портрет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Sep 2022 10:24:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png портрет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Претставен портретот на кралот Чарлс Трети за идните британски монети (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pretstaven-portretot-na-kralot-charls-treti-za-idnite-britanski-moneti-foto/ Fri, 30 Sep 2022 10:21:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269512

Портретот на кралот Чарлс Трети за идните британски монети, на кои ќе биде ликот на него, беше претставен во Кралската монетарница. Тој портрет ќе биде прикажан на две монети во специјалната серија што го слави животот на кралицата Елизабета Втора, монета од пет фунти и монета од 50 пени. Монетите ќе стапат во оптек „во наредните месеци“, најверојатно во декември, објави Кралската ковачница. Официјалниот портрет на кралот на идните монети е дело на скулпторот Мартин Џенингс. На задната страна на комеморативната монета од пет фунти ќе бидат прикажани два нови портрети на Елизабета Втора, потпишани од уметникот Џон Бергдал. „Сите британски монети со ликот на Елизабета Втора ќе останат во оптек“, соопшти Кралската ковачница, која е одговорна за портретите на монети на кралското семејство повеќе од 1.100 години. Во Обединетото Кралство во моментов има 27 милијарди монети на Елизабета II во оптек и тие постепено ќе бидат заменети како што ќе се оштетат, наведува Кралската ковачница. Монетите со портретот на кралот Чарлс Трети постепено ќе бидат пуштени во оптек од декември 2022 година. Според Кралската ковачница, неговиот лик прво ќе се појави на монетите од 50 пени, а во согласност со традицијата, портретот на кралот е свртен лево, во спротивна насока од кралицата. Фото:Принтскрин/Епа]]>

Последниот портрет на кралицата Елизабета го разнежни светот – ваква можевме да ја видиме многу ретко (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/posledniot-portret-na-kralicata-elizabeta-go-raznezni-svetot-vakva-mozevme-da-ja-vidime-mnogu-retko-foto/ Thu, 22 Sep 2022 09:36:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268174

Насмеана и среќна – вака изгледа кралицата Елизабета на нејзиниот последен официјален портрет, направен на крајот на мај во пресрет на прославата на платинестиот јубилеј. Ден пред погребот, Бакингемската палата објави прекрасна слика создадена во замокот Виндзор, кој кралицата го прогласи за резиденција пред неколку месеци и каде поради кревкото здравје ги организираше сите приеми. Светло син костум, нејзиниот омилен бисер ѓердан, брош - сето тоа е таму. И насмевка. Виндзор очигледно беше исцелително место за неа. Таму е и нејзиниот вечен дом. фото:getty Images/Twiter]]>

Хероината од „Медена земја“, славеше роденден, а по тој повод Сузана Турунџиева организираше хуманитарно дело: На аукција продаден портретот на Атиџе Муратова (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/heroinata-od-medena-zemja-slaveshe-rodenden-a-po-toj-povod-suzana-turundzieva-organizirashe-humanitarno-delo-na-aukcija-prodaden-portretot-na-atidze-muratova-foto/ Tue, 18 Jan 2022 09:51:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235261

Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова славеше роденден, а по тој повод Сузана Турунџиева организираше хуманитарно дело: На аукција продаден портретот на Атиџе. По тој повод, нејзината пријателка, пејачката, водителката, писателката Сузана Турунџиева организираше хуманитарна акција. Имено, Сузана на својот „Фејсбук“ објави дека на аукција се продава портретот на Атиџе и дека парите од продажбата ќе и бидат дадени лично на Муратова. Драги пријатели, -Вечер точно на полноќ стартуваме со роденденска хуманитарна аукција по повод 58 роденден на нашата Атиџе Муратова Планирано е тоа да биде 24 часовно наддавање за уметничко дело - портрет на Атиџе, кој за оваа цел го изработи младиот и талентиран уметник Саше Милевкси во техника акрил на платно, со димензии 90х 70. Оној кој ќе понуди највисока цена за портретот, ќе стане сопственик на истиот, и ќе има прилика средствата лично да и ги подари на Атиџе. -Добредојдени сте сите кои сакате да се вклучите во наддавањето кое ќе биде јавно, транспарентно, во коментари на овој пост. -Почетна сума за наддавање- 10000 денари. Наддавањето започнува точно на полноќ и трае до утре на полноќ. Секој кој ќе си дозволи коментар или порака со било каква навредлива содржина или говор на омраза ќе биде блокиран, отстранет од листа на пријатели и пријавен кај фб администратор, напиша Турунџиева покрај фотографијата од портретот на Атиџе. Потоа,Турунџиева откри дека портретот е продаден од страна на анонимен купувач со потекло од Битола, но кој живее надвор од Македонија. -Ех Битола моја, секогаш си со мене! Сопственик на портретот на Атиџе Муратова изработен од уметникот  Саше Милевски е анонимен купувач, кој географски е многу далеку, ама срцето и душата му се секогаш во Битола. Благодарност до сите кои и го честитавте роденденот на Атиџе, а најголемо БЛАГОДАРАМ за гестот на уметникот кој ја понуди сликата за да и го разубавиме роденденот на Атиџе, напиша Сузана на својот „Фејсбук. Инаку, Атиџе и Сузана станааа добри пријателки, па често може да ги видиме во заедничко друштво. Покрај тоа, двете дами и снимија и албум насловен како „Пола тебе, пола мене“. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-i-medenata-heroina-snimija-album-pola-tebe-pola-mene-od-suzana-za-atidze-video/[/embed] фото: принтскрин/фејсбук/сузана турунџиева]]>

„Поуникатен подарок не сум добила“: Водителката Милена воодушевена од изненадувањето кое и го приреди гостинка во емисија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pounikaten-podarok-ne-sum-dobila-voditelkata-milena-voodushevena-od-iznenaduvanjeto-koe-i-go-priredi-gostinka-vo-emisija-foto/ Sat, 23 Jan 2021 08:36:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134621

За неа домашните медиуми знаат да напишат дека е миленичка на пензионерите, таргет група која редовно ја следи Милена Антовска-Станковска на ТВ екраните во утринските часови. Освен на телевизија, Милена со текот на времето стана популарна и како влијателен лик на социјалната мрежа Инстаграм, односно како инфлуенсерка која често рекламира одредени производи за припадничките на понежниот пол. Бидејќи медиумите од различен формат се нејзино секојдневие, таа е доста активна, особено на Инстаграм каде често покажува и детали од приватноста или пак она што се случува зад камерите во студиото. Милена имаше гостинка, македонската фризерка Светлана Зуламоска Гроздановска од Кривогаштани, која од остатоците од косата на своите муштерии „портретира“ локални и меѓународно познати личности. Таа 27 години работи како фризерка и овој необичен талент го открила неодамна и тоа сосема случајно. Додека останатите фризери ја фрлаат косата, Светлана ја собира и од неа прави уметнички дела, портрети од коса кои  неретко може да се видат во нејзиниот салон. Светлана користи исечена коса за изработка на портретите, а целиот процес трае неколку часа. Секој од портретите е уникатен, но постои само неколку минути на подот од салонот на Светлана, а потоа останува овековечен на фотографија. Таа ја воодушеви водителката со изненадувањето, односно подарокот кој го направи специјално за неа, а станува збор за потрет од коса на кој е токму ликот на Милена. „Поуникатен подарок не сум добила“ -  напиша Милена во објавата, покажувајќи го оригиналното уметничко дело од коса. Популарноста секогаш носи одредени привилегии, а Милена од многуте веруваме дека овој подарок ќе го чува засекогаш и ќе се сеќава на дамата која одвои време со своите вешти раце да го изработи нејзиниот лик од коса.]]>