портал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 Dec 2020 14:12:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png портал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 9 години – Музика 24 (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/9-godini-muzika-24-video/ Tue, 01 Dec 2020 14:12:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178969

Драги читатели, пријатели и соработници. Денес славиме 9 години од појавувањето на muzika24.mk во македонскиот медиумски простор на 1-ви декември 2011 година. Изминативе 9 години нашата сцена, земјава но и целиот свет поминуваше низ убави и помалку убави периоди но музиката остана наш верен придружник. Овие 9 години се држвеме до целта која си ја поставивме во 2011 година, да се следи пред се македонската музичка сцена и се она што е актуелно или надежно, но истовремено и да се негуваат потврдените вредности преку кои не препознаваат насекде во светот. Следејќи ги импулсите на современото времетечение се прошири концептуалната потреба и Музика24 стана портал кој со ист интензитет ги информираше своите читатели за балканската, но и светска музичка сцена селектирајќи ги информациите според актуелноста и барањата на својата читателска публика која недвосмислено ја координираше атрактивноста на самиот портал. Нашиот млад тим на новинари не го одликува квантитетот туку квалитетот. Работиме посветено, со страст и ентузијазам. Изминативе 9 години напишавме над 6.000 вести и следевме 100-тина јавни настани во земјата и регионот следејќи ги од прв ред и информирајќи ја својата публика навремено и точно. Музика24 својата релевантност ја потврдува со соработката со водечките брендови на ивент индустрија како Авалон продукција, Пасворд продукција, Прагма продукција итн. Изминативе 9 години остваривме медиумското покровителство на повеќе музички настани како што се MAC Awards, Пиво фест, Пирин фолк фест, Охрид Фест, Макфест , Битола Отворен Град, Фестивал на музика од светот итн. Оваа година во согласност со приликите, го одбележуваме нашиот роденден виртуелно со видео. Во изминативе 9 години стекнавме многу пријатели и соработници на културната сцена, во музичката и ивент индустријата. Пристигнаа многу честитки за нашиот роденден, a дел од ги собравме во видео со кое симболично го одбележуваме 9-тиот роденден. Голема благодарност до нашите драги музички пријатели: Сара Мејс, Филип Василевски, DJ Галоски, Стојне Николовска, Душко Георгиевски, Александар Темелков, Марио Арангеловски, Јован Јованов, Адријана Алачки, Елена Андоновска, Пепа Димитрова, Симеон Коруноски, Горан Милошески, Ѓоко Ѓорчев, Илија Гојовиќ, Таско и Радио Холидеј – Прилеп. Секогаш тука за нас се и колегите новинари и водители Валентина Ѓоргиевска – Парго, Тања Атанасовска – Бумбар, Билјана Крнческа итн. Да се надеваме дека јубилејниот 10-ти роденден ќе го прославиме сите заедно следниот 1-ви декември. Музика24 и понатаму останува посветен на музиката и на сите радости што таа со себе ги носи. https://youtu.be/BMIWOHa-a3A]]>

Огнен Здравковски отворено и се додворуваше, порталот побрза да ги прогласи за љубовници, ама Ноне и на едните и на другите… јавно „им го плесна в лице“! https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-javno-i-se-dodvoruvashe-portalot-pobrza-da-gi-proglasi-za-ljubovnici-ama-none-i-na-ednite-i-na-drugite-im-go-plesna-v-lice/ Fri, 14 Aug 2020 08:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163275

Естрадата, социјалните мрежи и порталите - свето тројство,  во „чудна симбиоза“, кое последниве години, со појавата на последниве два начини на комуникација и извори на информација, ја доведоа целата ситуација во таков заплет, што понекогаш ни самите не можат да се отплеткаат во конците што ќе ги „замрсат“! Најновиот пример - најдобар доказ како потврда на непишаното правило. Или барем така се обидоа да го прикажат, а при тоа и самите да се излажат... Или барем залажат. Имено, на младиот македонски пејач Огнен Здравковски, откако добро помина на музичкиот натпревар во „Ѕвездите на Гранд“ му порасна популарноста, па му „скокнаа и акциите“... А со тоа и самодовербата! Во моментов Огнен има нова песна и видео „Љуби ме“, ама и за жал, има и корона, односно е позитивен на вирусот Ковид-19, па мора да се лекува во самоизолација. Но, тоа не значи дека е отсечен од јавноста, зашто социјалните мрежи му се при рака за комуникација со „остатокот на светот“. А токму од целиот свет, Оги ја најде некогашната колешка, најшетаната велешанка Нона Неделковска, која заради силата на нештата со корона пандемијата, наместо на прекуокенаските крузери да го крстосува светот, како што тоа го прави послединиве 6-7 години, сега мора да седи дома - во родниот Велес. А кога си дома и без обврски, здодевноста и монотонијата меѓудругото ги разбиваш со „прошетка“ по социјалните мрежи на кои двете сродни, распеани души се среќаваат. И тука почнува нивната комуникација, проследена со обид за присна блискост од страна на помалиот по години, кон помалата по висина. Имено, Огнен почнува „на шега, на смеа“ ( иако во секоја шега и половина вистина има), јавно да и се додворува на Ноне. Комплименти, „срциња“, „јаготки“, „детелинки“, „бакнежи“ и какви ли уште не емотикони се разменуваат од обете страни, особено од „загреаниот распеан клинец“ кој отворено почнува да покажува симпатии кон македонската музичка џепна венера. Тоа еден македонски портал го забележува, па како што самите објавиле, по принципот: „Каде што има дим има и оган“, побрзале Оги и Ноне да ги прогласат за момче и девојка, односно за нова естрадна љубовна двојка!? Арно ама... Како прво, „дим“ има од Табановце нагоре, а кај нас има „чад“... А и не секогаш „каде што има чад, има и оган“! Зашто, како што вели една друга поговорка: „За танго се потребни двајца“! И додека младиот пејач така „подзапален“  се обидува да го разгори љубовниот оган, а порталот веќе прогласи „љубовен пожар“, Ноне набрзина направи и едниот и другиот „да исчурат“. Имено, екс пејачката само со еден, единствен Фејсбук  коментар „ги олади“, со тоа што и на едните и на другите отворено „им го плесна в лице“: Ќе ве молам да не ширите дезинформации!“ - културно ги предупреди велешанката, давајќи им на знаење дека кога е таа во прашање, за својот емотивен живот, самата одлучува!    ]]>

Антониа Гиговска јавно му изрази љубов на момчето, а тие под текстот наместо со Иван Јованов и ставија слика со Милан Станковиќ?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-javno-mu-izrazi-ljubov-na-momcheto-a-tie-pod-tekstot-namesto-so-ivan-jovanov-i-stavija-slika-so-milan-stankovikj-foto/ Thu, 05 Mar 2020 08:52:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137362

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска освен тоа што деновиве е актуелна со новата песна „Крива сум„ авторско дело на Дарко Димитров, таа не престанува да изненадува со нови  фотографии на социјалните мрежи. Не тајна ниту нејзината врска со пејачот на „Либеро бенд“, младиот Иван Јованов, со кого се речиси неразделни кога немаат обврски околу музиката. Гиговска има зголемен број ангажмани, особено студиски, заради кои Антониа како што самата вели, буквално „спие“ кај Дарко Димитров во студио, за да ги снима  бек вокалите за сите српски изведувачи со кои тој работи, како што се Ана Николиќ или Луна Ѓогани, на пример. Иван од друга страна е се' позафатен со својот бенд, заради бројните настапи на ноќните свирки по клубовите и дискотеките низ Македонија... Можеби токму заради ваквата „одвоеност“ или поточно: малку слободно време истото да се помине заедно со саканиот, Антониа почувствувала потреба своите емоции да ги искаже на малку поинаков начин. Отворено, јасно и гласно, јавно преку социјалните мрежи. Така, пејачката на својот Инстаграм споделила заедничка фотографија со својот сакан, па покрај неа љубовна посвета од дното на срцето: „Се сеќавам, беше многу оддамна. Имаше искри помеѓу нас и тогаш, но само оддалеку. Не знаевме дека ќе бидеме заедно, дека обајцата сме исти во секој поглед, не само затоа што двајцата мелтаеме за (музиката и пеењето), туку изаради нашите сродни души. Немав прилика за ова... Јас само ова го чувствувам од ден на ден. Како и првиот ден. Те сакам“ - отворено ја изразила својата љубов кон своето момче младата македонска поп пејачка. Деновиве Гиговска одново интересна медиумите. Така во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Антониа зборуваше за новата песна, соработката со Димитров, а играше и „Музичка опструкција“. Затоа пак, колегите од еден македонски забавен портал, сакајќи да ја пренесет нејзината „јавно изразена љубов“ кон момчето,  за малку јавно што не ја „упропастија“!? Имено, Антониа Гиговска јавно му изрази љубов на момчето, а тие го пренесле споделениот Инстаграм пост на пејачката, ама под текстот наместо со Иван Јованов и ставиле фотографија со Милан Станковиќ?! Со српскиот пејач и член на жирито на „Пинковите ѕвездички - Ол Старс“, кој беше особено близок со неа, додека таа се натпреваруваше во ова регионално музичко талент шоу, па дури се шпекулираше и за „хемија“ меѓу нив и наводна „емотивна блискост“, која никогаш не беше потврдена! Можете да замислите што ќе рече сега Антониа и особено Иван Јованов на сето ова?! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/antonia-gigovska-otkri-vo-kakva-relacija-so-milan-stankovikj-foto/]]>

1ТВ во отворена војна со Бојана Скендеровски: Од изгледот се префрлија на приватниот живот од нејзиното минато, а таа им се закани со тужба! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/1tv-vo-otvorena-vojna-so-bojana-skenderovski-od-izgledot-se-prefrlija-na-privatniot-zivot-od-nejzinoto-minato-a-taa-im-se-zakani-so-tuzba-foto/ Tue, 22 Jan 2019 08:18:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68501

Откако модниот „1ТВ гуру“ Сергеј Варошлија, во „неговиот термин“, не штедеше зборови да и каже се’ што има да и каже на водителката од „Улица Македонија“, најмногу на сметка на нејзиниот изглед, имиџ и облекување… Бојана Скендеровски на модниот критичар му возврати со одговор преку својот Фејсбук профил,  со ништо помалку лут, остар и жесток јазик!
Но препукувањето не заврши тука, а и очигледно не остана и само на модата, модниот изглед, имиџот... „1ТВ“ империјата реши не да се препукува, туку да „пука“ од сите расположиви оружја по пејачката и водителката, па веќе вчера, 21 јануари 2019, на својот веб портал осамна нов напис за дамата од „Улица Македонија“.
Овој пат на тапет беа нејзиниот приватен живот со акцент на нејзиното минато, зачинето со пикантни детали од бракот со бившиот сопруг на Бојана, Огнен Чаловски. „Огнен Чаловски беше првиот сопруг на екс пејачката, а сега водителка Бојана Скендеровски. Нивниот брак траеше само две години, а по разводот Бојана на Огнен му останала должна голема сума на пари, како и мебел од нивниот заеднички стан на Водно. Бојана и Огнен беа во врска околу десет месеци, а се венчаа во 2010 година. Тогаш ја основаа и фирмата „Дестио бело“ и отворија козметичко-фризерско студио“ - ја започнува својата приказна „1ТВ порталот“, продолжувајќи да раскажува како таа и екс сопругот уште од првиот ден многу се расправале зашто неа ја интересирале само пари. Тој не можејќи веќе да издржи го напуштил домот, а таа не му вратила ништо од скапиот мебел и многу лични негови работи кои ги добиле на свадбата, па дури ни велосипедот.
„Огнен се жалеше дека Бојана му останала должна и многу пари кои никогаш не му ги врати, а и го малтретираше и психички“ - тврди во написот порталот на 1ТВ, повикувајќи се како што тие тврдат, на  исказите на нивен анонимен извор кој наводно додава дека на Огнен бракот му бил хорор и дека кога завршила целата драма му олеснило, станал друг човек. Порталот уште тврди дека редакцијата го исконтактира Огнен Чаловски кој наводно им ги потврдил овие информации, а тие приказната ја завршуваат со тоа дека Бојана безуспешно се обидувала да биде дел од естрадата, па по неколку години се откажала од пеењето и влегла во водителските води, но и таму не покажала резултати!
На овие, прилично сериозни јавно изнесени детали и квалификации кои длабоко задираат во приватноста на една јавна личност, газдарицата на денес една од најмоќните приватни ТВ продукции  во Македонија, не седеше со скрстени раце.
Преку својот Фејсбук профил во една реченица таа веднаш јавно ги обелодени и своите намери.
Очигледно Бојана Скендеровски овој пат ќе се одлучи правдата да ја бара по судски пат. Дали војната на „двата ТВ света“ ќе продолжи вербално и со навредливи преписки или ќе има и судска разрешница, останува да видиме?!  ]]>