полемика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Sep 2022 07:56:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png полемика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ќерката на Топалко мета на негативни коментари: Нејзините комбинации со длабоко деколте предизвикаа полемика (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-topalko-meta-na-negativni-komentari-nejzinite-kombinacii-so-dlaboko-dekolte-predizvikaa-polemika-foto/ Wed, 07 Sep 2022 07:56:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265861

Ќерката на пејачот Топалок, Хелена Топаловиќ со своите секси аутфити редовно предизвикува лавина коментари на социјалните мрежи. Наследничката на пејачот се омажи за бизнисмен, па ужива во животот и нон-стоп се пресоблекува. Доста често станува збор за комбинации кои покажуваат бујно деколте, за кое многумина коментираат дека е силиконско. На Твитер се водеше полемика за градите на Хелена, па следеа и критики и пофалби. „Што ти ги држи градите во таква кошула, жено?!“, „Каква фатаморгана е ова, што е ова луѓе мои?!“, „Не ја разбирам оваа кошула или како функционира, не ја разбирам, но  немам гајле, уживам во глетката“, „Кој на оваа фотографија виде маица ?!“, „Навистина го ценам овој модел... маици“, беа коментарите. Фото:Принтскрин/Инстагарам/helena_topalovic]]>

Анабела му го плесна в лице на некогашната „Гран ѕвезда“: „Кога јас имав хитови, ти мо*каше во песок“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/anabela-mu-go-plesna-v-lice-na-nekogashnata-gran-dzvezda-koga-jas-imav-hitovi-ti-mo-kashe-vo-pesok-foto/ Fri, 04 Mar 2022 10:31:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241697

Пејачката Анабела Атијас и нејзиниот колега Немања Николиќ  во емисија полемизираа околу нивните хитови. Имено, водителката Леа Киш прво прокоментирала како прочитала дека Немања во едно интервју изјавил дека „живее од старата слава“, на што тој сега одговори: „Некои песни се издвоија од првиот албум и после тоа снимив 70-тина песни кои не беа ни блиску. Нема ништо лошо во тоа, не сум навреден, едноставно е така“ - беше искрен пејачот, а Анабела се надоврза велејќи дека во тоа нема ништо лошо и дека и таа ужива во нејзините стари песни кои сè уште се слушаат со истиот жар. Немања тогаш се пошегува дека неговата песна „Да се ​​напијам“  која ја изведе во „Ѕвездите на Гранд“ пред 17 години, а пејачката веднаш му возврати: „Кога јас имав хитови, ти се' уште мо*каше во песокот“- рече таа низ смеа, алудирајќи на разликата во годините. Фото: Инстаграм принтскрин/nikolicnemanjafb/anabelci
]]>

Саше Љолес и Панчо – ДНК влегоа во конфликт… или само во полемика: „Има само една и единствена навивачка химна за нашите фудбалери и се вика…?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sashe-ljoles-i-pancho-dnk-vlegoa-vo-konflikt-ili-samo-vo-polemika-ima-samo-edna-i-edinstvena-navivachka-himna-za-nashite-fudbaleri-i-se-vika-foto/ Thu, 17 Jun 2021 08:01:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207370

„Македонија на Европско“ или... „Одиме на на Европско првенство“... Или можеби „Але, але Македонија“ или...? Историјата испишана, онаа фудбалската за Македонија се разбира, ама има ли македонска историја без недоразбирања? Откако сме учеле на училиште ( по старата добра програма, не оваа „диригирано - дигиталната“), низ историјата векови наназад не следат поделби!? Од антика, ако сме антички Македонци, преку Самоила ако сме Словени, Гоце, Јане... и останатите војводи и комити во турско, преку Рацин, Ченто... и останатите партизани во НОБ, па се' до денес... Патриоти и предавници, „комуњари и вмрони“, „каури и шиптари“... Црно-бел свет на поделби откако е света и века кај нас...! Затоа и не изненадува иако многумина можеби и се зачудија, кога и на најголемиот историски спортски или поточно фудбалски успех на Македонија - страните се поделија. Овој пат,оние естрадните...! Или барем така изгледа!? Ама да тргнеме со ред! Имено, естрадните уметници како Саше Љолес и Пеце -„Суперхикс“ први се сетија или не се сетија, ама секако први ја обзнанија и потоа и објавија идејата за македонска навивачка химна за тогашпретстојното, сега тековното ЕУРО 2020 кое заради корона пандемијата се игра година подоцна низ речиси цела Европа. Набргу нивната „Одиме на Европско првенство“ под името „ВИС Рисови“ беше промовирана и со одлично видео поддржана и од ФФМ и од фудбалерите, естрадата, навивачите, целата спортска и обична јавност. Не помина многу, добивме уште една таква навивачка песна наречи ја, химна  викајте ја... како сакате, но факт е дека Панчо и Андреј од ДНК и пријателите ја исфрлија во етерот „Македонија на Европско“ заедно со видеоспотот во кој одново се нашите фудбалери, познати и јавни личности, дел од естрадата... Слично ама различно, концептот тој, идејата исто толку племенита, само песната поинаква. Само неколку дена подоцна, осамна уште  еден полуаматерски обид за нешто слично, не така раскошен ниту музички, ниту визуелно како претходниве два насловен: „Але, але Македонија“ отпејаа и аматерски го визуелизираа две девојки и едно момче: Невена, Калина и Наум Нешковски.  Трета песна или навивачка химана за Македонија на ЕУРО 2020, како сакате наречете ја, ама ете ја... и неа ја има. И нема ништо лошо во сето тоа - напротив, убавината е во разновидноста, во различноста, во лепезата од идеи, звуци и слики, сплотени во две бои: Црвена и жолта и една единствена желба за што поуспешен настап на Македонија на ЕУРО 2020. Арно ама, да се вратиме на почетокот... На „вечното проклетство“ и дилемата може ли кај нас да има едно убаво нешто со заеднички желби, без да има поделби? Имено, авторите на првично споменатите две навивачки песни или химни заминаа за Букурешт да ги бодрат македонските фудбалери. Не е познато дали се најдоа низ улиците на романската метропола илисесретнаа на трибините на Националната арена, ама затоа Саше Љолес и Панчо-ДНК „се најдоа“ на социјалните мрежи, па на Фејсбук влегоа во конфликт... Или само во полемика: Дали има само една и единствена навивачка химна за нашите фудбалери на ЕУРО и како таа се вика? Или во превод:  Која од нивните две е официјалната химна, а која само „обична навивачка песна“?   Саше Љолес прв објави на својот ФБ прифил дека неговата/нивната, онаа на ВИС „Рисови“ насловена „одиме на Европско првенство“ е една и единствена...!? Владимир Блажев, алијас Панчо - ДНК не издржа да не одговори на латентната провокација: „ Стварно е една, единствена и најдобра“ - возврати на Фејсбук. „Единствена официјална и уште неколку неофицијални“ - потенцираше Саше Љолес, на што следеше ново возвраќање од Панчо во „вербалната пинг-понг преписка“ на двајцата естрадни уметници:
„Ама неколку песни - не химни“.
Потоа Саше Љолес проба да ја „спушти топката“, веројатно сфаќајќи дека „разжестувањето на битката“ не води никаде: „Нека се прават што повеќе песни и нека се слави овој успех!“ - одговори Љолес и додаде: „Кој како сака нека си ги вика бе брат“ - на што Панчо веројатно задоволен од одговорот и костатацијата „остана нем“!
Невена, Калина и Наум Нешковски и нивната „Але, але Македонија“, никој не ги спомна. А и таа навивачка химна или песна за Македонија на ЕУРО 2020 нели е, каква и да е?!
За „навивачките  класици“  и да не говориме. “Црвена боја ми е најмила“ на Ристо Самарџиев и Дарко Мијалковски, „Само за Македонија“ на бендот „Дени те чува“  или „Македонија навива за вас“ на Александар Митевски, испеана од Тоше, останаа забаталени во некое зафрлено навивачко ќоше или...?!
Или „овие деца“ се водеа по максимата: „Сега е наше време“, а Македонија... Вечна!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/djshortypofficial/Sase Ljoles