поп машина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 Jan 2024 12:49:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png поп машина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Роберт Немечек, музичар, композитор, гитарист и основач на рок групата „Поп машина“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-robert-nemechek-muzichar-kompozitor-gitarist-i-osnovach-na-rok-grupata-pop-mashina/ Tue, 09 Jan 2024 12:49:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334246

Роберт Немечек, родоначалникот на прогресивниот рок во Југославија и голем иноватор во ТВ и филмската индустрија, почина на 75-годишна возраст, потврди неговиот пријател. Немечек остави голема трага во домашната и југословенската уметност.Тој беше основач и водач на групата „Поп машина“ кои во почетокот на 70-ите години од минатиот век беа основоположници на прогресивниот рок, особено со песните од нивниот албум „Киселина“ (1973). „Отсекогаш сум бил малку заинтересиран за она што ги окупирало моите врсници. Љубовта кон стриповите ја наследив од татко ми, а многу рано и кон филмовите, што беше под влијание на Кинотеката, која беше зад аголот. За разлика од другите, никогаш не се приклонував кон вестерните, ме фасцинираа старите, па дури и немите филмови“ - изјави своевремено тој. Љубовта кон музиката ја наследил од родителите и дедо му, кои биле многу талентирани. „Прадедо ми дошол од Чешка да свири во кралскиот оркестар на дворот на кралот Милан, бидејќи такво нешто во Србија немало. Бил млад и го сметале за чудо од дете, виртуоз на виолина за класична музика.Дедо ми Јосип имаше три деца, а беше и концерт - мајстор.Татко ми Јан го следеше неговиот пат и рано замина во странство каде што направи кариера, вујко ми Лудвиг ја заврши музичката академија, но се одлучи за џез-трубата, иако џезот не беше она што сега се подразбира под џез, повеќе големи ревијални оркестри и тетка Људмила цел живот била во белградските мадригалисти и патувала низ целиот свет. Дедо ми е еден од основачите на Музичката академија и еден од првите предавачи, а ја основал и Белградската филхармонија и свирел во белградската опера“ - раскажуваше своевремено Немечек. Местото и времето на погребот на големиот уметник, музичар и рок гитарист Роберт Немечек ќе бидат објавени дополнително. ]]>

Почина Раша Ѓелмаш, легендарниот тапанар на „ЈУ група“ и „Поп машина“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-rasha-gjelmash-legendarniot-tapanar-na-ju-grupa-i-pop-mashina/ Thu, 28 Oct 2021 10:52:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225016

Рaтислав Раша Ѓелмаш, поранешен тапанар на Ју група, Поп машина и лидер на групата Зебра, почина во Белград на 72-годишна возраст. Ѓелмаш е роден на 26 јануари 1950 година во Белград, а својот прв интерес за музика го покажал во 1966 година, кога со своите врсници од училишниот оркестар ја основал групата Ангели. Во март 1972 година ја основа групата Поп машина со Роберт Немечек (бас), Зоран Божиновиќ (соло гитара) и Сава Бојиќ (соло, вокал). Поп-машината како нова белградска група со свој репертоар (дванаесет авторски песни) брзо станува забележана, популарна и неизбежна на белградската музичка сцена во седумдесеттите години на 20-иот век. Подоцна тој се сели во Силуете и на крај станува тапанар на тогаш веќе популарната ЈУ група, која ја сочинуваа браќата Жика и Драги Јелиќ. Во тие години Раша Ѓелмаш важи за најдобар млад белградски тапанар. Со ЈУ група доживеа голема популарност низ СФР Југославија. Во 1976 година ја напушта ЈУ група и ја формира Зебра. Со Зебра го издаде албумот „Велат дека таков е редот“ (1979), на кој свиреше на тапани и клавијатури и пееше. Во 1982 година, тој го издава соло албумот „Hot roсk“, на кој се појавуваат Ѓелмаш на тапани и вокал, Бата Костиќ на гитара и Лаза Ристовски на клавијатури. По објавувањето на албумот, Ѓелмаш се повлече од музиката и се посвети на автомобилските трки и на својот ресторан. Во 1989 година се враќа во ЈУ група и со бендот ги сними албумите „Трагови“ (1990) и „Рим 1994“ (1995 година). На крајот на 90-тите, тој ја напушти ЈУ група, повлекувајќи се од музиката. ]]>