помогне – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jun 2023 12:01:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png помогне – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Шерифовиќ со хуман гест: Ќе се потруди Мустафа, уличниот пејач – бездомник од Зеница да добие дом и со вратоврска да запее во „Ѕвездите на Гранд“? (ИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-so-human-gest-ke-se-potrudi-mustafa-ulichniot-pejach-bezdomnik-od-zenitsa-da-dobie-dom-i-so-vratovrska-da-zapee-vo-zvezdite-na-grand-ideo/ Wed, 07 Jun 2023 11:59:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305335

Иако Марија Шерифовиќ е бескрајно талентирана, а пејачката и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“ публиката не ја сака само поради добриот глас и големите хитови. Марија многупати им помогнала на луѓето и на многумина им дала добар пример со своите хумани постапки, кои ги прави и сега. Имено, пејачката била крајно потресена откако видела видео од талентираниот уличен пејач Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој за жал останал без дом и сега живее на улица како бездомник. „Овој тип спие некаде во Зеница под мостот. Неговото име е Мустафа. Доколку некој од Зеница може и сака да го најде, ве молам да ме контактира. Мустафа нека добие дом! “ – сподели Марија преку социјалните мрежи. Инаку, на Јутјуб се појави видео на кое Мустафа си го разголи животот. „Бев под кирија и повеќе не можев да продолжам да плаќам. Секој месец морав да имам двесте марки, а каде е храната. Малку можев да заработам од пеење, ама дождот ме избрка, непрекинато врне месец и половина. Немам пријатели и роднини, немам ниту татко ниту мајка, никој свој. Јас сум без нив од седум години и цело време живеам на улица. Не можев да најдам работа, пишувам и не ми одговараат“ - рекол уличниот пејач од Зеница. Мустафа изразил голема желба да се појави на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, но како што вели не е во можност. Мара токму тој дел го сподели на својот Инстаграм профил. „За таму треба да имаш пари. Можам да одам и да аплицирам, но како? Не можам да одам таму со 10 марки. Џабе... ти требаат пари за убаво да се облечеш, да имаш вратоврска. Треба да се претставите, од каде сте, име и презиме, колку години имате. Би се пријавил, но не можам“ – вели младиот човек на видеото, поради што Марија рекла дека ќе му помогне, а вратоврска лично ќе му подари. Во видеото подолу погледнете ја приказната за Мустафа од Зеница: Фото: Инстаграм принтскрин/zvezdegranda]]>

Да ја одбиеш „Жена од султана“ мора или да си геј или да си Адам: Тој тврди дека таа цела вечер го мувала на сплав, Тијана се смее и вели дека ја молел да му помогне да стане познат!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/da-ja-odbiesh-zena-od-sultana-mora-ili-da-si-gej-ili-da-si-adam-toj-tvrdi-deka-taa-cela-vecher-go-muvala-na-splav-tijana-se-smee-i-veli-deka-ja-molel-da-mu-pomogne-da-stane-poznat-foto/ Thu, 15 Sep 2022 07:32:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266961

Од мноштвото потенцијални учесници во најновата шеста сезона Адам Лабунски, е единственото машко или поточно еден од двајцата македонски претставници во најгледаното  регонално реално шоу „Задруга 6“. Така е барем засега...  Македонскиот пејач инаку е некогашен учесник во „Пинковите ѕвезди“ и „Ѕвездите на Гранд“  од каде беше дисквалификуван и запаметен по кавгите и расправиите со  еден од колегите, а неговиот татко Ибро и со членовите на жирито. Адам и сега се обидува по секоја цена да го привлече вниманието на јавноста, да стане интересен, забележан и запаметен... Само што во „Задруга 6“ не пее туку раскажува приказни, или поточно искуства и догодовштини од сопствениот живот... Овој пат, наводно од професионално-љубовниот. Имено, Лабунски  непосредно пред влегувањето во имагинариумот, тврдеше дека  во моментов популарната пејачка и „Гранд ѕвезда“, Тијана Милентијевиќ попозната како „Жена од султана“, наводно, упорно го „напаѓала и мувала“ цела вечер на еден белградски сплав, но тој воопшто не бил заинтересиран за неа. „Едвај и побегнав на Тијана. Ме 'муваше' цела вечер. Ми велеше дека многу и се допаѓам. Неколку пати се обиде да ме бакне, но јас не бев во тој фазон. Таа е слатка девојка, но јас и реков дека сум зафатен и не сум подготвен за авантури од тој тип“ -  рекол Адам за српски Курир при влезот во „Задруга 6“ и додал: „Не и беше сеедно, а подоцна и самата ми кажа дека и таа е зафатена и дека има момче, но дека не е среќна со него и дека е пред раскинување. Не ѝ дадов повод било што да помисли, но беше многу непријатна ситуацијата. Бев изненаден што е толку нападна, но другите луѓе кои беа со нас во друштво ми рекоа дека е таква кога некој и се допаѓа“  рекол Адам. Она што го кажала Тијана пак, дијаметрално се разликува од изјавата на Адам Лабунски. За да ја слушнат и нејзината страна од приказната, српкиот портал ја повикал и Тијана М., која пак вели дека оваа приказна е смешна и дека преку неа Адам Лабунски само сака да стекне  популарност. „Искрено се смеам на ова. Како да коментирам момче кое бараше да му помогнам за да стане популарен пред влезот „Задруга“? – рекла пејачката. Дали навистина ова се случило, дали Тијана М. го „мувала“ Адам или ам си ја измислил приказната заради популарност - не е познато? Како што не е познато ни ако ја одбил, дали ја „одбил“ затоа што и е верен на својата свршеница Џејлана Дачиќ, со која наголеми ѕвона ја обзнани свршувачката пред две години која се случи на Босфорот, на нивното романтично патување во Истанбул кое Адам очигледно тогаш добро го испланирал. Арно ама, оттогаш до сега се' остана само на тоа, до свадба не дојде, а во меѓувреме исчезнаа и заедничките фотографии на пејачот и неговата свршеница од неговиот Инстаграм, а Адам неа ниту пак ја спомена, дури ни при влезот во „Задруга 6“ и не  појасни дали е се' уште верен или е повторно соло? Сепак, едно е сигурно: Ако навистина таа вечер на белградскиот сплав се случило така како што кажува Лабунски, секое вистинско машко ќе ви го каже истото... Да ја одбиеш „Жена од султана“, мора или да си геј или да си Адам!? Фото: Инстаграм принтскрин/adamlabunski/tijanamilentijevic.official    ]]>