полупразна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Oct 2021 12:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png полупразна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На концерт само вакцинирани со две дози во полупразна сала https://arhiva.vistina.com.mk/na-koncert-samo-vakcinirani-so-dve-dozi-vo-poluprazna-sala/ Thu, 14 Oct 2021 12:34:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223010

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор во театри, кина, филхармонија и други објекти, со што максималната исполнетост на салата се зголемува на 50% проценти од капацитетот на салата наместо досегашните 30% исполнетост. Дополнително се воведува условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против Ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.]]>

На концертот во Скопје, Анастасија пееше во полупразна сала (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-koncertot-vo-skopje-anastasija-peeshe-vo-poluprazna-sala-foto/ Wed, 16 May 2018 11:04:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27336

Анастасија го почна концертот во салата „Борис Трајковски“ со енергичен настап. Сепак, не успеа да ја наполни салата како некои други светски изведувачи кои претходно настапуваа во истата. Со неа на сцена имаше петчлен бенд кој ги свиреше песните во живо и две девојки како придружни вокали.
Анастасија рече дека е многу возбудена и дека првпат настапува во Македонија. Концертот во Скопје ниту музички ниту визуелно не се разликува од оние во другите европски метрополи во кои што Анастасија ќе го претстави својот нов албум. Покрај песните од истиот, на сцената во „Борис Трајковски“ присутните имаат можност ексклузивно да ги слушнат безвремените хитови како: Left outside alone, Sick and tired, Paid my dues, I’m Outta love…и многу други.
Анастасија од 2000 година, кога почна нејзината популарност има продадено 52 милиони албуми. Првиот албум во 2000 година ѝ донесе голем светски успех. Следната година е прогласена за најдобар поп женски изведувач, а во 2002 година ја испеа химната на Светското првенство во фудбал. Во 2005 година светски хит кој уште се пее, стана нејзиниот дует со Ерос Рамазоти, I Belong To You.
Анастасија направи пауза во кариерата од 2006 до лани, а Скопје е дел од нејзината повратничка турнеја Evolution. Извор:Скопјеинфо.мк Фото: Макфакс
]]>