поносан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 30 Jun 2022 09:24:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png поносан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Боби Павловски има нова песна – фантастичната балада „Поносан“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bobi-pavlovski-ima-nova-pesna-fantastichnata-balada-ponosan-video/ Thu, 30 Jun 2022 09:23:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256529

По одличните „Заблуда“, „Калдрма“, „Самица“, Метар дана“, „Тамо негде“ и „Не оклевај“ Боби Павловски на јавноста и ја претставува одличната балада со наслов „Поносан“. И оваа тема е снимена на српски јазик и значи продолжение на проектот во чии рамки досега Боби сними шест нумери. Музиката, текстот и аранжманот за „Поносан“ се дело на Милан Раѓен, а и овој пат за придружните вокали се погрижи колешката од соседството Ивана Селаков. Спотот, пак, е работен со веќе проверените соработници на Павловски Tropical Lifeisfun, под режисерската палка на Љуба Радојевиќ. „Летото е некако резервирано за поведри теми, но јас решив да пуштам една убава балада која уште на прво слушање ми се залепи и за уво и за срце. Верувам дека и мојата публика ќе го препознае истото и дека ќе им се допадне песната“, вели Боби, кому ова лето тешко дека ќе му остане време за одмор, бидејќи агендата со настапи му е преполна. „Не е лесно да се настапува речиси секоја вечер, но верувајте нема ништо поубаво кога на настапите гледаш задоволни лица и кога буквално ми ги пеат песните во еден глас, од прв до последен стих“, додава Павловски. Видеото за „Поносан“ е снимено на локации во Белград и е интересна љубовна приказна која низ кадри кои се враќаат наназад го прикажува односот меѓу една љубовна двојка. ]]>