подобра врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Sep 2022 13:03:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png подобра врска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како да ја подобрите вашата љубовна врска? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-ja-podobrite-vashata-ljubovna-vrska/ Tue, 27 Sep 2022 13:03:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268935

Секоја љубовна врска се соочува со подеми и падови. Тоа е сосема нормално, но и неизбежно, особено доколку станува збор за продлабочување на љубовната врска. Сепак, во оние моменти кога ни се чини дека врската не функционира, наместо да размислуваме како можеме да придонесеме и да ја подобриме, ние се фокусираме само на однесувањето на партнерот. Во продолжение прочитајте на кој начин можете да ја подобрите љубовната врска. Не занемарувајте ги вашите чувства и искуства Кога односите во врската се влошуваат, честопати со денови размислувате за недостатоците на вашиот партнер и се чувствувате „заглавени“ во мислите и однапред оформените мислења и ставови за вашата врска. Наместо тоа, обидете се да им се препуштите на моменталните чувства. Запрашајте се што е тоа што го чувствувате во овој момент, што чувствувате секогаш кога вашиот партнер ќе каже или ќе направи одредена работа? На тој начин, станувате посвесни за проблемите во врската, наместо да реагирате како што многумина прават, со обвинување и судење. Токму спознавањето на чувствата како тага, срам или страв се појдовна точка за продуктивен разговор. Така, поверојатно е дека вашиот партнер ќе ве ислуша докрај без да се одбрани доколку му оставите до знаење како се чувствувате, наместо да го осудувате или критикувате. Бидете храбри да погледнете внатре во себе Секогаш е полесно да верувате дека за конфликтите и тешкотиите е виновен некој друг и дека вие немате никаков удел во тоа. Затоа, обидете се да се запрашате на кој начин и вие придонесувате за тие проблеми во врската. Секако, потребна е голема храброст за да си ги признаете сопствените грешки, особено доколку на нив гледате како на своја слабост. Комуницирајте така што ќе го споделите својот внатрешен свет Ненасилната комуникација ви помага да ги споделите чувствата и потребите и на тој начин полесно да го допрете срцето на партнерот, наместо да упатувате критики и осуди. Така, следниот пат наместо да кажете: „Мислиш само за себе! Ти си егоцентричен/а!“ можеби и ќе најдете храброст да кажете: „Се чувствувам осамено и тажно. Сакам да поминуваме повеќе време заедно затоа што ми значи твоето присуство“. Извор: themindsjournal.com/кафепауза.мк]]>

Експертите советуваат: Спиењето во одделни кревети, па дури и простории, доведува до подобра врска со партнерот https://arhiva.vistina.com.mk/ekspertite-sovetuvaat-spienjeto-vo-oddelni-kreveti-pa-duri-i-prostorii-doveduva-do-podobra-vrska-so-partnerot/ Fri, 23 Jul 2021 12:45:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212369

Иако се смета дека паровите кои спијат одделно се разделуваат, науката го докажа спротивното. Благодарение на бројните студии, научниците дошле до заклучок дека спиењето во одделни кревети, па дури и простории, може да има корисен ефект врз односот помеѓу партнерите. Покрај тоа, одделниот сон влијае на комуникацијата, како и на навиките во текот на денот. Досегашните истражувања покажаа дека само 14% од паровите спијат во посебни кревети. Иако ви звучи неверојатно дека спиењето во одделни кревети, како и соби, може да влијае на интимноста, постојат научни објаснувања зошто е тоа така. Утринска нервоза Истражувањето вели дека делењето кревет со партнер кој има лоша ноќ го скратува спиењето за еден час секоја вечер. Следниот ден, лошите ноќи резултираат со конфликт. Меѓутоа, ако се разбудите одморени, тогаш нема да има проблеми или конфликти. Истражувањето исто така вели дека одделното спиење води кон подобар и поквалитетен сон, подобро утринско расположение и намален стрес при будење. Лош сон Рчењето, вртењето по креветот, туркањето, местењето и слични работи што се случуваат во текот на ноќта може да ве иритираат и да ви го нарушат спиењето. Затоа, наутро, прво ќе го обвините вашиот партнер дека не спие добро, а тоа може да биде деструктивно за врската. Затоа првенствено паровите одлучуваат да се разделат преку ноќта, со цел да се одморат. Кога не спиете во текот на ноќта поради вашиот партнер, постои внатрешно незадоволство, што може да ги загрози другите аспекти на вашата врска, па експертите ве советуваат да спиете во одделни кревети, а наутро да пиете кафе со вашиот партнер и убаво да го започнете денот. Различни навики за време на спиењето Најголемите разлики со кои се бориме во кревет се навики како гледање телевизија, спуштање на ролетни или крадење јоргани. Овие работи се решаваат, но ако не може да се најде компромис, поудобно е да го најдете вашиот мир, во посебни кревети и соби. Можеби е тешко првите неколку дена, затоа што не сте навикнати, но вистината е дека со текот на времето ќе се чувствувате многу подобро, ќе бидете поодморени и ќе сакате да поминете некои дополнителни моменти со вашиот партнер наутро. Исто така, ако вашиот партнер спие, не е фер да ја гледате најновата епизода од серијата или филмот што го започнавте. Меѓутоа, ако го направите тоа во друга просторија, сè ќе биде добро, и нема да вознемирувате никого. Ќе можете да ги практикувате своите навики пред спиење, како медитација, или читање книга, без да се чувствувате виновни или лути. извор: попара.мк]]>

За подобра врска: Не го менувајте партнерот, сменете го односот https://arhiva.vistina.com.mk/za-podobra-vrska-ne-go-menuvajte-partnerot-smenete-go-odnosot/ Fri, 06 Mar 2020 14:00:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138033

Основниот елемент за одржување на врската е љубовта, но за да биде таа врска здрава, цврста и да ве исполнува и двајцата, треба да работите на неа и на себе. Некои луѓе во текот на врската се обидуваат да променат некои работи кај партнерот, односно партнерката, за да им биде ним поудобно, но таквиот избор најчесто резултира со поголема оддалеченост, па дури и со резигнираност. Наместо да се обидувате да го смените партнерот (понатаму во текстот зборот „партнер“ ќе се однесува и на „партнерка“), обидете се да го смените својот однос кон саканата личност, ако сакате да изградите цврста и стабилна врска. Секако, ако сметате дека вреди да вложувате во врската. Откријте што е тоа што прави таа посебна личност да се чувствува сакана и дајте ѝ го токму тоа.

(По)кажувајте му на партнерот дека го цените, секој ден

Сара Калверт, терапевт за двојки од Лондон, вели дека покажувањето дека ја цените една личност е секогаш одлична појдовна точка во градењето на каква било врска и дека тоа може да помогне во комуникацијата при решавањето на потешките проблеми. Многу е лесно да се фокусираме само на тоа што ни недостига (нам или во врската), па затоа Калверт советува секогаш да тргнувате од работите кои ги сакате и ги цените кај другата личност и тоа да го правите секој ден. Откривајте по една работа која ја цените кај саканата личност и споделете ја, искрено и гласно, секој ден. „Ова може да биде пофалба или благодарност за некоја постапка, карактеристика, одлика или едноставно да дадете комплимент за изгледот на саканата личност. Кога активно сакате да направите некој да се чувствува ценето, другата личност тоа ќе го почувствува и ќе го вреднува“, вели Калверт. Ваквото однесување обично поттикнува слично однесување и од другата страна, што значи дека придобивките ќе бидат двојни. Ако имате деца, тие од вас ќе ја научат оваа одлична кактеристика што ќе им помогне во градењето на врските понатаму во животот.

Не се обидувајте да го смените партнерот

Ова е личноста која сте ја избрале и таа личност е таква каква што е. Не можете да смените некого, посебно не по свој терк. Сите правиме нешто што го иритира другиот. Но, дали навистина мора за сѐ да коментирате или едноставно треба да прифатите дека другиот прави некои работи на одреден начин? Експертите советуваат дека треба да ја почитувате и охрабрувате индивудуалноста на партнерот, и обратно. Работите кои ги правите како двојка се важни, но треба да имате на ум дека на другиот му се потребни простор и време да биде сам со себе или со други луѓе (колеги, пријатели, семејство) кои не мора да имаат врска со вас. Ако го спречувате партнерот да ги прави работите кои го прават среќен и го исполнуваат, тогаш нема да го имате партнерот кој сте го одбрале.

Не претпоставувајте

Многу е лесно да не кажете нешто што сметате дека е очигледно и да претпоставите дека другиот тоа го знае или го сфаќа. Исто така другиот може погрешно да претпостави дека вие го знаете, односно сфаќате нештото. Ако на пример, партнерот откаже излегување со вас, вие може да се почувствувате измамено или дека другиот не го цени вашето време, внимание и желби, без да размислите зошто дошло до откажување на плановите. Калверт советува да применувате активно слушање. Можеби партнерот нешто го мачи, а уште не е подготвен да разговара за тоа. Многу често проблемот нема врска со вас, иако последиците се однесуват на вас. Покажете трпение и разбирање пред да претпоставувате и да осудувате, а со тоа да се поставувате вие како оштетената, а другиот како немарната страна. Подобрете ги вашите комуникациски вештини Оваа вештина се подобрува пред сѐ со подобрување на вашиот однос со себе и сподобноста да бидете во допир со своите чувства и емоции. „Ако не знаете што точно чувствувате и сакате, тогаш нема да можете правилно да го искажете. Добрата комуникација помага да се создаде емоционална интимност која води кон посилно чувство на исполнетост, разбирање, доверба и безбедност“, вели Калверт. Таа исто така советува да внимавате каков тон и речник користите во комуникацијата со партнерот. Многу често луѓето знаат да им кажат на партнерите нешто што звучи грубо, на начин на кој не би се обратиле на никој друг. А кога другиот реагира дефанзивно, многу често не го кажуваат она што го мислат. Калверт советува да си го поставите следното прашање: „Ако го слушате овој разговор како набљудувач, како ќе се чувствувате?“ Откријте што значи да се биде сакан Луѓето на различни начини покажуваат емоции и ги идентификуваат и примаат. Некои луѓе се чувствуваат сакани кога партнерот тоа им го покажува со дела, од носење чај во кревет до инсталирање на нова антивирусна програма на компјутерот. На некои луѓе им се потребни смирувачки или охрабрувачки зборови, односно да слушнат дека се сакани. За трети, поважен е физичкиот контакт – интимност, секс, држење за рака... Можеби вашиот партнер сака времето поминато со вас да биде квалитетно исполнето, да го има целото ваше внимание, или пак да добива подароци... Сите овие начини се опции и се валидни за секој поединечно. Ако на саканата личност ѝ е важно да се држите за рака во јавност, а вие само вербално кажувате „те сакам“, без да покажете физички контакт, тогаш таа личност нема да се чувствува сакано. Ако правите сѐ (според вас) да ја покажете љубовта, но не го кажувате тоа вербално, другата личност нема да се чувствува сакано. Откривајте што ѝ значи на другата личност „да се биде сакан“ и пружете ѝ го тоа! извор: Кајгаан]]>