посебен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 19 Dec 2019 07:29:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png посебен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фолк на клавир и мускули на маса: Кој е тој што за Ирена Спасовска е толку „Посебен“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/folk-na-klavir-i-muskuli-na-masa-koj-e-toj-shto-za-irena-spasovska-e-tolku-poseben-video/ Wed, 18 Dec 2019 08:41:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124447

Македонската фолкерка Ирена Спасовска не мирува кога се работата и кариерата во прашање, ама и „не седи мирна“ кога се работи за љубовта, емоциите и страстите... Годинава предновогодишна фотосесија како секси бабамразица не направи, но затоа направи неколку малку поинакви фотографии и видео, на уште поинаква песна, различна од оние што сме навикнале да ги пее и во необична верзија - фолк на клавир! До душа се работи за преработка, за кавер верзија на познатата тема „Посебан“ на српската пејачка Александра Младеновиќ, која покрај оригиналот, има исто така и своја акустична клавир верзија. Ирена по истиот терк реши да ја преработи или поточно отпее оригиналната верзија, која е во продукција и пијано придружба на Гога Вучиќ, а видеото на познатиот фотограф и режисер Тоше Јанев - „Јанус“. Прв од низата следни кавери што следат, како што вели самата Ирена. Патем таа една од ретките македонски фолкерки, ако не и единствената која пред Нова Година ќе има настапи во неколку градови низ Хрватска! За највеселата ноќ ќе пее во Франкфурт, а за Василица (Стара Нова Година) во Италија... Тоа е она што се знае за работната агенда на фолкерката, но она што не се знае, не барем во пошироката јавност, а само се насетува е приватноста на русокосата пејачка откако остана „соло“! По многу нешта Ирена тешко дека е „соло“,  иако втората половина на „љубовниот дует“ е се' уште тајна. Сепак, изборот на песната која ја преработи по се' изгледа дека не е случаен, па нејзините стихови имаат посебно значење за пејачката и некому му се наменети, или поточно посветени?! Од фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи може само да се насети, дека за Ирена сепак постои некој кој е „посебен“, а логиката на нештата упатува на тоа дека патот до „посебната љубов“ одново води во теретана!   Колку и да го крие неговиот лик и име, јасно е дека билдингот го качил адреналинот, ги зоврел хормоните и распалил страстите... Па, како што „на лагата и се куси нозете“ и на љубовта и е „куса таинственоста“, па каде и да е, бргу ќе излезе на виделина кој тоа за Ирена Спасовска е толку... „Посебен“?

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонската фолкерка Ирена Спасовска не мирува кога се работата и кариерата во прашање, ама и „не седи мирна“ кога се работи за љубовта, емоциите и страстите... Годинава предновогодишна фотосесија како секси бабамразица не направи, но затоа направи неколку малку поинакви фотографии и видео, на уште поинаква песна, различна од оние што сме навикнале да ги пее и во необична верзија - фолк на клавир! До душа се работи за преработка, за кавер верзија на познатата тема „Посебан“ на српската пејачка Александра Младеновиќ, која покрај оригиналот, има исто така и своја акустична клавир верзија. Ирена по истиот терк реши да ја преработи или поточно отпее оригиналната верзија, која е во продукција и пијано придружба на Гога Вучиќ, а видеото на познатиот фотограф и режисер Тоше Јанев - „Јанус“. Прв од низата следни кавери што следат, како што вели самата Ирена. Патем таа една од ретките македонски фолкерки, ако не и единствената која пред Нова Година ќе има настапи во неколку градови низ Хрватска! За највеселата ноќ ќе пее во Франкфурт, а за Василица (Стара Нова Година) во Италија... Тоа е она што се знае за работната агенда на фолкерката, но она што не се знае, не барем во пошироката јавност, а само се насетува е приватноста на русокосата пејачка откако остана „соло“! По многу нешта Ирена тешко дека е „соло“,  иако втората половина на „љубовниот дует“ е се' уште тајна. Сепак, изборот на песната која ја преработи по се' изгледа дека не е случаен, па нејзините стихови имаат посебно значење за пејачката и некому му се наменети, или поточно посветени?! Од фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи може само да се насети, дека за Ирена сепак постои некој кој е „посебен“, а логиката на нештата упатува на тоа дека патот до „посебната љубов“ одново води во теретана!   Колку и да го крие неговиот лик и име, јасно е дека билдингот го качил адреналинот, ги зоврел хормоните и распалил страстите... Па, како што „на лагата и се куси нозете“ и на љубовта и е „куса таинственоста“, па каде и да е, бргу ќе излезе на виделина кој тоа за Ирена Спасовска е толку... „Посебен“? ]]>