не го познаваа, ценеа, почитуваа... Напротив, затоа и некои од најпознатите имиња, но и оние кои имаа ретка можност да бидат дел од неговото авторско јато денес, му одаваат последна почит и со последен поздрав се простуваат од големиот уметник и пред се' човек. Така, Калиопи Букле на својот Инстаграм се прости од Коренелије Ковач со негова фотографија и зборовите: „Ми беше чест да Ве  познавам, да ја делам сцената со Вас и да растем со Вашата музика низ минатото и сегашноста... RIP ( Почивај во мир)“ - сподели македонската поп дива. Познатиот македонски музичар, клавијатурист и продуцент, Валентино Скендеровски, член на повеќе познати бендови меѓу кои и „Леб и Сол“ и „Меморија“ со Фејсбук статус се прости од својот познат колега: „Почина еден од најголемите композитори на овие простори. Вечна слава Бато, нека ти е светол патот кон вечноста“ - напиша Тино на својот ФБ профил. Легендата на македонското радиоводителство и естрадно-музичко новинарство, единствениот Драган Б. Костиќ споделувајќи заедничка црно-бела фотографија со Бата Ковач од далечната 1973 година сликана во нашата „Универзална сала“, се прости со човекот коој ги напиша некои од најголемите хитови на неговата младост:
„Почина Корнелије Ковач, еден од најзначајните двигатели на југословенската популарна музика во седумдесетите години на минатиот век. Композитор чиј белег како траен маркирен знак ќе го одбележува не само неговото време. Нека почива во мир.
П.С. Мојата маленкост на прва средба, во разговор со Корнелије на 12.10.1973 во Универзална сала“ - сподели Костиќ на својот Фејсбук.
Кирил Колемишевски, некогашнот член од првата постава на групата „Нокаут“, враќајќи ја меморијата назад во времето, се потсети на соработката со Корнелије Ковач на една од песните на бендот на нивниот прв албум:
„Корнелије Ковач ги отсвири клавијатурите на “Телефонскиот број не постои”, го разубави аранжманот на песната која беше во продукција на неговите ќерки, Александра и Кристина, кои ги пеат придружните вокали. Нека почива во мир“ - напиша во својот проштален статус на својот ФБ, Кире.
Македонскиот актер и самиот некогашен музичар, Владимир Јачев, сподели еден од најголемите хитови на Здравко Чолиќ  за која музиката ја напиша Корнелије Ковач, на стихови на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај и со неа се прости од големиот композитор, чии песни очигледно оставиле траен белег и во неговиот живот:
„RIP Корнелије Ковач
Поголем дел од музиката и аранжманите за овој албум на Здравко Чолиќ ги има направено тој...
Иначе албумов го имав во трето одделение... Сите песни ги знам.
Сите се хитови... Пусти, пусти моду, Писаќу јој писма дуга, Једна за другом, Смијем се без смисла... и секако оваа што ја постирам...“ - споделил Јачев.
Малкумина знаат дека сепак единствениот македонски пејач на кого големиот Корнелие Ковач му напиша цел абум е некогаш младиот пејач Никола Конзулов, сега член на групата „Акустико“.
Дискографско првенче на Никола, насловено:  „Можеби сепак има нешто“ е подготвувано во студиото „Арета“ на Корнелие Ковач. Содржи 10 песни, од кои 8 со негов авторски потпис, поточно музиката е негова за 8 нумери, а сите аражмани се дело на Корнелие, кој се потпишува и како музички продуцент на албумот, а ги отсвирел и клавијатурите на сите песни.
„Маестро, ти благодарам за сета музика, дела, дружба... Маестрален музичар, композитор, голем човек, народен човек. Светол ти пат!“ -напишал во прошталната порака Конзулов, потенцирајќи го следново во интервјуто за „Нова Македонија:
„Кога ќе одев за Белград задолжително се гледавме и ќе се напиевме по едно пријателско кафе“ – вели тој, додавајќи дека размислува да го реиздаде албумот што го сними со Корнелие Ковач, бидејќи како што вели и самиот негов наслов... „Можеби сепак има нешто“?!
Фото: Принтскрин/ Социјални мрежи и приватна архива
]]>

Македонија се збогува од Аки: Последен поздрав на градскиот плоштад во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-se-zboguva-od-aki-posleden-pozdrav-na-gradskiot-ploshtad-vo-skopje/ Wed, 26 Jan 2022 13:09:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236395

Среда, 26-ти јануари, ден пред неговиот погреб во Загреб, Скопје ќе го испрати својот некогашен сограѓанин и голем пријател, легендарниот Аки Рахимовски. Поради епидемиолошките ограничувања, последното испраќање на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни. Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа во чест на Аки. Главното собирање се планира од 18 до 19.30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак“. Последното збогување со Аки Рахимовски го организира „Радио Бубамара“ со поддршка „КЛС Саунд“ и Град Скопје. На Градскиот плоштад ќе ја слушнеме и песната „Ако згрешам, нека изгорам“ на Пепи Бафтировски, која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс“.]]>

Aки ќе биде погребан со оваа песна која за него имала посебно значење (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/aki-kje-bide-pogreban-so-ovaa-pesna-koja-za-nego-imala-posebno-znachenje-video/ Wed, 26 Jan 2022 12:34:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236350

Александар Аки Рахимовски ќе биде погребан со песната „Sailing“ од Rod Stewart која често му ја пеел на неговиот син Кристијан Рахимовски, пишуваат српските медиуми. Последното збогување на Аки Рахимовски ќе се одржи утре на 27-ми јануари во 15 часот на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите. Музичарот на последниот поздрав ќе биде испратен и со две македонски песни кои многу ги сакал. Групата „Парни ваљак“ со емотивно видео се прости од Аки. Имено, тие објавија видео со фотографии од Аки, а во позадина се емитува песната „Јесен у мени“. -Збогум пријателе, остави голема празнина и величествени сеќавања, напишаа тие во објавата. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/grupata-parni-valjak-so-emotivno-video-se-zboguvaa-od-aki-rahimovski-zbogum-prijatele-ostavi-golema-praznina/[/embed] За потсетување, популарниот пејач на „Парни ваљак“ почина во саботата (22.01.2022) година откако му се слошило додека била прошетка. фото: драган кадиќ]]>

Групата „Парни ваљак“ со емотивно видео се збогуваа од Аки Рахимовски: „Збогум пријателе, остави голема празнина“ https://arhiva.vistina.com.mk/grupata-parni-valjak-so-emotivno-video-se-zboguvaa-od-aki-rahimovski-zbogum-prijatele-ostavi-golema-praznina/ Wed, 26 Jan 2022 11:31:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236317

Пејачот Аки Рахимовиќ почина на 67 години, а членовите на групата  „Парни ваљак“ на својот „Јутуб“ објавија емотивно видео со кое се простија од фронтменот на групата. Пејачот почина во саботата (22.01.2022) откако му се слошило додека бил на прошетка со сопругата. Од Аки преку социјалните мрежи се простија и многу познати личности меѓу кои Владо Георгиев, Никола Роквиќ, Жељко Самарџиќ, Калиопи... [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/kolegite-preku-socijalnite-mrezi-se-prostuvaat-od-aki-rahimovski-shto-i-da-kazam-malku-e/[/embed]   Групата „Парни ваљак“ со емотивно видео се прости од Аки. Имено, станува збор за галерија од фотографии од Аки, а во позадина се емитува песната „Јесен у мени“. -Збогум пријателе, ни остави голема празнина и големи сеќавања, напишаа членовите на бендот. Последното збогување на Аки Рахимовски ќе се одржи утре 27-ми јануари во 15 часот на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите. ]]>

Погребана Марина Туцаковиќ: Жељко Јоксимовиќ, Саша Матиќ, Оливер Мандиќ, Карлеуша, Цеца.. за последен пат се простија од големиот текстописец https://arhiva.vistina.com.mk/pogrebana-marina-tucakovikj-zeljko-joskivmoikj-sasha-matikj-karleusha-ceca-za-posleden-pat-se-prostija-od-golemiot-tekstopisec/ Wed, 29 Sep 2021 11:37:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221055

Погребена е Марина Туцаковиќ, еден од најпознатите текстописци во регионот. Семејството и пријателите  од 12 часот започнаа да се собираат на „Новите гробишта“ за да ја испратат Марина во вечниот дом. Марина беше погребана во кругот на семејството и пријателите, што поради пандемијата со коронавирусот, но и поради нејзината желба да биде испратена без голема „помпа“. Меѓу познатите кои се појавија на испраќање на Туцаковиќ во вечниот дом се: Жика и Зана од групата „Зана“, Јелена Карлеуша, Жељко Јоксимовиќ, Цеца Ражнатовиќ, Дамир Хандановиќ, а пејачот Здравко Чолиќ испратил венец. На Марина и беше исполнета и последената желба, да биде погребана покрај синот Милош. За погребот на текстописецот се чекаше 10 дена бидејќи нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута беше позитивен на корона. Потсетуваме, Марина Туцаковиќ почина на 19 септември на 68 години, по тешката битка со опасната болест. Фото: Марко Јовановиќ/АТА имиџис/Република.рс]]>