подземје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Dec 2020 11:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png подземје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Клан“: Почнa со емитување на ТВ серијата за убиството на Аркан и растот на „Земунскиот клан“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/klan-pochna-so-emituvanje-na-tv-serijata-za-ubistvoto-na-arkan-i-rastot-na-zemunskiot-klan-video/ Wed, 30 Dec 2020 12:41:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183161

Од перото на прославениот режисер Слободан Скерлиќ и од продуцентската куќа „Светулка“ на крајот на годината пристигна новата серија „Клан“. Главни ликови во серијата се Шок и Паша, кои ги играат младите актери Александар Димитријевиќ и Недим Незировиќ во насловните улоги. Суштината на заговорот носи трагикомични ситуации што ги следат двајцата ситни крадци од белградските предградија, кои по игра на случајноста, ќе се најдат во срцето на високиот криминал, поради бизарни настани. Покрај Димитријевиќ и Незировиќ, во „Клан“ ќе ги гледаме Владимир Ковачевиќ, Ненад Ј.Поповиќ, Младен Совиj, Иван Зариќ, Урош Јовчиќ, Милош Танасковиќ, Милош Петровиќ Тројпец и други.Креатор, режисер и сценарист на серијата „Клан“ е Слободан Скерлиќ, кој е познат по режијата на филмовите „До коске“ и „Топ је био врео“. Директорка на фотографија е Маја Радошевиќ, сценограф е Кирил Спасески, костимограф е Тања Радишиќ, а шминката ја потпишува Дубравка Бушатлија. „Клан“ инспирирана од животот на подземјето во Србија во деведесеттите и почетокот на овој век. Првата епизода почнува со убиството на „Тигар“ во еден хотел во Белград , односно на Жељко Ражнатовиќ - Аркан во хотелот „Интерконтинентал“ во 2000 година. Тоа ќе ги размрда мафијашките кругови во Србија во ситуацијата кога го нема „најголемиот“. Парлалелно ќе го следиме патот на двајцата на почеток ситни криминалци Шок и Паша, кои во вистинскиот живот беа „Шиптар“ и „Кум, водачите на „Земунскиот клан“. Погледнете го трејлерот за серијата: https://www.youtube.com/watch?v=v9PLnr09uAk&feature=emb_logo]]>

Скандали, афери, местенки, измами, секс, дрога, криминал… Сораја објавува автобиографија – никој нема да биде поштеден! https://arhiva.vistina.com.mk/skandali-aferi-mestenki-izmami-seks-droga-kriminal-soraja-objavuva-avtobiografija-nikoj-nema-da-bide-poshteden/ Tue, 06 Feb 2018 12:18:23 +0000 http://vistina.mk/?p=11900

Српската старлета Сораја  Вучелиќ ќе пишува книга за скандалите од својот живот во кои се вмешани голем број на бизнисмени, политичари, спортисти, пејачи и актери.
Српската  естрада е во паника бидејќи популарната старлета Сораја пишува автобиографија. Таа одлучила да ја заинтригира јавноста со детали од својот живот за кој официјално не се знае речиси ништо, а низ анегдоти ќе спомене и бројни јавни личности.
Познато е дека таа се дружи со најмоќните и најпопуларни лица во Србија. Со сите минала низ разни ситуации за кои ќе пишува во својата автобиографска книга. „Толку многу се пишуваше и зборуваше за мене што мислам дека е жално да не објавам книга. Некогаш не бев во ситуација да одговорам на некои прозивки или трачеви, па така сега вистината за сите нив ќе биде обелоденета“ - најви Сораја.
Таа планира да открие кој стои зад  палењето и уништувањето на нејзините скапи автомобили, за врските со многу контроверзни лица од политиката, криминалот, подземјето, бизнисот, естрадата... Сораја е свесна дека книгата ќе предизвика вистински хаос, но вели дека воопшто не ја интересира што јунаците од нејзините приказни не сакаат некои тајни да се дознаат.
„Навистина ми е жал што некои нема да можат мирно да спијат пред, а и откако книгата ќе ја здогледа светлоста на денот. Ќе има и такви на кои нема да им биде добро кога ќе се промовира романот. Секој по заслуга. Постојат личности кои многу ми згрешиле, па редно е некои работи да бидат разјаснети. Ќе има и случки и личности кои само ќе бидат споменати, за читателите самите да погодуваат за која личност станува збор. За оние кои преку мојот грб сакаа маркетинг ќе има посебно поглавје“ - додава Сораја.
Сораја вели дека уште на самиот почеток се соочува со „проблем“ бидејќи имала доволно материјал за два романи, па доколку се’ се смести во еден, ќе останела недокажана. Затоа можни се и неколку продолженија на нејзините автобиографски случки, кои како што самата Сораја тврди,  никој жив нема да може да го сопре нивното издавање или да ги цензурира.
„Јас сум самата господар на својот живот и го живеам како што сакам, никој не може да ми се меша“ - децидна е старлетата.
]]>