портокалова фаза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 02 Aug 2021 10:43:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png портокалова фаза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Карлеуша разголена на глисер: Русокосата е како времето – пеколно жешка, опасна по живот и… во портокалова фаза! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-razgolena-na-gliser-rusokosata-e-kako-vremeto-pekolno-zeshka-opasna-po-zivot-i-vo-portokalova-faza-foto/ Mon, 02 Aug 2021 07:12:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213505

Откако ја шокираше јавноста со последната објава во „најмалото бикини на светот“, Јелена Крлеуша веќе следниот ден им приреди ново изненадување на своите обожаватели и следбеници, но и на сите што ги „листаат“ нејзините профили на социјалните мрежи. Овој пат русокосата во ново еротско издание, одново го предизвика медиумското внимание. Атрактивната српска поп-фолк дива не е жива ако не започне уште еден нов ден со нова провокациј и овој пат од истата локација - туркото крајбрежје каде што и покрај пожарите се' уште летува и продолжува да распаметува со својата голотија. И во новото еротско издание сето внимание кон Карлеуша одново насочено на исто место: Нејзиното стројно тело, рамната снага и бујните атрибути: гигантските силиконски гради, широката карлица и огромната овална задница на расната убавица! Само што овој пат копното и песочниот брег белградската „мала од скандала“ го замнеила со морската шир, каде го споделила сиот свој сексапил на глисер, кој во неа лежи како бисер во школка! А кога Карлеуша ќе се разголи, многумина главата ќе ги здоболи... Најмногу оние, вистинските мажи од раскошната глетка во која русокосата „тетка“ овој пат е како времето: Пеколно жешка, опасна по живот и... во портокалова фаза! За комплетна летна, еротска екстаза! Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar
]]>

Портокалов метео-аларм: Поради пеколните горештини владата со препораки за заштита https://arhiva.vistina.com.mk/portokalov-meteo-alarm-poradi-pekolnite-goreshtini-vladata-so-preporaki-za-zashtita/ Wed, 28 Jul 2021 12:20:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213040

Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури во портокалова фаза, поради што надлежните објавија препораки за за заштита и намалување на ризиците за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините. Согласно добиените информации од УХМР, почнувајќи од четврток (29.07.2021 година), шесте региони – Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.
Министерството за здравство соопшти дека состојбата на Топлотен бран почнува да важи на целата територија на државата и од среда до недела важат следните владини препораки: 1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години. 2. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници. 4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Владата одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките, а на приватниот сектор му се препорачува да го организира работното време со цел за заштита од директна сончева изложеност на работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување. Владата и надлежните органи ќе ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во РС Македонија. Истовремено, работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот. Градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено после 11 часот. Сите правни субјекти, пак, кои вршат активности на отворено треба да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници. Од МЗ потсетувааат и на општи мерки за заштита на здравјето. Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува и задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиус, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени Целзиус. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови. Од МЗ посочуваат и дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури. Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, посебно за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.