поетска збирка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Jul 2023 10:20:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png поетска збирка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нова поетска книга на академик Влада Урошевиќ на руски јазик https://arhiva.vistina.com.mk/nova-poetska-kniga-na-akademik-vlada-uroshevik-na-ruski-jazik/ Fri, 07 Jul 2023 10:20:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309419

Издавачката куќа Центар за книга „Рудомино“ обjави нова поетска книга на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година. Книгата насловена „Jужна sвезда“ содржи над 200 песни создадени во текот на неговото шеесетгодишно книжевно творештво. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија. „Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пеjач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“. Автор на овоj проект е Олга Панкина, коjа ги состави и преведе двете поетски книги проследени со исклучителни колажи на Влада Урошевиќ. Влада Урошевиќ им е познат на руските читатели не само како поет, туку и како прозен автор, благодарение на преведените романи од страна на Панкина. Тоа се – „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ (“Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други. Извор: Република]]>

Соња Здравковска Андоновиќ ја промовираше новата поетска збирка „Ex Voto“ https://arhiva.vistina.com.mk/sona-zdravkovska-andonovik-ja-promovirashe-novata-poetska-zbirka-ex-voto/ Fri, 14 Apr 2023 07:14:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298215

На 13-ти април 2023 (среда), во галеријата „Ко-Ра“ во Скопје се одржа промоцијата на новата поетска збирка „Ex Voto“ на поетесата Соња Здравковска Андоновиќ. На овој литературен настан присуствуваа голем број вљубеници во книжевноста, кои имаа можност да уживаат во едно прекрасно поетско читање на новите песни на авторката. На овој литературен настан присуствуваа голем број вљубеници во книжевноста, кои имаа можност да уживаат во едно прекрасно поетско читање на новите песни на авторката. Стиховите ги читаше актерката Димитрина Мицкоска, промотор на збирката беше проф. д-р Ана Мартиноска, а модератор на настанот беше Александра Велинова. Книгата е издание на „Дијалог“ од Скопје. Авторката Соња Здравковска Андоновиќ е родена на 5.3.1972 година, во Битола. Дипломирала на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик во 1996 година. Завршила магистерски студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2012 година. Таа работи како професорка по македонски јазик и литература во средно образование од 1996 година. Пишува поезија од најрана возраст. Во наставата, своите ученици несебично ги запознава со убавините на пишаниот збор, но и со убавината на македонскиот јазик.]]>