португалија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jun 2023 12:17:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png португалија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вечерва почнува 22. издание на ОФФ-Фест: Отворањето со импресивен аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка Мизија https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-pochnuva-22-izdanie-na-off-fest-otvoraneto-so-impresiven-audio-vizuelen-performans-na-slavnata-portugalska-fado-pejachka-mizija/ Wed, 07 Jun 2023 12:12:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305363

Дваесет и второто издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 7 до 10 јуни во Националната опера и балет и МКЦ. Фестивалот годинава го сочинуваат осум концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2023 ќе го отвори импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда МИЗИЈА. Фасцинантната моќ на модерната естонска фолк кралица МАРИ КАЛКУН, во комбинација со раскошната интерпретација на македонската традиционална песна од страна на единствената ЗАРИНА ПРВАСЕВДА и нејзиниот состав, создаваат услови за беспрекорно фестивалско доживување. Оригиналниот микс од пустинскиот гитарски блуз и транс ритмите на италијанската Таранта на волшебниот тандем ЏАСТИН АДАМС И МАУРО ДУРАНТЕ, ќе ја пресретне софистицираната интроспективна лиричност и неодоливиот шарм, талент и визија на нашиот њујорчанец КРСТЕ РОЏЕВСКИ. За мистериозната аура на култната чешка двојка ИРЕНА И ВОЈТЕХ ХАВЛОВИ ќе сведочи нивното уникатно концертно патување, но и прикажувањето на документарниот филм „Little Blue Nothing: A musical portrait of Irena and Vojtech Havlovi”. ОФФ-ФЕСТ 2023 ќе го заокружат фуриозните настапи на две исклучително возбудливи музички појави: новата world-music атракција БАБ Л‘ БЛУЗ со својот психоделичен марокански фанк-рок звук, како и деветчлениот оркестар на легендарното име на конгоанската румба, гитаристот ДИЗИ МАНЏЕКУ & ОДЕМБА ОК ОЛ-СТАРС. МИЗИЈА е пионер, слободен дух, што успеа да изгради своја патека во жанрот и веројатно затоа го доби прекарот „анархист на фадото“. Првите успеси ги бележи во странство: прво во Шпанија и Јапонија, потоа во Франција и Германија. Набргу стекна и светска популарност, започнувајќи вистинска интернационална кариера. Во 1993 година таа стана втората пејачка по Амалија Родригез што го однесе португалското фадо на најголемите светски концертни подиуми. Безброј награди и одликувања, како и стотици илјади продадени плочи низ светот, добро ја илустрираат важноста на овој уметник во историјата на фадото, во португалската музика воопшто, во минатото и иднината. Нејзиниот уникатен глас одново и одново импресионира со својата театралност и авторитет, а уметнички стилизираната сценска продукција ја надополнува нејзината фасцинантна сценска појава, со која таа буквално ја маѓепсува публиката на своите концерти. Оваа уметница, пејачка на сонливото фадо, вокалистка-актерка и раскажувач на сопствените и на приказните на другите, е првата што признава дека е „сентиментално животно“. Овој израз служи како наслов на нејзиниот актуелен албум (Animal Sentimental), ново поглавје во кариерата којашто трае три децении. Музиката на МАРИ КАЛКУН, иако ја пее на јазик што малкумина го разбираат, создава медитативна и необична атмосфера која предизвикува многу емоции. Нејзините слободни музички аранжмани во основа ги детерминира звукот на канелот – традиционална естонска цитра. Во преден план е гласот на Калкун, кој е во исто време меланхоличен и радосен, нежен и спокоен. Мари признава дека за неа е клучно за кого и за што пее – многу од нејзините песни се посветени на блиски луѓе или на животни пресвртници како раѓање, смрт или свадба. Воедно, тие ја слават и чистата убавина на секојдневието, па оттаму таа често ги користи текстовите на локалните поети што го опишуваат руралниот живот, приказни и пејзажи. Мари Калкун има настапувано во повеќето европски земји, во САД и Јапонија. Има објавено пет албуми од кои најпознат е „Ilmamõtsan“ (2018), кој „Гардијан“ го вброи во својата годишна листа од 10 најдобри world music албуми. Нејзиниот последен албум е музика за театарската претстава „Petserimaa igatsus“ (2022), којашто говори за тешката историја на Печори, регион поделен меѓу Русија и Естонија. Годинава таа ќе го издаде долгоочекуваниот нов соло албум „Stories of Stonia“, кој ги поврзува древните митови, руно песните и современата поезија напишана на еден од најстарите светски јазици – Виру. На границата меѓу автентичноста и пренесувањето на културното наследство низ самоизразување, македонската уметница ЗАРИНА ПРВАСЕВДА го пронајде својот сопствен израз на долгоочекуваниот деби албум „Ехо“, издание што содржи 11 традиционални песни на 4 различни јазици. Објавен од Croatia Records, албумот ја сумира уметничката визија на Зарина низ слободата и талкањето меѓу сите влијанија од фолклорното наследство што ја инспирирале. Додека нејзините вокални техники се темелат врз источно-европските традиции, инструменталната и ритмичката разновидност дише низ целата плоча. Ова ниво на зрелост не може да се означи само како музика на светот – благодарение на нејзината социјална чувствителност, длабоките врски со природата и претходните соработки со сродни музичари и уметници од регионот, Зарина сè уште сака да ги собира и споделува приказните со кои се среќава. Учествуваше во борбата за прогласување на Шар Планина за национален парк, а патува од село до село за да се сретне со македонските баби и да ги истражува и снима нивните песни и приказни. Делата на Зарина веќе го дефинираат македонското наследство. Нејзините планови се да ја пренесе својата музика до пошироката публика додека постојано работи на нови песни и нови приказни за раскажување. ЏАСТИН АДАМС И МАУРО ДУРАНТЕ се врвни музичари со различен бекграунд кои ги обединува нивната длабока поврзаност со древната транс музика. Реномираниот гитарист, продуцент и композитор Џастин Адамс ја започна својата кариера во добата на пост-панкот, но во меѓувреме ги збогати своите интереси, внесувајќи стар блуз, арапска и африканска музика, фолк и многу други влијанија во своето свирење. Соработуваше, меѓу другите, со уметници како Џа Вобл, Tinariwen и Роберт Плант. Продукцијата на клучните албуми на Tinariwen и Рашид Таха го истакна неговото чувство за северноафриканскиот грув, a наградуваните проекти со гамбискиот маестро Џулде Камара ја поврзаа традицијата на гриотите со духот на сировиот блуз. Неговиот последен гитарско-атмосферичен соло албум „Ribbons“, беше вброен меѓу најдобрите 50 албуми во изминатата деценија според магазинот Songlines. Ова ново дуо со Мауро Дуранте, виолинистот/перкусионистот на групата Canzoniere Grecanico Salentino, создава жив, соголен звук кој се движи и маѓепсува, со едноставни мелодии и опсесивно-репетитивни обрасци, подеднакво соодветни за танцување и мечтаење. КРСТЕ РОЏЕВСКИ е македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена од неговата преселба во Њујорк во доцните деведесетти. По издавањето на трилогијата: „Batania“ (2015), „Bitter Almonds“ (2017) и „The Rabbit And the Fallen Sycamore” (2018), Роџевски ги снима „Hubris“ (2020) и „Fair Weather Friends” (2022). Станува збор за концептуални албуми со интроспективни текстови и електроакустичен звук, збогатен со експериментални и фри-џез елементи. Во нивното создавање, тој соработува со некои од најеминентните имиња на њујоршката експериментална и импро-џез сцена (Бил Ласвел, Томика Рид, Крис Дејвис, Икуе Мори, Мери Халворсон, Ингрид Лауброк и др.), како и со неколку врвни претставници на модерната чикашка сцена (Џеф Паркер, Никол Мичел, Кен Вандермарк итн.). Дури четворица од нив се добитници на престижната американска награда МекАртур, позната и како „грант за генијалци“. Творештвото на Крсте Роџевски добива извонредно позитивни рецензии во реномираните The Wire, Downbeat, Avant Music, All About Jazz, Stereogum… Новото, шесто по ред, издание на Роџевски под наслов „Black Earth“, продуцирано од Бил Ласвел, ќе излезе во втората половина на оваа година. На соло акустичниот настап на OFFest, тој ќе ги претстави своите песни во една чиста, наивна и соголена форма, ослободена од студиските дотерувања. Чешкото дуо ИРЕНА И ВОЈТЕХ ХАВЛОВИ (The Havels) има речиси 40-годишна заедничка уметничка кариера и партнерство зад себе. Започнаа да работат заедно кон средината на 80-тите како дел од експерименталниот ансамбл Capella Antiqua e Moderna, уникатна асоцијација на музичари чиј репертоар опфаќаше различни стилови на европската класична музика: од ренесансата до современата. Со текот на годините тие минаа низ неколку сопствени развојни фази, патувајќи долго и широко низ времето и просторот. Со својот инвентивен и неортодоксен пристап кон историските и модерните композициски техники и интерпретативни процеси, Хавлови развија уникатен и музички автономен јазик кој е тешко, ако не и невозможно, да се дефинира. Во изминатите 40 години тие бележат бројни значајни соработки. Прославениот независен режисер Винсент Мун сними документарен филм за нив. Композицијата на Брајс Деснер „Little Blue Something“, создадена во чест на музиката на дуото од Прага, која ги користи нејзините мотиви, ја снимиja Kronos Quartet на албумот „Aheym“. Музичарите од бендот The National, како и Суфјан Стивенс, се меѓу долгогодишните обожаватели на Хавлови. Нивната музика е отворена и сè уште расте добивајќи нови стимули. Директно од срцето на Магреб, БАБ Л‘ БЛУЗ (во превод: „порта на блузот“), го редефинираат традиционалниот северноафрикански блуз на нетрадиционален начин. Овој квартет, формиран во Маракеш во 2018 година, е инспириран од мароканските музички традиции, во комбинација со рок музиката, современите звуци и мароканскиот поп. Етикетирани како „психоделичен марокански рок бенд“, тие се истовремено древни и актуелни, традиционални и современи, фанки и ритмични, со моќни вокали и тешки бас грувови. Бендот го сочинуваат француски и марокански музичари, предводени од пејачката Јусра Мансур, која израснала во мароканскиот град-тврдина Ел Џадида, изложена на разновидни музички стилови, вклучувајќи ги оние на Џенис Џоплин, Уму Сангаре и Ерика Баду. Јусра, која главно твори на мароканскиот јазик Дарија, третира актуелни и општествени теми во нејзините текстови. Првиот албум на групата, „Nayda!“ (Real World Records, 2020), претставува глобален конгломерат на звуци, од американска психоделија до индиски ситар рифови, од валкан фанк до класична арапска поезија. Албумот доживеа фантастичен прием од музичката критика: беше вброен меѓу најдобрите албуми на годината во списанијата „Mојо“ и „Songlines“. Гитаристот ДИЗИ МАНЏЕКУ е жива легенда на конгоанската румба. Пред да стане член на славниот оркестар OK Jazz на Франко Луамбо Макиади во 60-тите и 70-тите, Дизи веќе предводи неколку бендови, настапувајќи со бројни великани на конгоанската музичка сцена. Во тоа време, Дизи и Сем Мангвана ги оформија African All Stars. Оваа формација, предводена од Дизи, имаше големо влијание на глобално ниво. Под уметничкото раководство на Дизи, Orchester African All Stars International објави три албуми, кои се сметаат за вистински конгоански споменици. Музичкото наследство и културното значење на Франко Луамбо Макиади и неговиот бенд T.P.O.K. Jazz е огромно. Конгоанската румба од неодамна е прогласена за нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Легендарниот оркестар на Франко беше извонредно влијателен, а неговиот оригинален стил во румбата стана познат како „Odemba“. По смртта на Франко, Дизи го презеде водството на бендот и стана незаменлив дел од музичката елита на Конго, стоејќи рамо до рамо со Папа Ноел, Папа Вемба, Тшала Муана и Веркис. Подоцна, по преселбата во Брисел, Дизи ги формира ОДЕМБА ОК ОЛ СТАРС, негувајќи го уникатниот звук на традиционалната конгоанска румба. Документарниот филм LITTLE BLUE NOTHING е интимно патување низ светот на Ирена и Војтех Хавлови, пар таинствени виолисти што живеат во преградието на Прага, на маргините на цивилизацијата. Овој музички тандем во 1991 година го сними албумот наречен „Malé Modré Nic (Little Blue Nothing)“, кој останува целосно анонимен во тоа време. Петнаесет години подоцна, тројца режисери случајно го откриваат и – опседнати од неговата уникатната уметничка содржина – започнуваат да ја истражуваат приказната за двете мистериозни музички појави. Овој филм ја документира нивната средба, во сината магла на прашките преградија.]]>

„Оваа победа е за мојата Македонија!“: Иџе повторно ги „прегази“ конкурентите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-pobeda-e-za-mojata-makedonija-idhe-povtorno-gi-pregazi-konkurentite-foto/ Mon, 22 May 2023 07:07:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303092

Македонскиот автомобилист Игор Стфановски- Иџе продолжува да реди успеси. На вчерашната трка на патеката „Рампа да Фалпера“во Брага, Португалија го освои првото место. Иџе повторно покажа кој е најдобриот, бидејќи продолжи со победите во ФИА европскиот шампионат во ридско-брдски патеки. Прв  стигна на трката во  Брага и  со тоа стигна до титулата во овој шампионат. – Оваа победа е за мојата Македонија – стои во фејсбук објавата на Иџе со кој се гордеат љубителите на автомобилизмот. Иџе со неговиот автомобил „Hyundai i30 TCR“ постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од најблискиот конкурент за првото место. На втората позиција се најде О`Плеј од Италија (2:15.414), а третопласиран е Германецот Ервин Бак (2:16.912). Стефановски втора година по ред триумфално се враќа од Брага. Местото број еден по којзнае кој пат му припадна повторно на Иџе, а возбудата и еуфоријата не го нашуштија. Честитки! Фото: Принтскрин/Фејзбук/Игор Стефановски - Иџе]]>

Нека биде Светско: Македонија вечерва против Португалија за историја https://arhiva.vistina.com.mk/neka-bide-svetsko-makedonija-vecherva-protiv-portugalija-za-istorija/ Tue, 29 Mar 2022 05:00:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244637

Македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 на стадионот „Драгао“ ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство. Стадионот во Порто ќе биде исполнет до последното столче, а поддршка нашите репрезентативци ќе имаат од околу 1.500 навивачи на трибините. Иако Португалија е фаворит на хартија, противникот не’ почитува. Македонија покажа дека може да направи клучни пресврти во своја користи и да го добие тоа што го сака. Македонскиот селектор Благоја Милевски очекува поинаков меч од тој со Италија во четвртокот во Палермо, поради поинаквите индивидуални карактеристики на Португалија, па посочи дека бившиот европски првак не е само – Кристијано Роналдо. -Португалија не е само Роналдо! Роналдо е најдобриот играч на светот, ама тој сам не игра. Играат уште десетмина други Португалци. Ние ќе мора да се сконцентрираме на тимот, а не на поединците. Секоја чест за успеите на останатите спортови кои играле на големи смотри, но кога зборуваме за фудбал, зборуваме за друга димензија. Фудбалот на глобално ниво е над сите и патот до успех во светски рамки е тежок. Португалија е фаворит, иако ние на гости ги победивме и Германија и Италија. Би сакал повторно Аце (Трајковски – н.з.) да даде пак таков гол како во Палермо и да испишеме нова историја, вели Милевски. Капитенот на националниот тим Стефан Ристовски е, на некој начин, дома за време на престојот во Португалија ако се знае дека остави силна трага во португалскиот фудбал со настапите за Спортинг Лисабон. -Сигурно дека ова е еден од најважните натпревари во историјата на нашиот фудбал. Можеби светот не веруваше дека вечерва ќе бидеме тука, но ќе кажам дека не е случајно нашето присуство тука. Оваа наша соблекувална има нешто што другите немаат. Горд сум и подготвен за ова финале. Не можев да замислам дека ќе дојде натпревар во кој против Португалија ќе се бори за еден мундијалски билет. Но, фудбалот е таков и нуди вакви предизвици, вели Ристовски. Со среќа момци и нека биде Светско.]]>

Македонија против Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска или Велс во првиот бараж чекор на патот до Катар? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-protiv-portugalija-shkotska-italija-rusija-shvedska-ili-vels-vo-prviot-baraz-chekor-na-patot-do-katar/ Wed, 17 Nov 2021 10:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227657

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна сите можни противници во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар, откако синоќа се комплетираше европскиот дел од квалификациите. Македонија нема да биде носител на ждрепката што ќе се одржи на 26 ноември во Цирих, што значи дека и во полуфиналето ќе игра на гостински терен. Носители, а со тоа и можен прв противник на Македонија ќе бидат Португалија, Шкотска, Шведска, Италија, Русија и Велс, додека во подредена стартна позиција ќе бидат и Украина, Турција, Полска, како и Чешка и Австрија, кои обезбедија пласман во баражот преку Лигата на нации. Според новиот систем, плејофот ќе се состои од три групи со по четири селекции, при што полуфиналињата се закажани за 24/25 март, а финалињата за 28/29 март 2022. Од Европа, директен пласман на СП обезбедија само првопласираните селекции во квалификациските групи: Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија и Холандија. Извор: СпортМ]]>

Први фотографии од заразениот Роналдо: Асот со насмевка, ама… „кисела“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prvi-fotografii-od-zarazeniot-ronaldo-asot-so-nasmevka-ama-kisela-foto/ Wed, 14 Oct 2020 09:08:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171303

Фудбалскиот сојуз на Португалија во вторникот ја објави веста дека најдобриот играч, Кристијано Роналдо е позитивен на корона. Откако дозна дека има Ковид-19, Роналдо се изолираше во хотелската соба сместена во тренинг кампот на португалската репрезентација. Асот на Јувентус се чувствува добро, тој нема никакви симптоми и врз основа на фотографиите што се појавија може да се каже дека е прилично добро расположен. Иако заразен со коронавирусот, Роналдо, на изненадување на многумина, не ја извади насмевка од лицето, колку таа и да беше... „кисела“. Додека неговите соиграчи тренираа на теренот пред хотелот, насмеаниот Роналдо седеше на терасата и гледаше. Поради позитивниот тест, Роналдо ќе го пропушти дуелот против Шведска во Лигата на нациите и следните три натпревари на Јувентус. Другите португалски играчи биле негативни на тестирањето. Фото: Профимедиа]]>

„Конечно ми се исполни сонот“: Анастасија Ражнатовиќ беше на патување заедно со саканиот, а по враќањето е цврсто решена на ова https://arhiva.vistina.com.mk/konechno-mi-se-ispolni-sonot-anastasija-raznatovikj-beshe-na-patuvanje-zaedno-so-sakaniot-a-po-vrakjanjeto-e-cvrsto-reshena-na-ova/ Fri, 25 Oct 2019 08:09:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114476

Анастасија Ражнатовиќ неодамна се врати од Португалија, каде помина пет незаборавни денови со своето момче Ѓорѓе Куљиќ. „Отсекогаш сум сакал да ја посетам Португалија и мојот сон конечно се оствари. Би сакал еден ден да купам недвижен имот“, открива Анастасија за одлуката што ја донела, а пишува српски „Курир“. „Се гледам како живеам во Португалија во еден момент од мојот живот“, додаде Ражнатовиќ, раскажувајќи како го доживеала ова патување. "Во воздухот се чувствува позитивна енергија. Музика се слуша на улиците во Лисабон на секој чекор. Луѓето се среќни, насмеани и весели. Тие се многу љубезни и спремни лесно да објаснат сè што ве интересира, но и да ве упатуваат на места што мора да го посетите во овој град “, вели ќерката на Цеца Ражнатовиќ.]]>

Роналдо не жали многу за испаѓањето на Португалија – ужива во страстите со Џорџина (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ronaldo-ne-zali-mnogu-za-ispagjanjeto-na-portugalija-uziva-vo-strastite-so-dzordzina-foto/ Tue, 10 Jul 2018 11:09:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37263

Кристијано Роналдо на Инстаграм покажа дека и не му е толку лошо поради испаѓањето на Португалија од Светското првенство во Русија. Тој објави фотографија од семејниот одмор на која позира со девојката Џорџина Родригез и најстариот син Кристијано Роналдо Џуниор.
Фотографијата за само неколку часа собра повеќе од шест милиони лајкови, а Португалецот докажа дека доброто време одлично го користи после испаѓањето од првенството.
Претходно и неговата девојка Џорџина објави фотографија од одмор на која страствено се бакнуваат.
]]>

„Eye Cue“ ги претставија евровизиската песна и спотот – „Lost аnd Found“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eye-cue-gi-pretstavija-evroviziskata-pesna-i-spotot-lost-and-found-video/ Mon, 12 Mar 2018 13:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15787

Поп триото Eye Cue  вчеравечер, недела, 11 март 2018 во централниот Дневник на МТВ 1  ја преставија евровизиската песна со која ќе ја претставуваат годинава Македонија во Лисабон.
Како што е познато, песната се вика Lost And Found, а автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, инаку, гитарист и пејач во групата. Продуцент е Дарко Димитров, кој се погрижил и за аранжманот, а како режисер на видеоспотот се потпишува Јован Куциновски.
Иако пред самиот домашен избор се крена голема прашина, првичните коментари за песната на социјалните мрежи се повеќе од поволни. Многу повеќе преовладуваат позитивните, отколку негативните коментари, а за помалку од 20 часа видеото има над 182.ооо прегледи на Јутјуб.
И покрај скептицизмот која владееше на почетокот од изборот, општа оцена е дека песната е лесно допадлива, модерна, со танцувачки ритам и певлив рефрен... иако можеби е малку необично аранжмански склопена. Или како што велат некои од оние што ја преслушале во своите коментари: „Малку е чудна, но ми се допаѓа“!
Инаку, нашите евровизиски претставници, Бојан и Марија од „Ај кју“ деновиве престојуваа во Лисабон каде што ја снимаа својата евровизиска видеоразгледница. Според идејата на организаторите, оваа година разгледниците на сите земји ќе прикажуваат дел од културата и убавините на Португалија, каде истовремено се одржува и средба на шефовите на делегации на сите земји.
А Вие, ако се' уште не сте ја слушнале и погледнале видеото, еве можност за сопствена премиера на „Lost And Found“ на Eye Cue: https://www.youtube.com/watch?v=hJ8vStigz7k]]>

Македонија во првата полуфинална вечер на „Евровизија 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-vo-prvata-polufinalna-vecher-na-evrovizija-2018/ Tue, 30 Jan 2018 14:45:09 +0000 http://vistina.mk/?p=11276

Подготовките за 63. издание на „Евровизија“ се веќе во полн ек, а со денешното влечење жрепка веќе е познато и која земја во која полуфинална вечер ќе настапува. Како и секогаш, извлекувањето се емитуваше во живо на евровизискиот канал на Јутјуб, а на самиот почеток беше определено кога ќе гласаат шесте финалисти, односно земјите од „големата петка“ и домаќинот, па така Португалија, Шпанија и Обединетото кралство ќе гласаат во првата полуфинална вечер, а Германија, Франција и Италија во втората.
Заради непарниот број на учесници, полуфиналистите се поделени на 19 во првата и 18 во втората полуфинална вечер. Како и во самиот процес на пријавување за натпреварот, така и овде Македонија беше извлечена буквално последна, а нашиот претставник или претставничка ќе настапи во втората половина од Првата полуфинална вечер на 8 мај. Заедно со нас ќе се натпреваруваат и нашите соседи Бугарија, Албанија, Грција и Хрватска, како и Белорусија, Литванија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија и Кипар. Во втората полуфинална вечер, на 10 мај, ќе се натпреваруваат: Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Н0рвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и Украина.
Секако дека редоследот на настапи за самиот настан ќе биде дополнително утврден, односно откако ќе бидат познати сите песни и подредени според самиот стил на музиката. Како што е познато, МРТ неодамна распиша конкурс за нашата евровизиска песна, а домашните и странските автори можат да ги праќаат своите композиции најдоцна на 8 февруари. Потоа, врз основа на избраната композиција ќе биде предложен и изведувач или група изведувачи што би нè претставувал/е во Лисабон. Како и да е, надежта последна умира, па се надеваме дека токму годинава ќе биде соборен пласманот на Елена Ристеска, која е единствената наша претставничка што се искачила до 12. место во едно евровизиско финале. https://www.youtube.com/watch?v=22UO_twddIo]]>

Србија и Црна Гора го враќаат националниот евровизиски избор: Повторно „Беовизија“ и „Монтевизија“ https://arhiva.vistina.com.mk/srbija-crna-gora-gi-vrakjaat-beovizija-i-montevizija/ Wed, 24 Jan 2018 13:24:44 +0000 http://vistina.mk/?p=10698

По пауза од девет години, Србија ја враќа одлуката за евровизиска песна и претставник во рацете на публиката, возобновувајќи го националниот избор „Беовизија“, соопштија деновиве од националниот сервис РТС. Настанот е предвиден да се одржи во втората половина на февруари, кога за билет за Лисабон ќе се натпреваруваат 17 изведувачи, меѓу кои и Рамбо Амадеус, кој во 2012 година ја претставуваше Црна Гора. Од вкупно 75-те пријавени песни на конкурсот, зелено светло доби и Даниел Павловиќ за својата „Ружа судбине“, како и составот „Севдах бејби“ за темата „Хајде да играмо сада“, а меѓу финалистите се и: Сашка Јанковиќ, Иван Куртиќ, Сања Илиќ и „Балканика“, Душан Свилар, Маја Николиќ и други. Промена во изборот годинава прави и Црна Гора, повторно организирајќи го фестивалот „Монтевизија“, кој досега се одржал само два пати, во 2005 и во 2006 година. Во рамките на годинашното издание, на 17 февруари ќе се натпреваруваат 5 композиции, а ќе ги изведуваат: Лорена Јанковиќ, Нина Петковиќ, Вања Радовановиќ, Ивана Поповиќ Мартиновиќ и Катарина Богиќевиќ. Финалистите беа избрани од стана на стручно жири, во кое членка беше и Исмета Дервоз, која ја претставуваше Југославија во 1976 година како дел од групата „Амбасадори“, а беше и шефица на делегацијата на БиХ за нивното деби во 1993 година. Како што е познато, Македонија во последен момент успеа да обезбеди учество за годинашното издание на фестивалот, а имајќи предвид дека сите композиции треба да бидат објавени до март, официјална информација од МРТ би требало да добиеме наскоро. Веќе в понеделник, 29 февруари, ќе дознаеме и во која полуфинална вечер ќе настапуваме, а влечењето жрепка ќе биде пренесувано во живо на Јутјуб со почеток од 13.00 часот. 63. издание на „Евровизија“ ќе се одржи во главниот град на Португалија, Лисабон, а трите фестивалски вечери се закажани за 8, 10 и 12 мај. https://www.youtube.com/watch?time_continue=54&v=pcYwtyWxEMg Извор:РадиоМК]]>