полна празнина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Oct 2021 07:46:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png полна празнина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Ристеска со емотивно сеќавање на нејзниот починат татко: „Кога душата ти тагува не и е до песна, иако ти напишав јас една и кога ќе соберам храброст и сила, ќе ја објавам“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-risteska-so-emotivno-sekjavanje-na-nejzniot-pochinat-tatko-koga-dushata-ti-taguva-ne-i-e-do-pesna-iako-ti-napishav-jas-edna-i-koga-kje-soberam-hrabrost-i-sila-kje-ja-objavam-foto/ Fri, 01 Oct 2021 07:16:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221335

Елена Ристеска иако важи за една од најголемите македонски поп ѕвезди последниве години, евидентно е дека се' помалку се занимава со музика. Поминаа повеќе од пет години откако нејзиниот последен албум „Без шминка“ се појави, и оттогаш  пејачката само повремено и спорадично се појавува на некој  настап, или ја има во медиумите заради нејзините песни и музиката воопшто. Елена последниве години се посвети на својата нова определба, козметиката, па со нејзината козметичка линија, односно нејзниот бренд парфем  „Ера“ и шампоните и гелови за туширање од истата марка се повеќе е присутна во јавноста. Дали заради општите околности во кои естрадата и општеството воопшто западнаа или заради низата лични премрежја со кои се соочи во приватниот живот, како разводот на бракот и особено смртта на нејзиниот татко со кој Елена очигледно била многу блиска и поврзана.  Токму заминувањето на најмаркантната машка фигура во нејзиниот живот  ќе и го скрши не само срцето, туку ќе и го смени комплетно животот, ќе и го „убие“ целиот елан, желба и мотивација, комплетниот предизвик  за песна и занимавање со музика воопшто, па Елена ќе почне да рабои и нешто сосема друго. Но ветувањето, аманатетот дека еден ден вистински ќе се врати, онака како што јавноста ја познава, а можеби и уште посилна, поенергична, подобра од било кога, остануваат... Прашање на време е само кога тоа ќе се случи, кога „девојчето со чорапчињата“ од „М2 потрагата по ѕвезди“ повторно ќе се разбуди во неа, за да блесне и експлодира со некаков нов „нинанајна“  успех „без шминка“... Овој пат... „доживотно“! Тоа јавно му го вети на најсаканиот човек  во нејзиниот живот, а и го должи и на нејзината публика... Токму потсетувањето на денот на заминување на нејзиниот починат татко со емотивно сеќавање на социјалните мрежи, ја открива сета нејзина болка и патина во деновите и години „полни празнина“ без него. Но и пораката, дека саканите што заминале физички не можеме да ги вратиме, но затоа можеме да им вратиме со полна душа и срце за се' што за нас направиле... Во случајот на Елена Ристеска - со песна! „На овој ден пред 5 години беше нашиот последен поздрав со твоето тело, но душата твоја не’ напушти на 29ти. И секогаш мислев дека на денот на починувањето ќе ми биде најтешко и секој следен таков датум, ама потешки се деновите кои доаѓаат после тој ден. “Полни” се сите денови со празнина. Ќе рече некој душите не не’ напуштаат, не знам колку е вистина тоа ама мене ми е единствената утеха со која одбирам да живеам. Не сакам да прифатам дека те нема , ама максимум што можам да прифатам е да мислам дека си некаде далеку во друга држава и дека ти е најубаво, дека затоа не си тука. Знам дека си горд на мене и дека се’ гледаш и се’ слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката,но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не и’ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку. И затоа полесно ми е да работам нешто друго а не музика. Ама ветувам пак ќе пеам како некогаш , ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат. Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам… Не постои љубов како твојата ТАТО“. Фото: Фесјбук и Инстаграм принтскрин/elenaristeska_era]]>