поп пејач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Nov 2021 08:53:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png поп пејач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Беше млада македонска поп ѕвезда, денес е горд сопруг и татко и повеќе не живее во Македонија: Ќе го препознаете ли, пееше „Едно тело“, ама сега е малку повеќе од тоа? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/beshe-mlada-makedonska-pop-dzvezda-denes-e-gord-soprug-i-tatko-i-povekje-ne-zivee-vo-makedonija-kje-go-prepoznaete-li-peeshe-edno-telo-ama-sega-e-malku-povekje-od-toa-foto/ Tue, 02 Nov 2021 08:52:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225474

Некогаш беше млада македонска поп ѕвезда, една од оние од новиот бран заедно со Лозано, ДНК, Врчак, Тарабунов, Димитар Андоновски... кои многу ветуваат. Имаше хитови, снимаше спотови, девојчињата лудваа по него, беше многу познат и популарен. Денес, десеттина години подоцна, младиот македонски поп-пејач е посветен сопруг и горд татко, кој со сопругата Ивана со која се венчаа во октомври 2016 година се пресели да живее на Флорида во САД. Му стана зет на  легендарниот ДЈ Славе Келешоски, стружанецот познат како пионер во диџејството во Македонија и некогашна СФРЈ, кој со години претходно живееше во САД. Музиката му остана само убав спомен од младоста и секако хоби, на кое се потсетува секогаш кога за тоа има можност или убава прилика. Неодамна, на нивното синче, малиот Матео му славеа роденден, а во исто време со својата сакана Ивана ја прославуваа годишнината од бракот. Некогаш пееше „Едно тело“, денес изгледа малку поинаку... Нешто повеќе од „едно тело“. Или поточно, едно тело со тежина како за две, од оние што ги имаше додека беше поп ѕвезда. Затоа многумина можеби и веднаш не го препознаа, но сеедно. Едно е сигурно: Дарко Илиевски можеби не изгледа исто, но затоа изгледа повеќе од вљубено. И тој во својата Ивана и неговата сопруга во него! „Љубов еднаш во животот, по ѓаволите, би те избрал(а) одново и одново и во друг живот. Вистинска љубов, маж и жена, мојот човек“ - напиша сопругата како своевидна посвета покрај споделеното видео. На него некогашниот македонски поп пејач и неговата млада, убава сопруга бескрајно вљубени, березервно ги споделуваат моментите на среќа, танцувајќи, споени... како две души во „едно тело“!
Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/]]>

Маријан Стојаноски направи црковна венчавка: Невестата лани бремена пред матичар, годинава бремена пред олтар… овој пат со второ дете (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marijan-stojanoski-napravi-crkovna-venchavka-nevestata-lani-bremena-pred-matichar-godinava-bremena-pred-oltar-ovoj-pat-so-vtoro-dete-foto/ Fri, 23 Jul 2021 07:09:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212222

Некогашниот македонски поп пејач Маријан Стојаноски по втор пат ја направи истата работа... Или поточно - две! Откако лани, во јуни 2020 година  се венчаше пред матичар со тогаш „до заби“ бремената свршеница, сега негова сопруга, Наташа Каранџулоска, сега истото го направи во црква пред олтарот и попот и тоа во родното Крушево. Маријан Стојаноски и официјално е женет човек, а наскоро ќе стане и татко (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Кумовите исто така позната двојка во јавноста, долгогодишната ТВ водителката на скопската МТМ телевизија, Андријана Стојческа и колегата на младоженецот од МОБ, оперскиот тенор Никола Стојчески. Второто „брачно полувреме“ на некогашниот поп пејач, сега вработен во Македонската Опера и Балет како оперски пејач и русокосата охриѓанка наликува на првото, зашто во меѓувреме двојката станаа родители откако кусо по регистрацијата ја добија ќеркичата Вероника, која неодамна наполни една година. Имено, ако лани невестата бремена застана пред матичар, годинава бремена застана пред поп и олтар... Само овој пат со второ дете. Нараснатиот труднички стомак покажува дека Мријан и Наташа одново чекаат принова, па по втор пат ќе станат и родители. Дали заради  корона пандемијата и свадбените рестрикции за прослави и  собирања несакајќи  ја востановија оваа чудна пракса, пред секое ново чедо да им дојде на свет да има свадбена церемонија или едноставно така им дошло? Така мораа или така сакаа? -  прашање на кое само тие двајца си го знаат одговорот. Но ако е веќе така, прашање е што церемоинија ќе биде ако решат да одат или „случајно се случи“ трето дете? Малата Вероника не ќе можат да ја крштеваат, зашто тоа веќе го направија воедно со црковната венчавка. Ама затоа можеби ќе можат идниот член на семејството? Одговорот нека му го мислат „пред Бога заколнатите на вечност“ тазе младенци и родители, а од нас... Честитики и нека е за многу години. И венчавката и крштевката и кумството и идната принова! Фото: Фејсбук принтскрин/Marijan Stojanoski
   ]]>

И регионалните ѕвезди против уривањето на „Универзална сала“: Бојан Маровиќ – „Ве молам, не уривајте ја… душата ме заболе кога слушнав дека ќе биде претворене во парк!“ https://arhiva.vistina.com.mk/i-regionalnite-dzvezdi-protiv-urivanjeto-na-univerzalna-sala-bojan-marovikj-ve-molam-ne-urivajte-ja-dushata-me-zabole-koga-slushnav-deka-kje-bide-pretvorene-vo-park/ Wed, 05 Aug 2020 08:50:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161842

Реакциите околу „бизнис плановите“ на урбаната мафија поддржана од идејата на градската власт и скопскиот градоначалник Петре Шилегов со распишување конкурс за идејно решение за парк со летна сцена на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би се урнала, не само што не стивнуваат, туку стануваат се посилни и пожестоки. Покрај домашната јавност која ги усвити социјалните мрежи и написите во медиумите, уметниците, културните работници, естрадата, ивент индустријата... речиси да нема човек кој има допирни точки со културата и уметноста, да дава „зелено светло“ за уривање на скопската и македонска „Мека на културата и уметноста“... (освен ретки исклучоци во поединци кои се „лижат“ со власта)! На домашните естрадни и музички ѕвезди, им се приклучија и регионалните, оние кои повеќе пати настапувале во  „Универзална сала“ со свои солистички концерти, или учествувале на разни фестивали, манифестации, збиднувања... на нејзината сцена. Еден од нив е и црногорската поп ѕвезда Бојан Маровиќ, кој точно пред 15-ина години, тогаш како голобрадо момче кое ја гради својата популарност  го имаше својот прв голем солистички концерт во кариерата токму во скопската „Универзална сала“, која тогаш беше претесна да ги прими сите кои сакаа да ги слушнат неговите хитови и балади. „Универзална сала е местото каде што го имав мојот прв голем солистички концерт во животот - организиран. Душата ме заболе кога слушнав дека салата во која многумина настапија ќе биде претворена во парк. Пред некое време,ме израдува информацијата дека  оваа легендарна сала ќе биде реновирана, во ново руво,  со иста намена. Сепак, плановите во меѓувреме се чини дека за жал се променети?! Се надевам дека, на крајот на краиштата, мислењето ќе се смени и ќе слушнеме дека овој култен културен храм ќе се реновира и ќе биде местото што повторно ќе ги собира луѓе за убави, духовни нешта. Скопје уште еднаш, благодарам што ми го дадовте срцето токму таму, на таа сцена. Должник сум ви засекогаш, но Ве молам... не уривајте ја Универзална сала“ -  вели во своето обраќање црногорската поп ѕвезда, за Вистина.ком.мк, симболично споделувајќи го видеото од песната „Ако повредим те ја“, снимено токму од неговиот дебитантски  концерт во „Универзална сала“! https://www.youtube.com/watch?v=-i_VBPlDUMc  ]]>