подолго – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Jul 2021 11:57:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png подолго – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новото истражување покажува: Врските кои започнале онлајн траат подолго од останатите https://arhiva.vistina.com.mk/novoto-istrazuvanje-pokazuva-vrskite-koi-zapochnale-onlajn-traat-podolgo-od-ostanatite/ Thu, 22 Jul 2021 12:30:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212175

Оние парови кои се запознале преку интернет, многу порано сакаат да започнат заеднички живот и да засноваат семејство. Апликациите за состаноци како што е „Тиндер“ ги користат голем број луѓе, особено откако светот го зафати пандемијата на коронавирус, па шансите да запознаете некоја нова личност се значително намалени. Едно истражување сега покажало дека оние врски кои започнале токму на тој начин – онлајн – траат подолго од останатите. Истражувањето било спроведено во Швајцарија на 3.235 парови постари од 18 години, а психолозите според резултатите заклучиле дека оние луѓе кои користат апликации за запознавање на сродни души имаат многу поголеми и поцврсти цели во љубовниот однос, а со самото тоа и поголеми шанси да ја пронајдат вистинската личност и да ја одржат врската. Исто така, оние парови кои се запознале преку интернет, сакаат што побрзо да започнат заеднички живот. Истражувањето исто така открило дека апликациите помагаат во одржувањето на врските на далечина, дека луѓето сакаат што побрзо да имаат деца и дека се сексуално задоволни исто како и оние парови кои се запознале во живо. извор: точка.мк]]>

Еве како викендот да ви трае подолго https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kako-vikendot-da-vi-trae-podolgo/ Sun, 10 Jun 2018 05:50:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31719

Сакате викендот да ви трае подолго? Еве што треба да направите: Завршете ја седмицата порано Во петок потрудете се сите свои обврски на работа да ги завршите до 16 часот. Ако мислите дека нема да стигнете, останете во среда или четврток малку доголго на работа. Можеби ви се чини како нешто што не е толку важно, но верувајте дека неколку часови може многу да ви значат. Испланирајте си го викендот Треба да бидете спонтани и да не размислувате за тоа што ќе правите во сабота и недела, но ако испланирате барем дел од викендот, ќе се изненадите колку време може да заштедите. Искористете го викендот паметно, немојте да си поставувате пренатрупан распоред со активности, затоа што така нема да се одморите. Разбудете се порано За време на викендот сите сакаат да спијат подолго. Но, доколку се разбудите во сабота или недела, попладне, ќе имате чувство дека пола од викендот веќе завршил. Поради работните обврски во текот на неделата, вие за викенд брзате да ги завршите сите приватни обврски. Ова звучи заморно и навистина е. Затоа, за да си дозволите опуштен викенд без рокови и трчање, разбудете се порано и одвојте неколку часови да го правите она што ве развеселува и инспирира, читајте, медитирајте, дружете се со пријателите или едноставно одмарајте. Искусете нешто ново Според повеќе истражувања се докажало дека нова активност придонесува времето побавно да минува.Затоа потрудете се за викенд да организирате активност која до сега не сте ја правеле. Немојте да работите или барем не претерувајте Успешните луѓе неретко мораат да работат и за време на викендите. Дури и ако тоа не е неопходно, многумина од нас го проверуваат службениот меил, за да не пропуштат нешто. Воздржете се од ова. Потрудете се минимално да размислувате за работата и соберете енергија, за да влезете во новата работна недела полни со елан.]]>

Зошто вашите врски не траат подолго од 6 месеци? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-vashite-vrski-ne-traat-podolgo-od-6-meseci/ Mon, 26 Feb 2018 12:52:25 +0000 http://vistina.mk/?p=14020

Дали ја саботирате секоја ваша врска? Дали секогаш се заљубувате во невозможни мажи? Дали вашите врски завршуваат секогаш кога имате илузија дека тој е вистинскиот? Можеби и бил вистинскиот, но вие не сте верувале доволно или можеби постојат грешки кои ги правите во една врска, па во друга и не можете да бидете вистински среќни. Ова се најчестите грешки кои ги правите и кои треба да ги избегнувате како чума.   Мислите дека постои принцот на бел коњ Принцот на бел коњ не постои во реалниот живот и би требало веќе да го знаете ова, но сепак во вашата глава постои илузијата за овој нереален сон. Во првите месеци, сè е розово и ви цветаат цвеќиња, но при првата грешка, при првата тешкотија, вашиот замок заедно со вашата бајка се руши пред нозете на среќната принцеза. Колку подолго живеетe во својот розов свет и мислите дека принцот ќе се појави од некаде, вашите врски кратко ќе траат. Не постои човек без мани и без темни страни. Доколку не можете да го прифатите тоа, постојано само ќе влегувате од врска во врска. Бегате при првиот проблем „Не, не можам повеќе! Не е така како што си замислував и ништо не функционира. Не го сакам повеќе!“ Ова важи и за жените и за мажите, кои во првиот момент кога станува малку потешко, тие си заминуваат од врската. Штета што животот е полн со компромиси и со препреки кои треба да ги надмините. Доколку решите да ја прекинете врската по некое време, откако сте направиле сè и сте заклучиле дека не ви одговара е во ред, но доколку имате само мал сомнеж треба да се борите и да се обидувате повторно сè додека немате цврста основа врз која ќе ја донесете вашата одлука. Го слушате само тоа што сакате да го слушнете Повторувањето на „јас, јас, јас, јас, јас, јас, јас, јас“ нема никаде да ве однесе. За една врска се потребни двајца, вие не сте сами и вашиот партнер не постои на овој свет само за да ги исполнува вашите потреби, а истото важи и за него. Не може да постои само едно мислење. Се плашите Стравот е вашиот најголем непријател. Врските кои се водени од ова чувство, можат да завршат и побрзо отколку што мислите. Разочарувањата од минатото ја зголемуваат несигурноста, го вклучуваат вашиот внатрешен аларм и сè станува параноја и опсесија. Ако секој ден повторувате дека вашата врска ќе заврши, голема е веројатноста дека токму тоа ќе се случи. Затоа, обидете се да живеете поспокојно и доколку има проблем да го решите разговарајќи отворено за тоа. Не сте самокритични Секогаш е полесно да бидете жртвата во ситуацијата, да бидете во право и секогаш да бидете повредената страна отколку да преземете одговорност за тоа што ви се случува. За една врска да трае, треба да се ставите и на местото на партнерот, да се обидете да ги разберете причините за неговото однесување, но истото треба да го направи и тој. Го идеализирате Ако се заљубувате во идејата за совршен и идеален партнер, а не во личноста пред вас, на крај ќе сфатите дека токму таа личност не е таква каква што сте си замислувале и врската ќе заврши. На почетокот на една врска, никогаш не треба да ја идеализирате личноста. Подобро е уште на почетокот да знаете со кој си имате работа, отколку да сфатите после неколку месеци дека целата врската била илузија.  
]]>