пошта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 Dec 2021 09:46:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пошта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Традицијата изумира: Никој веќе не праќа новогодишни честитки по пошта? https://arhiva.vistina.com.mk/tradicijata-izumira-nikoj-vekje-ne-prakja-novogodishni-chestitki-po-poshta/ Fri, 31 Dec 2021 09:46:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233324

Од пристигнувањето на новата 2019 година не делат само часови. Новата година и божиќните празници се уште поубави и магични кога во поштенското сандаче ќе најдете убава и шарена новогодишна честитка. Како некогаш, кога  центарот на градот беше преполн со улични продавачи кои нудат честитки со најразлични новогодшни мотиви. Но, ако порано праќањето честитки за Нова година или за друга прилика беше традиција, во последниве години сите испраќаат многу повеќе честитки преку електронска пошта и социјалните мрежи. Индивидуално, меѓу граѓаните, честитањето на новогодишните и божиќните празници со честитка полека изумира. Единствено уште понекој од бабите и дедовците сé уште практикуваат да ги изненадат внуците со по некоја музичка картичка преку пошта или со пакетчето, лично на рака. Преостанатите користат телефон и интернет. И продавачите и поштенските работници го тврдат истото. Од годна в годна се помалку се продаваат и испраќаат новогодишните честитки, а најмногу ги купуваат или најмладте или најстарите генерации. Некогашните хартиени честитки во плико сега се заменети со електронски напишани, фото или видео пораки, новите технологии ги сменија и навиките за честитање на празниците. Но, како и да е, граѓаните на еден или друг начин, преку електронска или обична пошта сепак, се' уште практикуваат да им посакаат долг живот, здравје, успех и среќа во Новата годна на своите роднини, другари, пријатели, колеги, соработници... На сите добронамерни луѓе.
]]>

Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денеска е во оптек во 6.000 примероци https://arhiva.vistina.com.mk/marka-so-likot-na-velikanot-blaze-koneski-od-deneska-e-vo-optek-vo-6-000-primeroci/ Mon, 05 Apr 2021 13:13:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197627

Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денеска е во оптек во 6.000 примероци, со што Пошта се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање. Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денари може да се најде во Бирото за филателија во Пошта 2 во Скопје. Директорот на Пошта Јани Макрадули верува дека на секој наш сограѓанин, а особено на филателистите ќе им биде предизвик да ја вметнат марката во сопствената колекција.
За да ја прошириме во целиот свет да стане што повидлива сите да испратиме барем едно писмо, на некому што му недостига, некому што го чувствуваме близок и да ја ставиме поштенската марка со ликот на Конески, особено во ова тешко време, кога корона-пандемијата физички не одделува едни од други, порача Макрадули.
Претседателот Стево Пендаровски на промоцијата порача дека негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академикот Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации.
Заштитата и негувањето на македонскиот јазик е исто така и обврска не само кон оние чиј мајчин јазик е македонскиот, туку и кон сите оние кои го употребуваат како официјален во независна и самостојна Македонија, но и кон сите лингвисти, слависти и македонисти кои го проучувале и изучувале, кон сите преведувачи кои преведувале и преведуваат од или на македонски. На крајот на краиштата тоа е долг кон науката, кон вистината и кон правдата. Затоа во годината Конески, но и во секоја следна како општество, но и како поединци, обични граѓани или претставници на институции да работиме сплотено и одговорно во афирмација и промоција на неговото дело, рече Пендаровски,
На промоцијата присуствуваа и министерката за култура Ирена Стефоска и универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов. Промоцијата е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на  Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.]]>

Дали треба да ја дезинфицирате вашата пошта? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-treba-da-ja-dezinficirate-vashata-poshta/ Thu, 26 Mar 2020 13:15:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141704

Сè уште многу работи не се познати во врска со ширењето на корона вирусот, но еве што треба да знаете за вашите пратки. Проверка на поштата Секој од нас секојдневно го проверува поштенското сандаче. Сметките за струја, вода и телефон може да ви стигнуваат и електронски. Сепак, добивате и друг вид на пошта, но дали и колку се чисти пакетите и пликовите воопшто? Колку е чиста вашата пратка? Вооружени сте со средства за дезинфекција на рацете, влажни марамчиња, сапун и топла вода, но сепак треба многу време и напор да се исчисти и дезинфицира сè што е во ваша близина. Центрите за контрола и превенција на болести даваат многу информации и совети, вклучувајќи го и упатството за тоа кога и како да се мијат рацете. Поради тоа што сè уште има многу непознати варијабли во врска со коронавирусот, именуван COVID – 19, овие центри сепак можат да ги користат претходните вируси како референца и водич. Според информациите кои се дадени, изгледа дека веројатноста вирусот да се шири преку пакетите испратени по пошта е многу мала. Во принцип, поради краткото време на преживување на вирусот на површините, постои многу низок ризик од негово ширење преку производи или пакети кои се испорачуваат во период од неколку денови или недели на дневна температура. Сепак, најдобро е да ги миете рацете веднаш откако ќе примите пратка. Доколку сте загрижени за COVID – 19, немојте, вашата пратка најверојатно нема да е опасна во моментот кога ќе стигне до вашиот праг. Корона вирусот генерално се смета дека се шири преку респираторните капки. Во моментов, нема информација дека пренесувањето на вирусот е поврзано со увезена стока и не се регистрирани случаи на COVID – 19 поврзани со добиена пратка. Додека „мотото“ на поштенските доставувачи е „И да врне и да вее поштар пошта носи“, ова можеби не се однесува на овој лесно пренослив вирус. Работниците кои ја извршуваат доставата можат да добијат коронавирус. Но, дали вирусот може да се пренесе од поштенскиот работник до вашиот пакет, а потоа и до вас? Според д-р Даршан Шах доколку доставувачите го имаат вирусот и пренесе капки на пакетот, теоретски е можно да се добие вирусот бидејќи тој може да живее на површини и до 9 дена. Чистење на вашето поштенско сандаче Вашето сандаче за електронска пошта не е единственото сандаче што треба да се исчисти. Вашето физичко сандаче исто така треба да се исчисти. Се препорачува мешање на неколку капки средство за миење садови со топла вода и чистење на поштенското сандаче и од внатрешната и од надоворешната страна за да се отстрани нечистотијата. Откако ќе се исчисти, дезинфицирајте ја површината со соодветен спреј за дезинфекција. извор:кафепауза.мк]]>