подкаст – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Dec 2023 08:18:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png подкаст – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Уредникот на „Вистина“ Антонио Димитриевски на „Жешко столче“: „Ние сме таблоид, но името доволно кажува дали објавуваме лажни вести“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/urednikot-na-vistina-antonio-dimitrievski-na-zheshko-stolche-nie-sme-tabloid-no-imeto-dovolno-kazhuva-dali-objavuvame-lazhni-vesti-video/ Mon, 18 Dec 2023 08:18:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331390

Некогашен музичар кој свирел на тапани во неколку значајни македонски рок групи, меѓу кои најпозната е секако „Меморија“ со која го снима и првиот нивни албум „Оган под ѕвездите“. Речиси три и пол децении во новинарскиот еснаф. Новинар, уредник, ТВ и радио водител, која работел во сите можни медиуми. И електронските и печатените и овие кои се онлајн. Од Млад борец и Фокус, преку МРТВ и Радио Слободна Македонија, до Вистина... Од извршен продуцент и сопственик на „Премиер продукција“ до проект менаџер една цела деценија на „Универзална сала“. Од „Пулсирања“, „Шоуто мора да продолжи“, „Мислам дека имаме хит“, „Хит на месецот“, „Евтини приказни“, до „5 минути Вистина на РСМ“ и „Ништо лично“ на Слободен печат... Автор и организатор на две клучни манифестации кои ја вреднуваа, валоризираа и наградуваа македонската музика и нејзините автори и изведувачи на најрелевантен начин уште во почетокот на 90-те... „12 Величествени“ како и „Македонскиот радиски фестивал - МАкедонската Радио Селекција - МАРС“ кој ги наградуваше најслушаните песни во годината по избор на македонските радиостаници, официјален ПР на последниот „Макфест 2023“... Последните десет години основач новинар и уредник на порталот за култура, забава, естрада, мода, музика... Вистина.ком.мк - Антонио Димитриевски на гости кај младиот водител Никола  Трпковски, седнат на „Жешко столче“ во неговиот истоимен подкаст одговараше на скокотливите прашања за македонската естрада, нејзините ѕвезди и оние кои тоа би сакале да бидат, за оние кои тоа не се, а мислат дека се, за соработката и релациите со нив и нивните менаџери, за порталот во кого е новинар и уредник последнава деценија,  за новинарството и т.н. онлајн новинарство, за односот со колегите од другите медиуми, за паралелите помеѓу популарните од регионот и домашните изведувачи, за Министерството за култура, медиумите, прајм тајмот, забавата... За многу нешта за кои другите не можат, не смеат или не сакаат да зборуваат или немаат што да кажат... Сето ова во видеото кое можете да го погледнете во продолжение... ]]>

Тијана Дапчевиќ во поткастот кај Лазаров: „Јас ум ти како македонското здравство, кај мене мора да закажеш со мој термин за да ти дојдам“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-dapchevik-vo-potkastot-kaj-lazarov-jas-um-ti-kako-makedonskoto-zdravstvo-kaj-mene-mora-da-zakazhesh-so-moj-termin-za-da-ti-dojdam-video/ Tue, 24 Oct 2023 06:52:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323523

Пејачката Тијана Дапчевиќ беше гостин во најновиот поткаст кај Стефан Лазарав, а во долгиот муабет, Тијана опуштено раскажа нови и интересни моменти од нејзиниот приватен живот, нејзиното семејство и кариерата. Интересно беше тоа што Тијана откри дека поканата за да се појави кај Лазаров ја добила месец дена пред да дојде и се разбира на шега се спореди со македонското здравство па, кај неа мора да се закаже со мој термин, иако без размислување прифатила со големо задоволство. Дапчевиќ веднаш проговори за нејзината улога во  телевизиски проект „Преспав“ и кажа дека се снима секој ден од 8 ч до 7.30 навечер но, сепак бидејќи работата што ја работи ја сака нема никаков притисок околу тоа иако мора да стане секој ден во 5 часот наутро. Таа меѓу другото потенцираше дека ова е седма сезона што ја снима  и досега не се случило никој да повиши тон меѓу себе, а тоа е она што останува да се памети. Тијана за екипата на „Преспав“ потврди една многу важна работа, а тоа е дека  никако  не може да издвои ни еден колега и сите до еден и се омилени и со сите е блиска и меѓу нив владее само добра енергија. Покрај таква атмосвера, таа иако вели дека е нова во глумата и во тие води одлично се снаоѓа. - Благословена сум што ги имам нив за колеги во мојот живот и благодарна сум за нивната бескрајна подршка. Во делот кога проговори за Eвровизија таа откри една сцена за годината кога настапуваше нејзината сестра,  пејачка Тамара Тодевска. Тијана рече дека ќе и треба барем уште еден поткаст за да ја раскаже „бруката“ на познатата поп пејачка Мадона која настапи истата година на евровизија со Тамара, а досега за тоа на никого не откриле. Тијана раскажа дека во моментот кога требало да настапи Мадона за која се сомневале дека навистина е таа или е можеби некоја нејзина копија, Тамара не сакала да послуша и да седне  како што и било кажано, туку се загрижила за нејзината тоалетаисамо  бесно и викнала: После ти ќе ми ја испеглаш таолетата ? - и заминала да пуши. А како изгледаше Тијана и што уште кажа погледнете во видеото на јутјуб  каналот: Фото: Принтскрин/Инстаграм/Преспав ФБ/поткаст Лазаров/Јутјуб]]>

„Радосен и среќен сум што го направив тоа“: Ламбе Алабаковски искрено во „Бомбакис поткаст“ (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/radosen-i-sreken-sum-shto-go-napraviv-toa-lambe-alabakovski-iskreno-vo-bombakis-potkast-foto-video/ Fri, 21 Apr 2023 08:41:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298932

Пејачот Ламбе Алабаковски за прв пат јавно се огласи на темата за подметнувањето пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Тој гостуваше кај  Кристијан Станковски  во „Бомбакис поткастот“, и изјави дека бил среќен и радосен за направеното. „Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, рече пејачот Алабаковски. За подсетување, пејачот ланското лето, поточно во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот. Целосното гостување на пејачот Алабаковски во „Бомбакис поткастот“ проследете го во продолжение: Фото: Принтскрин/Јутјуб/Бомбакис Подкаст]]>

Тони Михајловски беше гостин кај Лазаров: Актерот за малку ќе направеше на јутјуберот „да му се одмили“ сексот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toni-mihajlovski-beshe-gostin-kaj-lazarov-akterot-za-malku-ke-napraveshe-na-jutjuberot-da-mu-se-odmili-seksot-video/ Mon, 17 Apr 2023 08:27:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298267

Во последното подкаст издание пред големиот христијански празник Велигден, на гости во неговото јутјуб шоу на Стефан Лазаров му дојде актерот и исто така некогашен ТВ водител, Тони Михајловски. Кумановецот со скопска адреса на живеење е мошне интересна личност, па така Тони има многу што да каже и раскаже на различни теми. Случки и збиднувања колку сакаш, од професијата, преку политиката до приватниот живот и тоа кажани онака како што само Тони - „Шанац“, како што му е прекарот на познатиот глумец,  може да  ги раскаже. Или што би рекле куп прикаски  од партиските кујни, преку филмот и театарот до марихуаната и кафеаната. Но, она што за момент го извади од „патки“, да не речеме од „гаќи“ младиот јутјубер, беше нешто сосема друго. Вечната тема по која сите копнееме, за која сите живееме, без која не можеме, која прави луѓето или да се довека вљубени или преку ноќ разведени... На сите нам потреба, задоволство, некому до душа и професија или како што велат „занает“ и тоа најстар на светот... Се' на се', во прашање е сексот, кој ставен во контекстот кој Тони му го наметна на Лазаров го остави  јутјуберот „подзинат“, ама овој пат поучен од  скорешното искуството - „со затворена уста“! Имено, кога дојде на ред муабетот да отиде во насока за машко - женските односи (во секој смисол), глумецот го шокираше јутјуберот со изјавата за своето прво сексуалнио искуство. „Добро што правиме со тоа што моето прво сексуално искуство е со постара девојка која ме силуваше?“ - го изненади со прашањето Тони затечениот Лазаров кој вчудовиден праша: „Тебе? Добро на страна смеењето, како тоа те силувала?“ „Така како што жена знае да силува маж, не е ни прв ни последен случај во животот“ - му врати Тони. „Добро, силување... значи дека не си сакал“? - праша „мртов сериозен“ јутјуберот, поучен од искуството дека „кога ќе се изгориш на млекото, ќе дуваш и на јогурт“, внимавајќи да не го окрка по втор пат на ист штос, па обвинението да не му се дуплира!? „На сила“ - му одговори Тони... па по една -две секунди додаде: „Се шегувам, ама што би било да беше така“? - по што и Лазараов и Тони прснаа во гласна смеа, откако на јутјуберот „му падна камен од срце“, зашто Тони Михајловски за малку ќе направеше на Лазаров „да му се одмили“ сексот... до крај на животот! Погледнете го моментот кога Тони Михајловски го „смрзна“ својот домаќин Стефан Лазаров, во неговиот сопствен подкаст:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

Фото и видео: Инстаграм/lazarovpodcast
]]>

Лазаров одново „јава“ во интернет етерот: Јутјуберот не е забранет, одговараше дури и на прашања на следбениците (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazarovo-odnovo-java-vo-internet-eterot-jutjuberot-ne-e-zabranet-odgovarashe-duri-i-na-prashana-na-sledbenitsite-foto/ Thu, 02 Mar 2023 11:44:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291363

Откако големата прашина која се крена по интервјуто на најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ Латас, малку слегна, по што стана јасно дека некој го искористи случајорт „од мува да направи слон“ за лична употреба и дефокус на јавноста од неспосoбната власт и нејзините секојдневни домашни и надворешни катастрофи, Лазаров повторно си ја продолжи својата Јутјуб приказна. Имено, јутјуберот откако објасни дека не е забранет, како што некои препораките на обвинителството ги протолкуваа декa се наредби, истото тоа го покажа и потврди со нова епизода од неговото подкаст шоу. Следен за муеабет беше македонската музичка легенда, саксофонистот Ферус Мустафов, по што самиот Лазаров реши да ги отвори и своите Инстаграм приказни за прашања. Секако, неговите следбеници беа најљубопитни да дознаат што, зашто, кој, кого, кога и дали... И уште сто и едно прашање на кое Лазаров трпеиво им возврати со своите одговори. Некои од најинтересните одвоивме за вас, па еве што им одговори јутјуберот на она што неговите следбеници, но и сите други  ги интересираше:
  • Дали си добар - најпрвин го прашаа следбениците?
  • Дали си свесен колку бориме за тебе?
  • Дали во петок ќе има поткаст и кој ќе биде гостин?
  • Што те мотивираше да почнеш со Јутјуб?
  • Какво е чувството кога себеси се гледаш на сте медиуми?
  • Никој од познатите не те поддржа, а некои  те нападнаа, што ќе кажеш?
  • Мандар те поддржа јавно. Коментар?
  • Кога нова песна?
  Фото: Инстаграм + принтскрин/_lazarovv]]>