полициска станица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 21 Feb 2022 07:33:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png полициска станица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Полицијата тренираше строгост врз естрадата: Со лисици и буткање во комбе како најголем криминалец, пејачот Александар Тарабунов приведен по настап во Битола! https://arhiva.vistina.com.mk/policijata-trenirashe-strogost-vrz-estradata-so-lisici-i-butkanje-vo-kombe-kako-najgolem-kriminalec-pejachot-aleksandar-tarabunov-priveden-po-nastap-vo-bitola/ Mon, 21 Feb 2022 07:33:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239825

Пејачот Александар Тарабунов во неделата, рано утрото бил приведен во битолската полициска станица а во рамки на голема акција на МВР и државните инспекторати. Имено Тарабунов по концертот со Камерниот оркестар насловен „Засекогаш во срцето“, оваа година посветени на Тоше Проески и Аки Рахимовски, настапувал и во едн познат битолски локал, кој бил еден од 4-те објекти кои беа исконтролирани.
„Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапував, како да сум најголем криминалец. Со лисици и со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот нè држеа до 8 сабајле, на крај нè пуштија така, слободни сте… Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, сè решено“- напиша Тарабунов на својот инстаграм-профил.
МВР вчера, недела 20 февруари 2022 год. веќе информираше за акцијата. Имено во периодот од 01.30 до 04.30 часот ноќеска полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола, соопшти МВР.
Како што се наведува во соопштението во два ноќни клуба е пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) и ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик, едно лице употребило лажен ковид сертификат и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби. Исто така ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани прекршоци и по законот за пушење. 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без да поседуваат ковид сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат и ќе следат соодветни поднесоци. Исто така, констатирани се и случаи на неиздавање на фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување. Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandartarabunov Видео: Јутјуб
]]>

Кристијан Голубовиќ раскажа што се’ правел во затвор: „Сечел стомак со стакло, си ги гризел цревата, целиот се намачкал со сопствениот измет…“ https://arhiva.vistina.com.mk/kristijan-golubovikj-raskaza-shto-se-pravel-vo-zatvor-sechel-stomak-so-staklo-si-gi-grizel-crevata-celiot-se-namachkal-so-sopstveniot-izmet/ Wed, 03 Feb 2021 11:02:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188042

Кристијан Голубовиќ (51) раскажа уште една нова во низата свои бизарни приказни! Поранешниот озлогласен криминалец и затвореник, сега ријалити ѕвезда се обиде да објасни од каде му се бројните лузни на стомакот, па „измисли“ дека се предизвикани од сечење со стакло во затвор, а потоа си ги јадел  цревата?! Учесникот во реланото шоу „Задруга 4“ тврди дека се решил на овој болен потег кога управата на затворот каде што бил затворен не му дозволила да излезе за време на викендот. „Стомакот ми е полн со лузни! Да го искусевте сето ова што сум го минал јас, ќе бевте оддамна мртви! Не знаете какво животно сум“ -  ја започна приказната Кристијан, а потоа ги шокираше своите цимери и јавноста. „Кога бев во затвор, побарав да излезам за време на викендот бидејќи му беше роденден на мојот син Лазар. Не ми дозволија! Од револт, ја зграпчив чашата, и си направив рез од 98 цм од бубрег до бубрег и буквално си го отворив стомакот! Потоа одгризав дел од цревата. Никогаш не сум почувствувал таква смрдеа во животот. Полицајците кои беа присутни буквално се онесвестија, не можеа да поверуваат во она што го видоа. На едниот навистина му се слоши, крвниот притисок му скокна на 200!“ - раскажа Голубовиќ и додаде дека поради тоа и денес има проблеми со стомакот. „Лекарите мораа да ми извадат дел од цревата. Беше навистина гадно. Јас и сега трпам последици, имам многу чувствителен стомак и црева. Сè што поминав ме направи помудар, па се смирив“. Сепак, тоа не бил крајот на глупостите на еден од ретките преживеани херои на документарниот филм „Се гледаме во некролог“. Тој и друг пат успеал да ги преплаши и згрози затворските чувари. „Еднаш толку се вознемирив што целиот се измачкав со сопствениот измет. Кога полицијата ми пријде и го виде тоа, чуварите почнаа да повраќаат. Ме однесоа во лудница! Мислеа дека сум одлепил, ама јас ги измамив“ - се пофали Кристијан Голубовиќ, тврдејќи дека тој постојано и правел големи проблеми на српската и странската полиција. „Имам повеќе дела од Иво Андриќ! Освен што го исеков стомакот, се тепав со целата станица, скокав од прозорец, проппаднав низ покривот ... Еднаш скокнав од прозорецот на полициската станица врз паркирано „Фиќо“ и пропаднав во него. Бидејќи сум голем, се заглавив, не можев да се помрднам. Потоа мораа да се јават во противпожарната служба за пожирникарите да дојдат да го сечат покривот и да ме извлечат“ - раскажа Кристијан. Фото: Инстаграм принтскрин/kristijan.krile_official]]>