посетители – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Feb 2023 10:19:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png посетители – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И покрај силното полициско обезбедување среде ноќ посетители на гробот на Гоце Делчев: Некои светости најдобро се чуваат од одбрани луѓе! https://arhiva.vistina.com.mk/i-pokraj-silnoto-politsisko-obezbeduvane-srede-nok-posetiteli-na-grobot-na-gotse-delchev-nekoi-svetosti-najdobro-se-chuvaat-od-odbrani-luge/ Fri, 03 Feb 2023 07:06:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287241

Скопје врие од полиција... Особено под Калето... Улицата затворена, барикади и препреки, агенти во цивилка, полициски службеници во униформа... Министерот со полна уста самофалби... Демек сите го чуваат пристапот до вечното почивалиште на великанот... На Гоце Делчев... Што од  туѓинци што сакаат да го присвојат, што од нашинци што се подготвени да го продадат... Како што го продадоа и предадоа кога млад загина за слобода на мајката земја, за Македонија. А всушнот сите тие го чуваат од... самите себе. Но, колку и да го чувааат и тврдат дека пиле не може да прелета и покрај силното  полициско обезбедување,  среде ноќ посетители на гробот на Гоце Делчев... Некои светости најдобро се чуваат од одбрани луѓе! Со кристално чисти срца и намери, бистри како... „Бистра вода“! Какви тајни се кријат на вечната адреса на Апостолот? Тимот на „Бистра Вода“ ја чува „тајната над тајните“. И дење - и ноќе. Тајните интриги во бизнисот, криминалот, високата политика претставени низ призмата на две семејства и конфликтот стар 45 години. Едно убиство, голема мистерија и многу тајни… Сето ова во првата македонска криминалистичка серија „Бистра вода“, чие премиерно прикажување е најавено за крајот на февруари, а фотографијата е само еден од кадрите во серијата која ќе можете да ја гледате наскоро на Алфа и Кинемое.      ]]>

Зоо Скопје од утре повторно отворена за посетители https://arhiva.vistina.com.mk/zoo-skopje-od-utre-povtorno-otvorena-za-posetiteli/ Mon, 25 May 2020 09:54:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151221

Посетителите од утре повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје. Зоолошка градина Скопје ќе биде отворена од утре, 26 мај 2020 год. од 9:00 часот, но поради ситуацијата со Ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките. Посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама, ред ќе се чека на дистанца од 1,5 м кое е уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители. Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината. Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките.
]]>