подови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Sep 2023 11:43:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png подови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трик за чистење подови: Во водата додадете една состојка и вашиот стан ќе заблеска https://arhiva.vistina.com.mk/trik-za-chistene-podovi-vo-vodata-dodadete-edna-sostojka-i-vashiot-stan-ke-zableska/ Thu, 21 Sep 2023 12:40:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319125

Доколку ве нервираат мали гребнатинки и дамки на ламинатот, ќе ве воодушеви трикот кој се користи за чистење пред професионалното фотографирање на станови за списанија. За убави слики, на кои подовите сјаат „како на реклама“, користете глицерин. Најпрво исчистете ги подовите со правосмукалка на вообичаен начин, а исто така можете да поминете сè со „првата вода“. Потоа истурете три до четири лажици глицерин во кофа со вода, промешајте и избришете ги подовите со оваа смеса. Исполирајте за висок сјај. Овој рецепт можете да го користите за ламинати, но и за паркет или линолеум. Мебелот од кожа исто така убаво се чисти со мешавина од вода и глицерин. Ако на некои места брзо се собира прашина, истријте го мебелот со вода и глицерин и ќе се ослободите од проблемот. За миење на запуштени прозорци, добра е мешавина од вода (70 ml) и глицерин (30 ml) и неколку капки амонијак. Со него испрскајте ги прозорците и добро избришете. Чистиот глицерин е одличен за одржување на гумата на фрижидери, замрзнувачи и автомобили. Можете исто така да користите глицерин за да ги отстраните дамките од ‘рѓа со мешање на лажичка течен сапун, глицерин и вода. Добро измешајте, па нанесете на дамката и оставете 24 часа. Измијте и по потреба повторете ја постапката. Загреаниот глицерин може да ги отстрани тврдокорните дамки од маснотии, но потоа може да остави траги на ткаенината. Можете да ги отстраните со поголема концентрација на детергент во прав. извор:попара.мк]]>