порнографија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Jul 2023 12:22:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png порнографија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Многумина сметаат дека гледањето порнографија не носи штетни последици, но грешат: Целосен водич како да се победи зависноста од порно филмовите https://arhiva.vistina.com.mk/mnogumina-smetaat-deka-gledaneto-pornografija-ne-nosi-shtetni-posleditsi-no-greshat-tselosen-vodich-kako-da-se-pobedi-zavisnosta-od-porno-filmovite/ Wed, 19 Jul 2023 14:00:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310839

Иако стотици милиони луѓе секојдневно посетуваат порнографски веб-страници, повеќето од нив никогаш не помислиле дека тоа може да има штетни последици. Всушност, не само што може да има штетни ефекти, туку порнографијата може да предизвика зависност како никотинот или алкохолот.
Како и секоја друга, зависноста од порнографија не треба да се сфаќа како нешто безопасно. Лекувањето може да биде подеднакво тешко како и кај другите зависности и треба да му се пристапи сериозно и плански.

Што е зависност од порнографија?

Гледањето порнографија не ве претвора автоматски во зависник. Она што ја разликува зависноста од безопасната навика е неконтролираната потреба за таа активност. Зависниците од порно доживуваат огромни желби кои мораат да ги задоволат. Токму овие желби честопати доведуваат до тоа да ги занемарат другите аспекти од нивниот живот, да ги занемарат своите одговорности, како и да ја компромитираат својата ментална благосостојба.

Како да знам дека сум зависен?

Одговорот на ова прашање ќе го најдете многу лесно. Едноставно запрашајте се дали и колку долго можете да издржите без порнографија. Ако одговорот е помалку од еден месец, или дури ни недела дена, тогаш постои голема веројатност дека сте станале зависни. Честопати не сме ни свесни дека сме зависни од нешто, сè додека не се обидеме да живееме без него.

Некои од показателите за зависност од порнографија се:

Размислувате за порнографија дури и кога не ја гледате Консумирате порнографија на работа, во јавноста, или на други ризични места Одвнатре се чувствувате депресивно и празно откако сте гледале порно Го избегнувате сексот со партнерот, бидејќи порнографијата ви пружа поголемо задоволство Поминувате премногу време гледајќи порно Се трудите да не гледате порнографија, но не можете да се воздржите Вашата емоционална стабилност зависи од порнографијата.

Како стануваме зависни од порнографијата?

Зависноста од порнографија се јавува како и секоја друга зависност. За почеток тоа е одреден вид задоволство, возбуда и ослободување од стрес. Може да има многу краткорочни позитивни ефекти, може да ви го подобри расположението или да ви помогне да заспиете. Кога ја извршуваме оваа активност, нашиот мозок ослободува допамин, кој е всушност „виновникот“ за настанување на зависност. Допаминот е корисен и одговорен за доброто расположение и среќа, а нашиот мозок го лачи кога сака да „нè награди“ за нешто што сме постигнале. Меѓутоа, проблемот настанува кога допаминот се наоѓа на само неколку кликови од нас. Денес, ние сме во можност да пристапиме до нова доза на допамин во рок од неколку секунди, а токму тоа и нè прави зависни.

Како порнографијата влијае на мажите?

Ако знаеме дека порнографијата може да го подобри расположението, да нè ослободи од стрес, или, пак, да ни помогне да заспиеме, тогаш што е овде лошо? За да се разбере влијанието на порнографијата врз нашето тело и психа, неопходно е да се погледнат и долгорочните ефекти, покрај краткорочните.

Порнографијата има негативно влијание врз партнерските односи

Премногу честото консумирање порнографија, може да му наштети на вашето чувство за здрава сексуалност. Во пракса, тоа значи дека вашиот партнер ве возбудува многу помалку од порнографијата. Порнографијата, исто така, може да ги промени и сексуалните преференции и да ги одведе во насока на девијации, фетиши или општествено неприфатливи работи – кои вашиот партнер не би ги прифатил.

Може да доведе до еректилна дисфункција

Еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат зависниците од порно е еректилната дисфункција и предвремената ејакулација. Проблемот настанува затоа што сексуалната возбуда ја поврзуваме со сексуални содржини кои често се нереални во пракса и на кои реалниот однос со партнерот не може да им парира.

Сексуализација и објективизација на жените

Неретко во порнографските видеа жените се третираат како сексуални објекти за задоволување на сопствените потреби. Ова може да оди дотаму што имитирањето на тие активности да е казниво со закон. Токму тоа го менува погледот на мажите кон жените, па наместо да ги доживуваат како емотивни суштества еднакви на себе, тие ги доживуваат како сексуални објекти за исполнување на нивните еротски фантазии.

Порнографијата создава уморни и летаргични мажи

Веројатно сте се чувствувале уморни, безживотни и поспани по последната „сесија“. Вие не сте единствените. Порнографијата е помошна алатка во мастурбацијата, а мастурбацијата доведува до трошење на семената течност, за чие производство на телото му треба многу енергија. Краткорочно гледано, тоа не е проблем, но кога овој процес ќе го повторите неколку пати во текот на денот, вашето тело својата енергија ќе ја троши на обновување на спермата, наместо на конструктивни активности.

Порното ја убива мотивацијата

Зошто би влегувале во подлабоки односи со партнерите, ги носиме на вечери, се додворуваме – кога за само десетина минути би можеле да се задоволиме себеси? Ова прашање, поточно проблем, се јавува во главите на многу мажи, особено на оние кои се зависни од порнографија. Одговорот е едноставен. Затоа што жените не се само за задоволување на сексуалните потреби, но тоа не можете јасно да го видите доколку сте зависни од порнографија.

Графички приказ за тоа како порнографијата влијае на мозокот

Како да се победи зависноста од порнографија?

Зависноста од порнографија треба да се сфати сериозно, како и секоја друга. Сфатете дека нема да биде лесно, веројатно ќе минувате низ емоционални кризи, но доколку издржите на овој пат и се ослободите од зависноста ќе доживеете бројни придобивки. Едноставно, ќе се подобри квалитетот на вашиот живот.

Прифатете дека сте зависни

За да се реши некој проблем, потребно е прво да се прифати дека тој постои. Ако почувствувате некои од горенаведените симптоми, постои голема веројатност дека сте зависни. Колку побрзо го прифатите, толку побрзо ќе се изборите со зависноста.

Согледајте ги последиците што ги чувствувате

Какви ефекти има порнографијата врз вас? Дали сте постојано уморни или повеќе не наоѓате задоволство во односот со партнерот? Согледајте ги сите аспекти на вашата зависност и оставете ги да ве мотивираат како би се избориле со истата. Избегнувајте тригери Размислете кога најчесто гледате порнографија и што ве тера да го правите тоа? Повеќето мажи до овој чин се наведени од експлицитните фотографии кои ги гледаат на социјалните мрежи. Ако и кај вас е истата ситуација, обидете се да ги отследите профилите кои објавуваат таква содржина. Од друга страна, ако вашиот тригер е стресот, потрудете се да најдете алтернатива за да се справите со него. На пример, обидете се да се туширате со ладен туш. Фокусирајте се на други работи Обидете се да најдете нешто на кое ќе го префрлите фокусот кога ќе почувствувате потреба за порно. Тоа може да биде спорт, читање, пишување или која било друга конструктивна активност. Блокирајте порнографија Постојат голем број на пребарувачи кои целосно го блокираат пристапот до порнографска содржина. Испробајте некои од нив и целосно избришете ги оние кои ви го дозволуваат тоа.

Поставете цели

Веројатно ви е јасно дека нема да можете вечно да издржите без порнографија. Всушност, тоа не е ни целта. Целта е да престанете да бидете зависни од неа, а за тоа во просек ќе ви требаат 90 дена. Можете да започнете со помали цели, како една недела или еден месец, а подоцна да преминете на поголеми.

Дајте си време

Многу е веројатно дека нема да ја постигнете целта со првиот обид. Ако се случи да се откажете, не очајувајте, туку почнете повторно.

Побарајте помош

Ако порнографијата имала сериозни последици по вашиот живот и сметате дека не можете сами да се справите со проблемот, побарајте стручна помош. Извор: Точка
]]>

Дали сте зависник од порно-содржини? Психолозите откриваат каде е границата https://arhiva.vistina.com.mk/dali-ste-zavisnik-od-porno-sodrzini-psiholozite-otkrivaat-kade-e-granicata/ Fri, 31 May 2019 11:30:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90754

Кај лицата со компулсивно сексуално однесување, гледањето на порнографија предизвикува мозочна активност која се одразува исто како кај зависниците на дрога. Актерката Џејда Пинкет Смит неодамна открила дека се борела со зависност од порно-филмови. Подоцна рекла и дека во периодот кога се обидела да апстинира имала нездрав однос кон порнографијата. Рекла дека користела порнографија за да ја исполни емоционалната празнина. "Тоа всушност беше како исполнување на празнина, барем мисите дека е, но всушност не е", објаснила Смит. Порнографијата во ерата на паметни телефони, таблети и лаптопи станала попристапна од било кога. Додека многу луѓе во неа уживаат на здрав начин, за други може да стане нездрава опсесија. Тоа што е сигурно е дека порнографијата не е дијагностичко пореметување, барем не се уште. Долго меѓу психолозите се водела расправа за тао дали е потребно компулсивната употреба на порнографијата да се вброи во завиност.
Во најновото издание на Дијагностичкиот и статистички прирачник за метални пореметувања, нема да го најдете овој проблем. Иако имало некои расправи за додавање на хиперсексуално пореметување кое би вклучувало компулсивна употреба на порнографија, на крајот предлогот бил одбиен поради недостиг на научни истражувања. Некои експерти велат дека компулсивната употреба на порнографијата би можела да биде манифестација на CSBD, пореметување окарактеризирано од зачестени појави на неуспешно контролирање на интензивни, повторливи сексуални импулси или нагони кои резултираат со повторливо сексуално однесување. "Голем број на поединци минуваат многу време гледајќи порнографија. Иако тоа само по себе не претставува пореметување во менталното здравје, ако лицето и натаму гледа порно-филмови, а тоа штети на неговите емоции или секојдневието, и кога сака, не може да ја промени таа навика, тоа навистина изгледа како психичко пореметување во иста мерка како зависноста од коцкање", рекол психологот Рори Рајд. Мало истражување на Универзитетот Кембриџ од 2014-та година открило дека кај лицата со компулсивно сексуално однесување, гледањето порнографија предизвикува мозочна активност која се одразува исто како кај зависниците на дрога. Меѓутоа, иако овие наоди се интересни, ниедно истражување не дава докази дека некои поединци се зависни од порнографија, што и натаму не значи дека луѓето не се борат со овој проблем. За среќа, за оваа зависност постои можност за лечење. Психологот Крис Кингман објаснил дека постојат различни пристапи во лечењето на оваа зависност, како што се индивидуални терапии, терапии за парови, групни терапии и програми за болничко лечење или рехабилитација. извор:точка.ком.мк]]>

Како да се ослободите од зависноста од порнографија? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-se-oslobodite-od-zavisnosta-od-pornografija/ Mon, 08 Apr 2019 13:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81802

Разни истражувања покажале дека четвртина од сите пребарувањана Интернет се за порнографска содржина. Порнографијата има влијание врз мозокот како дрога, и доколку настане зависност, личноста може да ја загуби работата, да го уништи бракот или врската и да стигне на самото дно. За среќа, постојат некои работи кои ќе ви помогнат да се изборите со оваа зависност. 1.Бидете одлучни Порнографијата како зависност е речиси иста како и другите зависности, а за излегување од нејзиниот круг ви е потребна волја, желба и одлучност. Морате да најдете добра причина за да се ослободите од зависноста и да не бидете нејзин роб. Размислете за саканите, размислете за животот, размислете за што било што сакате. 2. Учете од другите Многу жртви кои сакаат да се извлечат од некоја зависност, често се среќаваат со групи луѓе со исто искуство. Порнографијата е раширена и ја користат сите, но зависноста од порнографија предизвикува срам и тешко е да признаете дека имате проблем. За среќа постојат многу онлајн ссоветувалишта што можат да ви помогнат. 3. Приказни од Јутјуб На Јутјуб можете да најдете безброј видеа од луѓе кои се соочувале со овој проблем и кои јавно зборуваат за нивната борба. Овие луѓе ќе ви објаснат што се случува и ќе ви докажат дека можете да се справите со проблемот. 4. Блокирајте ј порнографска содржина Еден од начините да го намалите гледањето на филмови за возрасни е инсталација и употреба на програми што ќе ја блокираат порнографската содржина. И за ова ви е потребна волја, бидејќи лесно можете да ги исклучите програмите. Исто така, доколку имате личност на којашто вистински ѝ верувате, замолете ја да ги блокира овие содржини со лозинка што нема да ви ја каже. 5. Уништете ја офлајн порнографија Порнографијата не постои само на Интернет, туку и во компјутерот, стари касети, весници, а потребно е да се ослободите од сето ова. Исто така внимавајте и на филмови со експлицитна содржина. Ослободете се од сè што ве потсетува на вашата навика и полесно ќе се справите со зависноста. Важно е да знаете дека зависноста од порнографија е иста како и зависноста од алкохол и треба да се справувате постепено. Најважно е да бидете свесни за проблемот, а потоа ќе можете да го решите. извор:кафепауза.мк]]>