попис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Sep 2021 11:46:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png попис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Менуваме наративи – ново видео на Аваја https://arhiva.vistina.com.mk/menuvame-narativi-novo-video-na-avaja/ Mon, 06 Sep 2021 11:32:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218094

Граѓанското движење Аваја работи постојано на менување на наративот и зајакнување на идентитетот на Ромите. Движењето Аваја во текот на кампањата попис ја истакнува гордоста на заедницата и ја презентира заедницата со сите вистински квалитети. Движењето Аваја упатува порака до јавноста дека Ромите се горди на својата етничка припадност. Во рамки на кампањата за пописот, Аваја го промовираше спотот “Горди Роми” во кој се истакнуваат сите различности во самата заедница. Првата разлика која се истакнува е во однос на јазикот кој се говори од страна на Ромите. Ромите во различни градови говорат различни јазици, на пр. во источниот дел на државата Ромите го говорат турскиот, македонскиот и ромскиот јазик, додека во западниот дел од државата Ромите го говорат албанскиот, турскиот, македонскиот и ромскиот јазик. Другите разлики се однесуваат на религија, градови на живеење, боја на кожа и сл. Промовираното видео ги истакнува различностите и јасно укажува на тоа дека сите Роми се горди Роми, без оглед на различностите. Сите учесници во спотот се Роми и ги истакнуваат своите карактеристите. Спотот ќе може да го проследите на ТВ екраните и на социјалните мрежи. Граѓанското движење Аваја воедно упатува и апел до ромската заедница дека дадените податоци на пописот се заштитени согласно законот. Потсетуваме дека секој еден може да ги провери дадените податоци, задолжително да побара увид во пописниот прашалник (особен акцент на етничката припадност) и да биде попишан од страна на Ром/ка попишувач (право на попишување на ромски јазик).

💪 Сите ние може да говориме различни јазици, да имаме различна религија, да живееме во различни градови, да имаме...

Posted by AVAJA on Sunday, 5 September 2021
]]>

Ромите се спремни да се попишат https://arhiva.vistina.com.mk/romite-se-spremni-da-se-popishat/ Sat, 04 Sep 2021 11:16:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218069

Пописот е од особено значење за ромската заедница бидејќи во нашата држава големината на заедницата дефинира сè, почнувајќи од тоа колку вработувања ќе имаме во јавната администрација, колку полицајци ќе имаме, дали ќе се усвојат нови ДУП-ови за ромските маала, колку ромски куќи треба да се легализираат,  дали ќе се обратиме во суд на нашиот мајчин јазик, колку наставници Роми ќе имаме, па се до тоа колкав буџет за Ромите ќе се оддели. Во пресрет на најавениот Попис на населението нашата кампања – Горди Роми има за цел да го афирмира идентитетот на Ромите, со цел ромската заедница да го искаже својот идентитет гордо без никакви притисоци и  манипулации, како и да ја информира ромската заедница за пописот како процес кој ќе се одвива во периодот кој следува. Како движење имаме за цел сите припадници на ромската заедница во нашата држава целосно да бидат опфатени со пописот и слободно да ја изјаснат за својата припадност. Факт е дека досегашните пописи ја немаат прикажано реалната бројка на Роми во нашата држава. Според последниот попис Ромите беа застапени со 2,66% од целокупното население, меѓутоа сега после 19 години од последниот попис, ние сметаме дека Ромите се застапени со најмалку 4% од вкупното население во државата. Како движење кое функционира веќе 2 ипол години, истакнуваме дека Ромите овој пат се спремни да се попишат и слободно да го искажат својот ромски индентитет. Упатуваме пораката до сите другите етнички заедници да придонесат кон фер спроведување на пописот без манипулации на ромското население, а до припадниците на ромската заедница слободно без притисоци да ја искажат својата припадност, како и да ги попишат сите членови на семејство кои живеат во странство. Ние, како заедница имаме право слободно да се декларираме како Роми, имаме право да бидеме попишани на ромски јазик и будно да го следиме процесот на попишување за да пријавиме секакво нарушување на интегритетот на целиот процес.]]>