портпарол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Jan 2022 09:24:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png портпарол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Екс водителот сега портпарол на МВР Гоце Андреевски стана татко: „Посакавме желба и ти ни се оствари“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eks-voditelot-sega-portparol-na-mvr-goce-andreevski-stana-tatko-posakavme-zelba-i-ti-ni-se-ostvari-foto/ Thu, 27 Jan 2022 09:23:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236422

Некогашниот ТВ водител на Алфа и Телма, сега еден од портпаролите на МВР, Гоце Андреевски стана татко. Тој и неговата сопруга даниела за прв пат се остварија како родители, откако таа на свет ја донесе ќеркичката Јована. „Посакавме желба и ТИ ни се оствари... Добредојде Јована“ - споделиле гордите родители на својот Фејсбук профил, обзнанувајќи ја радосната вест за доаѓањето на свет на нивното првороденче. Освен најблиските, малкумина беа запознати дека сопругата на некогашниот водител е во „блажена состојба“, па обзнаната дека „штркот слетал“ и во нивното семејно гнездо со пелените во клунот во кои ја донел малата принцеза, помалку и ја изненади пошироката јавност. Инаку, за потсетување, Гоце на  Даниела и приреди романтичното запросување на нивниот летен одмор во Охрид, во август 2020 година. Убавата вест тогаш ја обелодени самата  Даниела која на својот „Фесјбук“ објави фотографија од свршеничкиот прстен. Една година потоа, во август 2021-та Гоце и даниела стапија официјално во граѓански брак, кога според математиките, невестата веќе била  бремена со сега новородената ќеркичка Јована. Редкацијата на Вистина.ком.мк на среќните родители им ја честита приновата! Фото: фејсбук принтскрин/Goce Andreevski    ]]>

Се породи Јована Аврамовска, водителката на „Фчерашни“ и екс портпарол на Министерството за финансии (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-jovana-avramovska-voditelkata-na-fcherashni-i-eks-portparol-na-ministerstvoto-za-finansii-foto/ Wed, 15 Sep 2021 08:10:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219137

ТВ водителката Јована Аврамовска се породи и за прв пат стана мајка. Таа и нејзиниот сопруг Предраг добија здраво машко дете, кому му го дадоа името Илин. Веста на социјалните мрежи ја објави самата Јована, споделувајќи фотографија од бебето и сопругот со кого пред да стапи во брак, биле во врска. Инаку, Јована Аврамовска јавноста ја запозна најпрвин како репортер, па водителка во утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“. Не мина долго време, а новинарката преку ноќ ја снема од ТВ екраните. Неофицијално – си заминала од телевизијата, (не)официјално, телевизијата „и се заблагодарила“ заради сопствено прегрупирање на кадрите во програмата по пат на „природна селекција!“ Јована како што се појави – така и исчезна, за понекое време  одново да ја има на телевизија! Овој пат, како една од главните актерско-водителски ведети на проектот „Фчерашни новости“ , финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Така симпатичната бивша новинарка стана и актерка, која „глумејќи“ ТВ водителка, заедно со останатите од екипата ја забавуваше нацијата која последна ги дознаваше „Фчерашните новости“! По доаѓањето на СДСМ на власт и востанувањето на тогаш нивната нова влада, Јована Аврамовска осамна на ново работно место... или функција, како сакате. Како нов портпарол на Министерството за финансии на тогашниот министер Драган Тевдовски. Така водителското столче од пред камерата на „Фчерашни“, Јована го замени со фотеља во кабинетот на министерот… или баерем некоја канцеларија до него!   „Фчерашни“… за неа останаа да бидат „боља прошлост“, ама подоцна ќе се испостави и „лепша будуќност“! Се додека не се појави новата министерка Нина Ангеловска, алијас Нина – „Групер“, во чии раце беа предадени финансиите на државата! Тогаш новата министерка за финансии ја реконструираше до(Ф)черашната портпаролка, односно Нина – „Групер“ ја „прегрупира“ Јована Аврамовска назад… во „Фчерашњи“! Во меѓувреме, Јована стапи во брак со своето момче, нејзиниот сегашен сопруг Предраг и сега за прв пат се реализира и како мајка. Вистина.ком.мк на Јована и сопругот им ја честита приновата! Фото: Јутјуб/Социјални мрежи    ]]>

Димса стана татко: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ доби син (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimsa-stana-tatko-portparolot-na-vmro-dpmne-dobi-sin-foto/ Tue, 13 Jul 2021 06:35:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210757

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски доби син. Димса, како што му е прекарот по кој сите го знаат, среќната вест  ја објави на социјалните мрежи.
„Денес ми се роди син, станав татко!!! Фала на Бог и на жена ми Соња Тодорова што ми дари син и што ме направи најсреќен татко на овој голем празник христијански!!! Сине жив, здрав и среќен да растеш!!!“, напиша среќниот татко Арсовски по дознавањето на убавата вест на празникот Петровден. Среќната мајка исто така му возврати на социјалните мрежи со еден емотикон во вид на срце, споделен покрај неговата објава!
Инаку Димче и Соња се венчаа во месец март 2021 година, а заради корона пандемијата на малата семејна веселба присуствуваа само нивните најблиски. Претходно во средината на јануари Димса ја побара раката на својата сакана објавувајќи дека става крај на ергенскиот живот, но и тоа дека со својата тогашна свршеница веќе чекаат бебе, синчето кое сега дојде на свет. Димче Арсовски стави крај на ергенскиот живот: Соња е убавицата што му го освои срцето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Редакцијата на Вистина.ком.мк се придружува кон честитките со желби да им е живо и здраво синчето и цел живот да ги прави среќни и горди родители... Не родител 1 и 2, туку среќни и горди мајка и татко! Фото: Социјални мрежи
]]>

Сите се против уривање на “Универзална сала“, само Миро Кацаров – „ЗА“, а еве и зошто: Петре Шилегов го вработи во „Универзална сала“ портпаролот на коалициониот партнер – ЛДП, само еден месец пред изборите https://arhiva.vistina.com.mk/site-se-protiv-urivanje-na-univerzalna-sala-samo-miro-kacarov-za-a-eve-i-zoshto-petre-shilegov-go-vraboti-vo-univerzalna-sala-portparolot-na-koalicioniot-partner-ldp-samo-eden-mesec-pred-izborite/ Sat, 01 Aug 2020 07:51:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161547

Идејата која ја промовираа поединци од градската власт на чело со скопскиот градоначалник Петре Шилегов за уривање на „Универзална сала“ и распишаниот конкурс за правење на некаков парк со летна сцена на нејзината локација, предизвика бура во јавноста која се' уште не стивнува. Покрај негодувањата на народот, секојдневно се јавуваат со свое мислење и став и јавните личности, најмногу уметниците од разни области: музичката, драмската, балетската... на кои и најмногу и најчесто „Универзална сала“ им била втор дом, местото каде или поникнале и започнувале или каде ја овековечиле својата кариера со фестивалски, соло, настапи на разни манифестации, збиднувања, настани, престави... Не помалку гласни се и новинарите и радио и ТВ водителите кои ја третираат културата и естрадата, но и разни автори: композитори, текстописци, аранжери, музички и извршни продуценти, сценаристи, режисери... Медиумите на „случајот „Универзална“ секојдневно му даваат полн третман, па така деновиве порталот „Вечер прес“ третирајќи ја темата направи своевидна анкета со изјави на јавните личности, меѓу кои имаше и познати пејачи, музичари, текстописци, ДЈ-и, новинари, музички работници... И сите до еден во своите изјави беа на став дека „Универзална сала“ не треба да се урива, туку или да се реновира постојниот објект или да се возобнови одново на истата локација, но никако да се дислоцира и на тоа место да се гради некаков парк! Сите до еден, освен ЕДЕН - ТВ водителот Мирослав Миро Кацаров, кој во својата изјава децидно вели: „Зошто да не се урива? Ќе се изгради нова, најмодерна, најграндиозна на Балканот. Далеку поубава од оние во Загреб и Белград или Софија. И на нова локација ќе биде. Верувајте, Градоначалникот има одлична идеја заедно со архитектите.“ Легитимно е секој да има право на свој став и свое мислење и тука нема ништо спорно, освен едно нешто. Оддамна е познато дека штипјанецот Миро Кацаров не е само лице од ТВ екраните, туку и политички функционер, односно портпарол на Либерал - Демократската Партија (ЛДП), која како „цврст приврзок“ е коалиционен партнер на владеачката СДСМ, од чии редови е градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а „Универзална сала“ како што е познато е под капата токму на градската власт. Но, причина повеќе во изјавата на водителот: „Зошто да не се урива?“  е и нешто друго, што малкумина во јавноста го знаат. Имено, партиските вработувања пред избори станаа фолклор на власта, стил на живот, начин на работа и однесување, па така скопскиот градоначалник Петре Шилегов само еден месец пред тукушто завршените вонредни парламентарни избори 2о2о, ќе го вработи Мирослав Миро Кацаров - портпаролот на својот коалиционен партнер ЛДП, токму во „Универзална сала“ на позицијата: Соработник за сценско-музичка дејност, за плата од околу 400 евра! И не само него, туку уште три други лица, што значи вкупно четворица нововработени на 30 дена пред избори во сала што не работи и сакаат да ја уриваат!? Нелогично и трагикомично! Затоа ТВ водителот, партиски портпарол, а отсега и Културно-Уметнички Работник, со глава и брада, со раце и нозе, а Бога ми и нокти го брани ставот на „братот“ од челната фотелја на градската власт! Патем, заради пропустите во процедурата на директорот на „Универзална сала“, (кој е исто така нивно кадровско решение)  и необезбедената финансиска согласност од Министерството за финансии на Македонија за вработување на Кацаров и останатите тројца, настанал правен вакум, па вработените во „Универзална сала“ неколку месеци пред изборите не можеле да земат плата! Случка која исто така претходно осамна во јавноста.]]>

Наум Стоилковски „си набави“ парче од запленетата брендирана облека на Боки 13: Портпаролот седна да се „шиша и бричи“ во Луј Витон на Боки Тредичи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/naum-stoilkovski-si-nabavi-parche-od-zaplenetata-brendirana-obleka-na-boki-13-portparolot-sedna-da-se-shisha-i-brichi-vo-luj-viton-na-boki-tredichi-foto/ Fri, 03 Jul 2020 08:23:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156876

Бојан Јовановски заедно со Катица Јанева се се' уште неправосилно осудени за аферата „рекет“ на 9 односно 7 години затворска казна. Жалбите до повисоките судски инстанци ќе ја донесат конечната разрешница, додека во исто време на Боки 13 му се товарат нови дела за крими-приказната со т.н. „Меѓународен сојуз“. Во меѓувреме, како што е  познато судот му ја конфискуваше целокупната брендирана гардероба, накит, обувки, мебел, уметнички слики... што претходно му беа запленети на самонаречениот газда на некогашната 1ТВ. И многумина колекционери на брендирани парчиња веднаш почнаа да се прашуваат каде ли ќе заврши скапата роба од гардероберите на Боки 13, ќе има ли аукција, лицитација, ќе се продава ли, ќе може ли да се купи на јавно наддавање, на оглас или некако поинаку...? И додека трендсетерите се мислат и распрашуваат како да дојдат до некое скапо брендирано парче од гардеробата на Боки 13, некогашниот колега- новинар, денес еден од актуелните портпароли на  ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, веќе го носи на себе. Корпулентниот Наум и Боки ниту оддалеку сега не носат ист конфекциски број, ама затоа Наум се потруди да носи иста марка. Како дошол и од каде се снашол па ја нашол марамата на Боки 13, која сега ја искористил како „фенси“ престилка, само Наум знае!? Исто како што Боки рече дека знае каде завршија торбите со парите од „Рекет“, така и Наум знаел како да дојде до брендирано парче од Боки. Само што „браќата - муртинци“  торбата уште не ја покажале, а потпаролот веќе седна да се „шиша и бричи“ во Луј Витон престилката на Боки Тредичи! И тоа не било каде, туку карши еден изборен штаб на СДС. Колку за инает, да пукнат од бес! Патем, додека се средуваше, ги почна своите „берберски муабети“ во кои тргна да ги боцка и зајадува комшиите од спротива, само онака како што Наум знае: Не знаеме дали имало реакција од каршија, ама затоа знаеме две работи: - Како прво, фризурата - топ, косата саглам потсрижана, брадата по пропис фазонирана, зашто берберот има визија како треба неговиот најпознат муштерија да го среди за на телевизија. - Како второ, со оваа наша  божемна или таканаречена „кромид приказна“, само сакавме да го потсетима бившиот колега на времето кога беше човек од нашата фела, па меѓу сето останато ги правеше неговите „кромид вести“ во порталот „Република“ за нивната читателска публика... И на сето ова се надоврзуваат уште два важни повода, кои не се „кромид вести“: Ден денешен - Свети Наум Охридски, за сите празник, нему ем именден, ем и роденден... Епа, нека му се за многаја лета!  ]]>

Паника во „Бекстејџ“ и ЛДП – Миро Кацаров последен му правеше интервју на Петре Шилигов: „Ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли тест дали си болен или не од корона?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/panika-vo-bekstejdz-i-ldp-miro-kacarov-posleden-mu-praveshe-intervju-na-petre-shiligov-livche-sportska-chekash-pa-se-nervirash-se-jadesh-od-vnatre-a-zamisli-test-dali-si-bolen-ili-ne-od-korona-foto/ Thu, 25 Jun 2020 06:59:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155485

Минатата недела градоначелникот на Скопје, Петере Шилегов објави дека е позитивен на коронавирусоти се повлече во 14 дневна изолација. Разбирливо, сите што биле со контакт со него и околу него, беа доведени во опасност да им ја пренесол заразата, а последното интервју Шилегов го даде за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ каде разговараше со водителот Миро Кацаров! Едниот со спуштена заштитна маска под брадата, другиот и без маска! Во исто време, Миро е и портпарол на Либерално - демократската партија на Македонија, па, по сознанието дека скоскиот градоначалник е позитивен на Ковид 19, ете ти паника и во продукцијата и во партијата и во „Бекстејџ“ и во ЛДП! Во меѓувреме, Кацаров се повлече во самоизолација, ама отиде и самиот да направи корона тест во најпознатата скопска приватна клиника. Резултатите нормално, не ги добивате веднаш, па затоа и Миро и сите во продукцијата и редакцијата на „Бекстејџ“ кои потоа биле со него во контакт, како и оние од партијата чиј гласноговорник е, стрепеа, со страв исчекувајќи го резултатот од тестирањето. И конечно, завчеравечер резултатите стигнале, а вчера, среда 24 јуни 2020 г. напладне, резултатот од коронатестот на Миро Кацаров и јавно го обзнани, а уредничката на естрадниот ТВ магазин „од зад сцената“ Ева Јакимовска,  го сподели на социјалните мрежи. „Во доставениот примерок НЕ Е ДЕТЕКТИРАНА специфична секвенца за присуство на Корона СоV-2“ - пипшува во медицинскиот наод кој и самиот водител јавно го сподели на својот Фејсбук профил, заедно со соопштението за својата приказна, за тоа како изгледа да минуваш низ голгота чекајќи да дознаеш дали си или не си позитиван на корона!? „Другари и другарки,минатата недела моето последно интервју во Бекстејџ беше со градоначалникот Петре Шилегов. Откако јавно соопшти во саботата градоначалникот дека е позитивен на вирусот Ковид-19, самоволно и самоиницијативно се повлеков во самоизолација која е една од најдобрите мерки за заштита на популацијата од дополнителни ширење на коронавирусот. Со тоа ги заштитив првенствено моите родители, роднини,другари и пријатели и сите кои можеа наредните денови да бидат во мое друштво и присуство. Уште истиот ден се консултирав со мојот пријател и еден од најдобрите доктори,професорот Никола Пановски кој ми даде одлични совети како да постапам и кога да се тестирам.  Анализата за мене покажа дека осмиот ден од контактот со градоначалникот би бил најпогоден за тест и да биде релевантен истиот, па тоа и го напраив, бев и се тестирав, притоа без никакви симтоми. Вчера вечер ми стигнаа резултатите кои и јавно ќе ги соопштам дека сум НЕГАТИВЕН на вирусот Ковид-19. Се извинувам на сите кои беа во мое опкружување до пред информацијата да ја објави јавно градоначанилникот и беа малку уплашени, но ете вирусот за среќа не е пренесен на никој. Со ова уште еднаш се докажува дека ова зло е меѓу нас и се повеќе ќе имаме контакт со луѓе кои го имаат или го прележале. На никој не му посакувам дома да седи и да чека резултати дали има коронавирус или не, чуството е грозно, мозокот ти мисли на све и сешто, на тв и на ФБ само за тоа се збори, а ти си немоќен во затворен простор. Или по сликовито, ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли ова е тест дали си болен или не од корона?“ - напишал меѓудругото покрај споделените резултати од коронатестот Миро. И продукцијата и колегите од редакцијата, а и оние од партијата можат да здивнат. Нивниот колега водител кај едните и портпарол кај другите, сепак, за негова и нивна среќа - е здрав! Сега „шоуто може да продолжи“... И естрадното, а и она изборното.  ]]>

Почина Атанас Ковачевски, новинар и портпарол на ЕВН https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-atanas-kovachevski-novinar-i-portparol-na-evn/ Fri, 19 Jun 2020 08:13:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154559

На 50 годишна возраст почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар, Атанас Ковачевски. Тој на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар, а во последните години како портпарол на ЕВН. На неговиот фејсбук профил утринава може да се видат бројни пораки од неговите пријатели кои се простуваат од него. Ковачевски претходно работеше во телнационалната ТВ Канал 5 и во јавниот сервис МРТВ. Редакцијата на  Вистина.ком.мк изразува искрено сочувство на семејството и блиските.

Новата министерка за финансии ја реконструираше до(Ф)черашната портпаролка: Нина – „Групер“ ја „прегрупира“ Јована Аврамовска назад во „Фчерашњи“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/novata-ministerka-za-finansii-ja-rekonstruirashe-do-f-cherashnata-portparolka-nina-gruper-ja-pregrupira-jovana-avramovska-nazad-vo-fcherashnji-foto/ Tue, 12 Nov 2019 09:04:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117882

Јавноста ја запозна најпрвин како репортер, па водителка во утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“. Не мина долго време, а новинарката преку ноќ ја снема од ТВ екраните. Неофицијално - си заминала од телевизијата, (не)официјално, телевизијата „и се заблагодарила“ заради сопствено прегрупирање на кадрите во програмата по пат на „природна селекција!“ Јована Аврамовска како што се појави - така и исчезна, за понекое време  одново да ја има на телевизија! Овој пат, како една од главните актерско-водителски ведети на проектот „Фчерашни новости“ , финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Така симпатичната бивша новинарка стана и актерка, која „глумејќи“ ТВ водителка, заедно со останатите од екипата ја забавуваше нацијата која последна ги дознаваше „Фчерашните новости“! Во тоа време, воглавно со сите сили насочени за уривање на „режимот“! И се' така додека „режимот“ не го замени „хунтата“ , а премиерот Заев не реши дел од „заслужните уривачи на режимот“ да ги награди со советничко- портпаролски позиции во новата влада и останатите институции на системот! Меѓу нив и Јована Аврамовска, како нов портпарол на Министерството за финансии на тогашниот министер Драган Тевдовски. Така водителското столче од пред камерата на „Фчерашни“, Јована го замени со фотеља во кабинетот на министерот... или баерем некоја канцеларија до него!   „Фчерашни“... за неа останаа да бидат „боља прошлост“, ама подоцна ќе се испостави и „лепша будуќност“! Имено, откако владината кола тргнува надолу, на премиерот прво што му паѓа на памет е реконструкцијата на владата, во која жртва на новата владина политика ќе биде и министерот за финансии Тевдовски. Праведно или не, некоја глава „мора да падне“, а со неа и главите на екипата околу него... како колатерална штета, до душа на одложено време! Се додека не се појави таа, новата министерка Нина Ангеловска, алијас Нина - „Групер“, во чии раце беа предадени финансиите на државата! Нов министер, нови правила и... нова екипа! Новата министерка за финансии ја реконструираше до(Ф)черашната портпаролка, односно Нина - „Групер“ ја „прегрупира“ Јована Аврамовска назад... во „Фчерашњи“! До душа, Јована се поздрави уште во јуни 2019 со тимот од кабинетот на Тевдоски, и тоа јавно, кога на својот Фејсбук профил меѓудругото напиша: „Поздрав екипо, до следната прилика, тука или некаде!“ Што значи дека и враќањето во „Фчерашни“ на Јована по се' изгледа дека и е од привремен карактер, до следната прилика... Зашто вака кажано, подразбира дека плановите на до(ф)черашната портпаролка и се на друго место... Тука или некаде, сеедно!          ]]>

Портпаролката на Албанскиот фудбалски сојуз изјави дека едвај чека да заигра тимот на Голема Албанија https://arhiva.vistina.com.mk/portparolkata-na-albanskiot-fudbalski-sojuz-izjavi-deka-edvaj-cheka-da-zaigra-timot-na-golema-albanija/ Tue, 26 Jun 2018 12:04:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34646

Ситуацијата во спортската јавност на Балканот никако да се смири по натпреварот Србија-Швајцарија. поддршка на Џака и Шаќири поради начинот на кој ги славеа головите против Србија им даде и портпаролката на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Јона Дервиши која притоа ја заговара и идејата на т.н. „Голема Албанија“. Таа најпрво се огласи на социјалните мрежи со следнава порака во која јасно се гледаат претензиите на територии надвор од албанската држава. -Тоа беше нормален натпревар, но и натпревар за гордост. Албанските орли се бореа под чадорот наречен Швајцарија. И успеаја да полетаат и да и ја пратат на Србија пораката дека ние се бориме со мир, а не со војна! Длабоко во себе мислам дека еден ден ќе играме под едно знаме и тоа сите наши фудбалери од Илирскиот полуостров, од Албанија, од Косово и од Македонија и дека сите ќе бидеме во една репрезентација. Се разбира, не можам тоа да го замислам тој тим без Прешевската долина, рече таа за во интервју за („Наше Прешево“) “Preševo Jone”. Според неа веднаш по тоа интервју почнале да ми стигнуваат навреди преку социјалните мрежи, и таа своите профили на Твитер и на Инстагран ги затворила и го соопштила следново што го пренесува „Тирана денес“. -Многу Словени од различни страни ме навредуваа и ми се закануваа со приватни пораки на интернет и тоа за нешто што сум рекла, а што не треба да го навредува никого, бидејќи јас не сакав да навредам никого со тоа. Мирна ми е совеста и не се плашам од никого. Тоа е само моја лична желба и желба и сон на сите Албанци да бидеме обединето еден ден. ФИФА не е во право за казнувањето на двајцата играчи на Швајцарија поради нивното албанско потекло, бидејќи тие само покажаа од каде потекнуваат, нито повеќе. Тука нема никакви провокации, истакна Јона Дервиши која полека но сигурно се простува од ФС на Албанија и се посветува на политичка кариера во албанската партија на социјалистите.