пораз – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Dec 2023 11:38:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пораз – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна Петрушевска ја потсети јавноста на заборавената страна на траумата: „Сите зборуваме за камерите, Цитроенот, прес конференцијата…а никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка? https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-petrushevska-ja-potseti-javnosta-na-zaboravenata-strana-na-traumata-site-zboruvame-za-kamerite-tsitroenot-pres-konferentsijata-a-nikoj-ne-prasha-shto-se-sluchuva-so-majkata-na-vana-i-nejzinata/ Thu, 07 Dec 2023 11:07:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330263

После целата колективна траума која ја задеси Македонија со грозоморниот чин на убиство на едно 14 годишно дете и еден 74 годишен човек, Весна Бејби Петрушевска беше една од оние која дечињата од својата актерска школа ги однесе во Дебар Маало, крај споменикот на Горан Стефановски, место каде што и малата Вања често поминувала. Во чест и знак на почит и сеќавање кон неа, но и како чин со кој ги учиме нашите деца да бидат чесни и достоинствени.
Вчеравечер, среда-6-ти декември 2023, Бејби со лајв видео на Инстаграм ја потсети јавноста на заборавената страна на траумата... Дека сите зборуваме за чинот на грабнувањето и егзекуцијата, за нарачателите и убијците, за соучесниците и нивното апсење, за автомобилот и неговата рута на движење, за бекството и приведувањето на главниот осомничен, за прес конференцијата и пропустите на МВР... И уште за илјада и еден детал, а сите како да ги заборавија жртвите... Сите како да подзаборавивме на мајката на невината жртва и на нејзината помала сестричка. Весна Петрушевска откри дека сестричката имала операција на срцето, а мајката здравствени проблеми со респиртаторниот систем и е во тешка психичка состојба. „Затоа треба добро да размислите пред било што да коментирате или да објавите“ - посочи Бејби и додаде: „Нивната тага е немерлива, нивниот живот е 'скратен', тие се небаре 'живи мртовци'.  Тагата е огромна, а нашата општествена одговорност е на едно многу ниско ниво. Можам само да кажам дека полека но сигурно ги губиме децата“ - вели актерката и додава:  „Ние сма дехуманизирано општество со извонредно лош образовен систем. Децата гледаат лоши примери, без никакви ведности“. „Сега сите зборуваме за камерите, за Цитроенот, за прес конференцијата... А никој, ама никој не праша што се случува со мајката на Вања и нејзината сестричка? Тоа е нашиот пораз!“ За ова и уште многу други детали во врска со заборавената страна на траумата, Весна Бејби Петрушевска зборуваше во своето лајв обраќање на Инстаграм, кое можете во целост  да го погледнете во продолжение:
Фото и видео: Инстаграм/vesnapetrushevska]]>

Нова тужба против Амбер Херд: „Таа сама ја предизвика штетата“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nova-tuzba-protiv-amber-herd-taa-sama-ja-predizvika-shtetata-foto/ Mon, 11 Jul 2022 09:23:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258011

Американската актерка Амбер Херд се соочува со нова правна битка откако нејзината осигурителна компанија одби да и плати до 1 милион долари осигурување за да ги покрие трошоците за судењето против нејзиниот поранешен сопруг, актерот Џони Деп. Осигурителната компанија „New York Marine and General Insurance Co“ во петокот поднела тужба против актерката пред федералниот суд затоа што таа смета дека не мора да и се оддолжи бидејќи нејзините постапки го допринеле поразот на суд од нејзиниот поранешен сопруг. Додека на Деп му беше доделена отштета за клевета минатиот месец. Во 2019 година, Деп побара отштета од 50 милиони долари од неговата поранешна сопруга поради нејзината статија во „Вашингтон пост“ од 2018 година во која таа тврдеше дека била жртва на семејно насилство. Иако во текстот не го именуваше Деп, ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ на суд тврдеше дека е јасно дека тој е предмет на коментари. Минатиот месец, на Деп му беше доделена отштета за клевета од повеќе од 10 милиони долари по шестнеделно судење. Осигурителната компанија тврди дека е должна да го плати осигурениот случај само ако осигуреникот сам не ја предизвикал штетата, повикувајќи се на законот во Калифорнија дека осигурителната компанија „не е одговорна за загубите што произлегуваат од свесен чин на осигуреникот“. Фото:Принтскрин/Профимедиа]]>

Не забележавме победа, но испишавме фудбалска историја: Австрија – Македонија 3:1 https://arhiva.vistina.com.mk/ne-zabelezavme-pobeda-no-ispishavme-fudbalska-istorija-avstrija-makedonija-3-1/ Mon, 14 Jun 2021 08:59:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206850

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Австрија со 3:1 во својот прв настап на Европското првенство.
Австријците поведоа преку Штефан Лајнер во 18. минута, капитенот Горан Пандев изедначи десет минути подоцна, испишувајќи уште едно поглавје од македонската фудбалска историја како играч кој го постигнал првиот гол за Македонија на едно Европско првенство. За наша жал, во второто полувреме резервистите на Австрија, Михаел Грегорич и Марко Арнаутовиќ погодија за победа на нивната репрезентација. На стадионот во Букурешт присуствуваа околу 4.000 македонски навивачи кои им дава голема поддршка на „црвено-жолтите“. Вториот натпревар од 1. коло во Ц-групата се игра вечерва (21 часот) во Амстердам каде Холандија ја пречекува Украина. Следниот дуел на македонскиот национален тим е на 17 јуни, исто така во Букурешт против Украина.
]]>