полеал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Oct 2021 11:18:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png полеал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Британската водителка, автор и инфлуенсерка Кејти Пајпер минала низ пекол: Била преубава пред бившото момче да ја силува и полие со киселина в лице (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/britanskata-voditelka-avtor-i-influenserka-kejti-pajper-minala-niz-pekol-bila-preubava-pred-bivshoto-momche-da-ja-siluva-i-polie-so-kiselina-v-lice-foto/ Wed, 06 Oct 2021 11:17:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221963

Британската водителка, авторка и инфлуенсерка Кејти Пајпер на социјалните мрежи откри дека била итно хоспитализирана откако се задавила од храна. Таа била подложена на операција на хранопроводот, и објаснила дека го има овој проблем бидејќи не може добро да голта поради лузните што ги имала во пределот на вратот. Со селфи без трошка шминка од болничкиот кревет, Кејти рече дека сега се чувствува добро, а потсети и дека споменатите лузни се последица на страшна несреќа што ја погоди во 2008 година. На ова селфи, таа се покажа сосема отворено, без филтри и шминка, што секако бараше многу храброст, нешто што ја краси оваа позната 37-годишна жена. Имено, во 2008 година, оваа дама имаше се' што може да посака една млада девојка - слава, убавина, добра кариера, пари ... Но, истата година, се соочи со траума по која ништо не беше веќе исто! Таа кобна година, таа беше жртва на нејзиното тогашно момче Даниел Линч, кој го организираше нападот врз неа - ангажираше професионалец кој истури сулфурна киселина врз лицето на Кејти. Како резултат на овој монструозен чин, Кејти ослепе на едното око, а кожата на лицето и беше целосно уништена ... Година и пол по инцидентот, таа се повлече од јавноста, обидувајќи се да застане на нозе и лекува траумите и раните, како физички, така и психички. После тоа, таа одлучи да не се крие и да зборува за се' со цел да им помогне на жените кои исто така беа жртви на некаков вид насилство. Кејти беше на почетокот на нејзината манекенска и водителска кариера во моментот кога беше нападната. Таа ја освои титулата Мис Винчестер и имаше големи планови, кога го запозна гореспоменатиот Даниел, со кого наскоро влезе во врска. По само две недели врска, тој брутално ја силувал и малтретирал точно осум часа, по што испратил познаник да и истури киселина врз лицето. Сепак, раката на правдата стигна по него и тој беше уапсен и осуден на доживотен затвор, а минимумот што мора да го служи, дури и ако добие помилување е 16 години. Денес, Кејти успеа делумно да го реконструира своето лице благодарение на бројните естетски зафати. Имала повеќе од 200 операции со цел да го врати своето здравје, но и да го реконструира лицето. Напишала три книги за своето искуство, таа е многу социјално активна, ја следат речиси милион луѓе на Инстаграм и дури успеала повторно да се најде пред камера - често е ангажирана како водителка на телевизиски емисии. Сега е среќна  во брак со градежниот изведувач Ричард Џејмс Стант од 2015 година, а двојката има и две ќеркички. Фото: Инстаграм принтскрин/katiepiper_/Profimedia]]>