поп-класика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Jul 2020 12:12:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png поп-класика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Поп-класика“ – концерт на „Трио џентлмен” во Кавадарци https://arhiva.vistina.com.mk/pop-klasika-koncert-na-trio-dzentlmen-vo-kavadarci/ Tue, 21 Jul 2020 12:11:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159777

Во Кавадарци вечер од 20 часот ќе се одржи целовечерен концерт на „Трио џентлмен”, насловен „Поп-класика со Трио џентлмен“. Го организираат Општина Кавадарци и Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, со поддршка на Министерството за култура. „Трио џентлмен” е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пејачи: тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски. Од Домот на културата соопштија дека поп-класичното пеење е веќе познат жанр низ светот и дека „Трио џентлмен“ е создадено по примерот на веќе познати светски поп-класични состави, кои подолг период го изведуваат овој музички жанр. „Ова е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика и во нашата држава. На нивниот репертоар се најголеми светски поп-хитови, наполитански канцони, латино-композиции, руски романси, македонски евергрини, балкански поп-композиции и сето тоа изведено во поп-класичен манир“ - појаснуваат од Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.]]>