поетеса – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Jan 2021 12:04:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png поетеса – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога Дијана ОГ ќе се појави, мириса на – „Беља“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-dijana-og-kje-se-pojavi-mirisa-na-belja-video/ Wed, 27 Jan 2021 12:01:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187040

Дијана Дурлевиќ е 19-годишна скопјанка која кариерата ја започна како млада поетеса, а зад себе има објавено шест збирки поезија. Но нејзиното „второ јас“ ќе ја втурне во светот на музиката и естрадата, па така Дијана Дурлевиќ ќе стане Дијана ОГ која публиката ја препознава како траперката која е без влакна на јазикот, како во стиховите на своите песни, така и во изјавите и интервјуата што ги дава.

За разлика од оние естрадни ликови кои пеат едно, а зборуваат друго, кај оваа млада девојка важи: „Што на ум, тоа и на друм“.

Затоа Дијана и нема баш проблем да каже кого не може да гледа и кој ја вади од кожа. Признава дека искреноста и донела низа неволји, ама вели не се оптоварува со тоа. Иако сега поезијата е ставена на пауза заради музиката, таа открива дека пишувањето е нејзина голема љубов и нема да се откаже од неа.

„Не ни сакам да ме споредуваат со никоја, зашто сум најгоре, над сите женски артисти кај нас“ - порачува Дијана во свој стил и открива дека е во преговори со естрадни имиња од соседството за дует.

За кусо време оваа млада девојка успеа да сними дури 7 песни и исто толку видеа, од кои последното насловено „Беља“ кон крајот на минатата година. Музиката и стиховите се нејзино авторство, битот е на Joezee Production, додека миксот и мастерот ги направил Марио Јелиќ - Кун, како и аранжманот заедно Антонио Стојановски - Тонито,  момчињата од популарното трап дуо „2Бона“. Комплетната реализација на видеото за песната ја потпишува SteadyFlow, а како изгледа кога Дијана ОГ ќе предизвика женска „Беља“, проследете во продолжение:   https://www.youtube.com/watch?v=_RNzOIG7eNc]]>