подрумот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Aug 2023 13:23:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png подрумот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Андоновска во чест на 120 години Илинден ја промовираше новата верзија на народната песна – „Тапан чука мила мамо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-andonovska-vo-chest-na-120-godini-ilinden-ja-promovirashe-novata-verzija-na-narodnata-pesna-tapan-chuka-mila-mamo-video/ Fri, 04 Aug 2023 13:23:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312723

Ден пред големиот Македонски празник Илинден, Елена Андоновска на својот YouTube канал најави премиера за песната „Тапан чука мила мамо“. Станува збор за народна песна која доби нов музички аранжман овој пат во соработка со Златко Миладиноски. Песната се снимаше во музичкото студио “Подрумот” во музичка продукција на Ангел Ќосев. Како музички соработници ги слушаме Илија Филиповски – виолина, Даниел Маневски – кавал, Златко Миладиноски – тамбура, Андреј Трајковски – зурла, Марјан Андоновски – ударни инструменти, Горан Гешовски – бас гитара, Томислав Димовски – електрична гитара.   Видео записот е во реализаија на MoonLight Production. Како продуцент и сценарист се потпишува Марјан Андоновски, режисер – Димитар Сеизов, Директор на фотографија – Дарко Елек. Во улога на мајка ја гледаме Лилјана Михајловска, првенка на Ансамблот “Танец” која пензионерските денови ги поминува активно и креативно со голема љубов кон уметноста и македонската култура. Голема благодарност за соработката Елена упатува на Универзитетскиот ансамбл при УГД – Штип, Ансамбл “Македонија”, а воедно и кон Проф. Д-р Владимир Јаневски за уметничката соработка во делот на народната носија. Елена и овојпат совршено го долови спојот на современото и традиционалното па покрај градскиот фустан со кој ја претстави модата на почетоците на XX век, Елена ја гледаме и во уникатна модна креација од модната куќа Елена Лука. Ова не е нивна прва соработка, а мора да признаеме дека оваа модна креација која потсетува на раскошот на жените од митологијата совршено се вклопува во целата видео приказна. Елена вели дека љубовта кон Македонија и Македонската народна песна ја води низ кариерата и успесите. Овој проект е посветен на целиот Македонски народ кој го слави Илинден. Уживајте во звукот на „Тапан чука мила мамо“ и во видео приказната кои влеваат надеж дека македонската народна музика секогаш е во тренд. ]]>

Бојан Дамјаноски започна боемски со – “Прва и последна” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojan-damjanoski-zapochna-boemski-so-prva-i-posledna-video/ Tue, 21 Apr 2020 13:04:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145847

Кичевчанецот Бојан Дамјаноски го започна својот авторски проект насловен “Боемски”, а првата песна како и прва негова авторска е песната “Прва и последна” која конечно ќе исплива како песна со јасен уметнички израз и мелос! “Овој проект како и овој стил на музичко изразување ми беше во глава уште од оддамна.Само чекав да дојде вистинскиот момент на музичко созревање па да стартувам со работа на она што навистина ми излегува од душата, она боемското!” Зад оваа песна тој самиот се потпишува како автор на музиката, а текстот го напишаа заедно со Стефан Симјаноски. За аранжманот беше задолжен Златко Миладиноски, а е снимена во студиото на Анѓел Ќосев  - “Подрумот”, кој го ставил својот продуцентски печат на песната. Во најава е и втората авторска песна па по неа и албумот или така наречениот проект “Боемски”, останува да уживате во деби боемската нумера на Бојан. https://www.youtube.com/watch?v=ywjH7uF2A-Y&feature=emb_logo  ]]>

„Дупер“ останаа дуо, па го „испратија“ во етерот својот „Патник“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duper-ostanaa-duo-pa-go-ispratija-vo-eterot-svojot-patnik-video/ Thu, 26 Sep 2019 11:09:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109188

Откако од трио останаа двајца по напуштањето на тапанарката Мартина Баракоска и отказот од „Авалон продукција“, Борис Какуринов (гитара и клавир) Илчо Нечовски ( вокал и бас-гитара) најпрвин во месец мај годинава ја промовираа песната насловена „Пробај да ми бидеш“, а по завршувањето на летото еве ги назад на музичката сцена со нова песна. Овој пат темата носи наслов „Патник“ и истата како автори ја потпишуваат  (музика, текст и аранжман) самите членови на „Дупер“, додекаа снимањето, миксот и мастерингот се направени во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев. Стилски темата не отскокнува од претходните, го следи правецот кој и досега го практикуваше дуото и многу не изглегува од нивниот авторски концепт кој го негуваат, се разбира со мали аранжмански корекции на стилот. За песната е снимен и видеоспот кој е изработен од „Фроузен тајм дропс“. Како сето тоа звучи и изгледа проследете преку вашето аудиовизуелното патување низ нивниот „Патник“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=100&v=jHFVTTLUe-Y]]>

„Љубојна“ со филмска екранизација на симфониската „Севдо ле“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubojna-so-filmska-ekranizizacija-na-simfoniskata-sevdo-le-video/ Tue, 24 Sep 2019 09:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108649

„Драги фанови. Тазе од "кујната" на Љубојна. Погледнете го официјалното видео од нашиот нов сингл #СевдоЛе од албумот со Џијан Емин и Maкедонската филхармонија, кој излегува наскоро, насловен „Phonic Silence“. Благодарност до целата екипа која неуморно работеше на спотот и луѓето кои беа постојано околу нас за сé што ни треба“ - напишала вокалистката Вера Милошевска во најавата за новото видео на етно групата „Љубојна“, за песната „Севдо ле“. Инаку, видеото се снимаше уште летоска под режисерската палка на Сашко „Потер“ Мицевски во продукција на продуцентската куќа „Охо“. Уште тогаш, судејќи според споделените фотографии, беше извесно дека не очекува уште една одлична екранизација во која главните улоги ги добија актерите Наталија Теодосиева и Димитрија Доксевски.   Новото видео се снимаше токму во пресрет на концертот што „Љубојна“ го одржа на 7 август 2019  во „Антички тетатар“ – Охрид, во рамките на годинешното „Охридско лето“.   Инаку групата 2019 година ја започна со спектакуларниот концерт со Македонската филхармонија, одржан на 1 февруари, кога публиката уживаше со новите аранжмани на маестро Емин Џијан од каде е темата за „Севдо ле“, а во март од страна на  „Кроација рекордс“ беше објавен и албум со нивните најголеми хитови. Музиката е на Оливер Јосифовски, стиховите се на Вера Милошевска, миксот и мастерингот на Анѓел Ќосев, во чије студио „Подрумот“ е сниман материјалот, за чија оркестрација, инструментализација и аранжман се погрижил маестро Емин Џијан. И додека чекаме наскоро  да се појави и комлетниот материјал за новиот албум на „Љубојна“ чие излегување е најавено за идниот месец - октомври 2019, уживајте во филмската екранизација на првиот сингл симнат од него, темата „Севдо ле“. https://www.youtube.com/watch?v=vTcE4C6bLn0  ]]>

Тамара Стојковска е под „Друга ѕвезда“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-stojkovska-pod-druga-dzvezda-video/ Thu, 06 Jun 2019 10:14:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91641

Тамара има 22 години и  и во моментов ги завршува студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот за  музичка теорија и педагогија. Со пеење се занимава од 7 годишна возраст, а освен со музика се занимава и со глума во театарот Дел Арте во Битола.
Покрај работата како самостоен изведувач, Тамара е член на бендот „Страна Б“ со кој се дел од клубската сцена низ Македонија, и е дел од професионалниот хор ,,Про Арс”.
Ова е нејзина прва песна, предходно имаше неколку кавери со преработки на познати песни.
Музиката и аранжманот се на композиторот Давор Нечак, текстот е на Јосип Коцев. песната е снимена во студиото „Подрумот“ на Анѓел Ќосев кој  се потпишува како тон мајстор, а стои и зад миксот и мастерингот на песната.
Видеото е дело на Агон Исмајли и Зубер Красниќи. Сето тоа спакувано во музика и видео можете да гао проследите во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=X39VPn36xEk]]>