полен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 19 Apr 2023 11:35:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png полен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Храна што треба да ја избегнувате ако имате алергија на полен https://arhiva.vistina.com.mk/hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-ako-imate-alergija-na-polen/ Wed, 19 Apr 2023 11:35:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298680

Сите оние кои имаат алергија на полен знаат дека постојат различни начини за ублажување, но понекогаш ниту еден од нив не е доволно ефикасен и покрај трудот. Една од работите што исто така влијае на алергијата е исхраната, односно има намирници кои можат само дополнително да ја влошат состојбата. Затоа, во таква ситуација треба да се избегнуваат следниве намирници: Млечни производи Млечните производи можат да го стимулираат производството на слуз, што ги влошува симптомите како затнат нос и течење на носот. Додека е активна таканаречената пролетна сезона на алергени, можеби е најдобро да избегнувате храна како млеко, јогурт, па дури и сирење. Кога имате алергија на полен, телото ослободува хистамин како одбрана од нешто што го доживува како закана. Телото може да произведе хистамин, но може да се најде и во одредени видови храна и пијалоци, вклучувајќи го и алкохолот, што значи дека редовното консумирање алкохол ќе го зголеми нивото на хистамин во вашето тело и ќе доведе до чешање на кожата и затнат нос. Кафе Ниту вие не треба да пиете кафе, бидејќи како и алкохолот содржи големи количини на хистамин, што значи дека секој пат кога ќе посакате да пиете кафе, може да ги влошите симптомите на алергија. Јаткасти плодови Иако јаткастите плодови се една од најздравите намирници што можете да ги јадете, тие исто така содржат хистамин. Ова особено се однесува на оревите и индиските ореви. Затоа избегнувајте ги овие видови на храна и обидете се да ги замените со маслиново масло како извор на здрави масти во овој период. Извор: Курир.мк]]>

Добрата страна на алергијата на полен https://arhiva.vistina.com.mk/dobrata-strana-na-alergijata-na-polen/ Thu, 28 Mar 2019 13:30:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79891

Алергијата на полен е многу честа, најчесто се јавува на пролет и во лето, кога многумина мака мачат со кивање, пекање и чешање на очите, течење нос и слично. Алергијата влијае и на психичкото здравје и создава чувство на нервоза. Но, малкумина знаат и за нејзината добра страна. Нови истражувања покажуваат дека луѓето кои страдаат од алергија на полен се изложени на помал ризик на некои видови рак, во однос на оние кои немаат алергија. Истражување спроведено на Американскиот Национален институт за рак откри дека ризикот од рак на грло, грло на матка и крајници за третина е понизок кај луѓето кои се алергични на полен. Научниците набљудувале 1,7 милиони луѓе во САД на кои им биле дијагностицирани разни облици на рак во периодот меѓу 1992 година и 2013 година, а податоците ги споредиле со стотина илјади здрави луѓе, на слична возраст и од ист пол. Потоа ги споредиле податоците за алергијата на полен во двете групи и сфатиле дека многу повеќе има во групата каде нема заболени од рак. Зошто токму поленската алергија го намалува ризикот од овие видови рак не е познато, но постои една теорија како објаснување. Се смета дека поради алергијата телото врши постојан имунолошки надзор, односно постојано го скенира телото и потоа ги уништува евентуалните канцерогени клетки. Кај алергиите на полен имуниот систем безопасниот полен го доживува како закана и лачи хистамин за телото да се ослободи од наводниот натрапник. Затоа луѓето кои имаат алергија користат антихистаминици, за да ги ублажат ефектите од хистаминот. Но, постојаната изложеност на полен во пролет и во лето значи дека имуниот систем е постојано активен и зголемено врши имунолошки надзор на организмот, а со тоа го брани телото од рак, извор: кајгана]]>