подготвени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 17 Feb 2024 12:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png подготвени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еротска долна облека, жартиери, секси гаќички, провидни градници… вака се подготвуваа(т) за „Денот на вљубените“ познатите македонски убавици (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/erotska-dolna-obleka-zartieri-seksi-gakjichki-providni-gradnici-vaka-se-podgotvuvaat-za-denot-na-vljubenite-poznatite-makedonski-ubavici-foto-video/ Sat, 17 Feb 2024 10:26:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238847

14-ти февруари или Св. Валентин, за оние што ќе го прескокнат Св. Трифун. Денот на вљубените, во кој љубовта се споделува  повеќе од вообичаеното, се покажува со внимание, подароци, размена на чувства и нежности... Најчесто во пријатна ресторанска атмосфера, со добра закуска, чаша вино и влажни погледи на вљубените партенери. А потоа... второ полувреме. Она каде што волшебната игра на сетилата го започнува својот љубовен танц, па емоциите сами итаат во прегратка на страстите, чиј наплив предизвикува бура од слатки воздишки и кулминација од задоволства... Амор и Ерос кај и да е, наздравуваат со црвено вино, додека го прославуваат чинот, поскаувајќи тој што подолго да трае! Но за такавата претстава потребна е и посебна подготовка. Особено онаа која ја негува понежниот пол, кој е оној кој треба да се допадне, привлече, намами, предизвика, освои, „запали“... А дамите не само што не се имуни на ова, туку прават се да изгледат што попожелно и попривлечно,  за Денот на вљубените особено. Па уште ако имаат добар повод и уште подобра причина за тоа... Изгледот од соништата, особено оние еротските, уште во старт ги бранува страстите. А долната облека е таа што ја поместува границата и замаглува реалноста, претворајќи ја стварноста во страсна еротска бајка. Три познати македонски дами покажаа како се подготвуваат кога го чекаат Денот (или можеби ноќта) на вљубените. Во долна облека од еротските соништа, со различен вкус, но со стил кој го потенцира сиот нивен сексапил.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Eleonora Kochovska (@__elle.m__)

Елеонора Нора некогаш Миљковиќ, сега г-ѓа Кочовска, најпознатата македонска ријалити учесничка, модел и ТВ РЕД водителка е секси зајачица, налик на оние од насловниците на најпознатиот светски машки магазин на сите времиња. Секси убавица која зрачи со еротски набој кој ја поместува тенката граница на она што ги дразни машките мисли и сетила… Елеонора слободно им допушта па дури и ги повикува да влезат во нејзините соништа, зашто таа ионака е веќе во нивните… Како и не би, кога штом ја видите таа е како „бисер во отворена школка“, провокативна, пожелна, привлечна, секси… до болка! На нејзините следбеници им остануваат само мечтите, а она реалното завршува како благослов во рацете на нејзиниот човек. Блазеси му на тој господин, со кој  го споделува овој чин на размена на нежности и за Свети Валентин! Кристина Димитри(евска), екс - македонската мисица и модел, а се' повеќе естрадна уметница, чија убавина излезе на виделина дури откако излезе од брачните прегратки на многу попознатиот сопружник. Оттогаш кариерата во подем, на неколку полиња, а убавината, зачинета со сета еротика која телесниот ракош и ја дозволува, како и нексротливиот сексапил со кој Бог на надарил. За Денот на вљубените Кристина посебно подготвена, за што самата се отвори и откри дека одново има добра причина ... Во долна облека од нежно бела провидна тантела со еротски набој кој ги дразни сите сетила и поглед кој повикува, ставајќи го нејзиниот среќник пред свршен чин...  Наместо да наздрави со Св.Трифун, „да му се фрли во жешки прегратки“ на  Св. Валентин!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nakit Bling Bling (@blingbling.mk)

Хрисанта Монева е најмалку позната девојка. Не е јавна личност иако може да се смета на  некој начин за таква, секоја што ќе влезе во врска со „големиот брат“ од Куманово, ријалити ѕвездата, модел, инфлуенсер, трапер,спортски работник и општински советник, кумановецот Дарко - Спејко. Дека неговите прегратки и годат, а нему нејзиното извајано манекенско тело и сиот телесен раскош што го поседува, обајцата  веќе во неколку наврати јавно покажаа . Но, Денот на вљубените е момнетот кога треба на љубовта и љубовните страсти човек целосно да им се препушти, па вакавата можност затоа не смее да се пропушти. Раскошната убавица очигледно тоа добро го знае, зашто проверениот рецепт и претходно веќе го применила... Па затоа сликовито доловила како овој пат се подготвила на својот пастув да му приреди ноќ за паметење, во која ќе му подари уште една тура незаборавни мигови. Фото: Инстаграм принтскрин/eros.underwear/_elle.m/kristina.dimitry/hrisantam          ]]>

Мислите дека сте подготвени за брак? Размислете двапати https://arhiva.vistina.com.mk/mislite-deka-ste-podgotveni-za-brak-razmislete-dvapati-2/ Wed, 04 Jan 2023 12:35:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282785

Луѓето кои сакаат да стапат во брак верувајќи дека тоа е до крајот на нивниот живот, треба претходно отворено да разговараат за нивните очекувања, како и за минатото. На овој начин, можат барем да се подготват за повеќето работи што ги чекаат кога, како сопружници, ќе се соочат со какви било пречки. Ова се најчестите теми околу кои се јавуваат брачни проблеми и за кои треба да се преиспитате пред да стапите во брак: 1. Финансии Како ќе ги комбинирате финансиите? Важно е да планирате како ќе ги споделите финансиските обврски - односно дали ќе ги споделите или ќе направите сѐ преку заедничка сметка. Може да одлучите дека секој има свои пари и една заедничка сметка за плаќање сметки. 2. Долгови Одредувањето на меѓусебните реални долгови може да ви помогне однапред да планирате како ќе се справите со нив. Преќутувањето на толку важна ставка може да направи вашиот партнер да се чувствува измамен. Секој би се почуствувал предаден ако дознае за вистинскиот износ на долгот на својот партнер дури по свадбата. Покрај тоа, тоа навистина може да влијае на меѓусебната доверба. 3. Заштеди Дали планирате да заштедите? Дали сакате да оставате нешто настрана? Тоа во бракот треба да биде заедничка одлука. 4. Деца Дали планирате деца? Не секој сака деца. Дури и ако двајцата сопружници сакаат деца, треба да се дискутираат други работи, како што се стилови на воспитување, што би правеле доколку децата имале потешкотии во развојот или животот. И што е уште поважно - што ако не можете да имате деца? Дали сакате да посвоите дете, ќе барате сурогат мајка, ќе поминете низ вештачко оплодување или ќе раскинете? 5. Домашни работи Домашните работи можеби изгледаат како банален проблем, но може да бидат поттик за големи расправии и несогласувања. Тоа е затоа што еден од партнерите може да се чувствува преоптоварен бидејќи ја завршува целата работа самиот. За да бидете сигурни дека има мир во куќата, подобро би било да разговарате за обврските во домот. 6. Неверство Што сметате за неверство? Иако се чини дека неверството има универзална дефиниција, терминот може да значи различни нешта за различни луѓе. На пример, еден може да мисли дека бакнувањето е неверство, додека друг смета дека средба со бившиот партнер е изневерување. Има и луѓе кои мислат дека заљубувањето во некој друг е изневерување. Двојката треба да зборува за тоа што точно значи изневерувањето за нив и каде се границите на интимност со другите луѓе. 7. Простување Што не простувате? Што и да е, мудро е да му го откриете на вашиот партнер пред да отидете кај матичарот за навреме да размислите дали е тоа нешто со кое можете да живеете. Ако овие работи се дискутираат рано, може да се постигне компромис. 8. Родители Родителите ќе остарат, а можеби и ќе се разболат, што значи дека ќе им треба помош. Одлуки како дали сакате да живеете со нив или не, кој ќе се грижи за нив или колку пари ќе одвоите за да ги обезбедите, би било добро да знаете сѐ пред да стапите во брак бидејќи големите промени во животот можат да бидат извор на големи несогласувања. Извор: Кајгана.мк]]>

„Ѕвездите на Гранд“ со истиот состав како лани – прв пристигна Мили, па проговори: „Наше е да го избереме најдобриот“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dzvezdite-na-grand-so-istiot-sostav-kako-lani-prv-pristigna-mili-pa-progovori-nashe-e-da-go-izbereme-najdobriot-foto/ Mon, 26 Sep 2022 12:23:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268698

Многубројни шпекулации го поттикнаа и фактот што емитувањето, а не снимањето на новите емисии на„Ѕвездите на Гранд“ не започна во времето кога вообичаено започнува новата сезона на популарното музичко натпреварување. Во прилог на гласините дека емитувањето на оваа емисија е под знак прашалник беше и фактот што во поранешната временска рамка на „Ѕвездите на Гранд“ ТВ „Прва“ од минатата сабота емитуваше уште еден музички натпревар - „Никогаш не е доцна“. Сепак, повеќе нема простор за шпекулации, бидејќи е потврдено дека ќе има нова, 16-та сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Жирито денеска ќе влезе во студиото со истиот состав како лани - Цеца Ражнатовиќ, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Драган Стојковиќ Босанац, како и членовите на продукциското жири Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили. Мили прв пристигна пред студиото и откри дека се е подготвено за новата сезона и дека од неа се очекува многу. - Се е подготвено за новата сезона, очекуваме многу од неа. „Гранд“ е исклучително популарна емисија, а секако со неа соработуваат и најголемите телевизии. На која телевизија ќе биде  „Ѕвездите на Гранд“ ќе бидете навремено известени, наскоро се официјално ќе објавиме. - Тоа се работи кои се менуваат, не верувам дека тоа ни е проблем. Сигурно ќе биде во сабота, ако се емитува на „Прва“. Фокусиран сум на конкурентите и на она ново што ќе го направиме. Сигурен сум дека ќе бидеме на некоја од телевизиите на која ќе не гледаат. - Ништо не се смени, се остана исто. Моите критериуми не можат да се променат. Можете да видите кога некој го заслужува нашето внимание, тоа на сите им е јасно. Наше е да го канализираме и да го избереме најдоброто. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Оливер Буниќ]]>

Дали сте подготвени да живеете заедно со партнерот: Одлуката зависи од овие 3 работи https://arhiva.vistina.com.mk/dali-ste-podgotveni-da-ziveete-zaedno-so-partnerot-odlukata-zavisi-od-ovie-3-raboti/ Fri, 29 Oct 2021 12:15:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225230

За некои теми, како што се финансиите и распределбата на одговорностите, партнерите треба детално да разговараат пред овој важен чекор. Пред да се преселите со партнерот, важно е да се разговара за практичните и емоционалните аспекти на заедничкото живеење, нагласуваат брачните терапевти. Нивната препорака е пред овој важен чекор детално да се разјаснат одредени теми, како што се финансиите, чувствата и распределбата на обврските. Како што велат, првото нешто што треба да го земете во предвид е доследноста во однесувањето – едноставно треба да знаете што и во која ситуација можете да очекувате од партнерот. Доследноста се однесува на склоноста на луѓето денес да се однесуваат на начин што одговара на некои минати одлуки или однесувања. Овој индикатор е од витално значење, бидејќи без него едноставно не можете да му верувате на партнерот, а тоа е предуслов за заеднички живот. Соодветно на тоа, ова се три работи што треба да ги проверите пред да почнете да го делите вашиот животен простор.

Поделба на одговорности

Ако добро ви поминаа разговорите за распределбата на обврските и финансиите, тогаш сте подготвени за заеднички живот. Дискусиите на овие теми се одличен начин да се оцени и својата и способноста на вашиот партнер да се договорите и да правите компромиси.

Доволно долго сте заедно

Пред да се вселите, терапевтите препорачуваат да поминете значајно време заедно, со цел точно да ја процените доследноста во однесувањето на вашиот партнер.

Се чувствувате удобно кога го делите просторот дури и кога ќе дојде до расправија

Експертите истакнуваат дека меѓу партнерите треба да има високо ниво на опуштеност, дури и кога има несогласувања. Затоа што ако живеете со саканата личност, ќе мора да го делите просторот дури и кога сте вознемирени, изнервирани или не се согласувате. извор: попара.мк ]]>

5 причини да не стапите во брак ако не сте среќни: Еве зошто треба да почекате уште малку! https://arhiva.vistina.com.mk/5-prichini-da-ne-stapite-vo-brak-ako-ne-ste-srekjni-eve-zoshto-treba-da-pochekate-ushte-malku/ Thu, 14 Jan 2021 13:15:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185219

Ако сте во 30-те години, а уште не сте венчани, веројатно од сите страни ве мачат со прашања - кога ќе биде венчавката? Ви носиме пет причини зошто треба да застанете или барем малку да почекате со венчавката. 1. Не сте научиле сè што треба да знаете Пред венчавката мора да знаете кој сте и што сакате. Мора да бидете многу искрени кон себе. Дури кога ќе дознаете кои сте вие, треба да барате некој за себе. Под услов и понатаму да сакате брак. Не можете да барате човек за цел живот, ано не знаете што ви треба. 2. Документот нема ништо да реши Официјализирање на врската не е решение за проблемите. Венчалниот лист нема да ве направи сродни души, нема да го натерате да ве сака до крајот на животот... 3. Брзо разочарување Отрезнувањето доаѓа брзо, а потоа е многу тешко. Подобро е добро да размислите, па дури и да ја раскинете веридбата ако не сте сосема сигурни во вашиот избор, отколку да се осудите на живот со човек кој и не е најдобро решение. 4. Живот после венчавка Ако сакате да се венчате само за да облечете венчаница, тогаш подобро да не се венчате. Постои и живот после венчавка и тој често не завршува со реченицата: живеевме среќно до крајот на животот. Венчајте се само ако не можете својот живот да го замислите без него. 5. Венчавката не е решение против самотијата Ако брзате да се венчате за да не остарите сами, подобро е да остарите сами. Верувајте - ќе бидете посреќни. Осамени може да бидете и покрај човек кој не е за вас. Извор:точка.мк]]>

На што се’ се подготвени анонимците за да станат познати: „Бившо момче на Александра Накова му дало 500 евра на новинарот и ТВ водител Зоки – Фаци за да ја направи позната!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-shto-se-se-podgotveni-anonimcite-za-da-stanat-poznati-bivsho-momche-na-aleksandra-nakova-mu-dalo-500-evra-na-novinarot-i-tv-voditel-zoki-faci-za-da-ja-napravi-poznata/ Mon, 21 Sep 2020 10:22:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167835

Новинарите Зоран Василевски - Фаци, Васко Спасовски и Љиљана Станишиќ открија шокантни детали поврзани со лични искуства од нивната кариера, меѓу кои и детали за тоа на што се' се подготвени анонимците за да станат познати? На домашната естрада врие од таканаречени „новокомпонирани ѕвезди“. Секој сонува да стане познат, но која е цената за успех и популарност? На што се' се подготвено одредени анонимците за да станат славни , познати, селебрити? Дали газат преку „живи луѓе“, а неретко и преку соптвеното достоинство,  само за да добијат насловна страница во некој печатен магазин, наслов и сторија во портал или прилог во ТВ емисија? Tокму на овие прашања тимот на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ се обиде да добие одговори, а нивни соговорници беа неколку естрадни новинари меѓу кои Васко Спасоски, Зоран Василевски – Фаци и новинарката Љиљана Станишиќ, која е дел од тимот на српски „Курир“. Василевски во еден момент откри дека пред 13 години тогашнотомомче на Александра Накова му дал плико со 500 евра и побарал од него да ја направи старлетата позната. Што се открија претставниците на естрадната седма сила, погледнете во видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=WRJoMuLhfF4&feature=emb_title]]>

Дали сте доволно храбри да влезете во отворена врска? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-ste-dovolno-hrabri-da-vlezete-vo-otvorena-vrska/ Wed, 12 Feb 2020 13:35:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133917

Во врска сте, а сакате малку поинаква возбуда. Можеби некој нов, некој кој ќе ве освежи, а врската во која се наоѓате да не страда. Сакате врска која е „отворена“. Добро размислете дали сте спремни за такво нешто. Ваквите односи можат да бидат многу комплицирани. Имате ли сила на партнерот да му дадете етичка дозвола да најде друга, бидејќи, не заборавајте, тој однос треба да ви одговара на двајцата. Што е потребно за да бидете сигурни дали сте способни за “отворена врска“? Почит кон партнерот Најголемата грешка која може да ја направите е да се обидете на секој партнер да му посветите подеднакво време. Врските се различни и секој партнер е различен - има поинакви навики. На пример, би било многу лошо ако на партнерот му кажете дека упаднал во “туѓ“ термин. Подгответе го партнерот за вашите желби Важно е на партнерот навреме да му кажете каков вид на врска сакате. Можете низ разговор да наговестите дека тоа му се случува на некој ваш пријател, само за да ја видите неговата реакција. Немојте да бидете љубоморни Имајте на ум дека ниеден маж нема да се согласи да ве дели со друг, ако вие не сте согласни и тој да се гледа со други девојки. Дури и ако тој не чувствува потреба за друга жена, нема да ја смета вашата желба за чесна. Затоа заборавете на љубомора и уживајте кога сте заедно, бидејќи вие сте креатор на целиот план. Поставете правила Двајцата немате исти очекувања. За некого отворена врска е флертување, бакнеж, додека за друг е сексот. Затоа потребно е да разговарате за границите до кои ќе одите, за тоа што ќе си кажувате еден на друг, а што не, и колку често ќе стапувате во врска со други. Физички граници Ако вие и партнерот сакате отворена врска, мора однапред да разговарате, за подоцна да нема забуни, префрлувања или расправии. Поставете јасни физички граници. Дали е во ред да имате физички контакт со други луѓе, ако да, каков? Дали со нив само ќе се бакнувате, ќе спиете или ќе пробате нешто што вие двајца не сте пробале? Емотивни граници Заедно одредете какво однесување е во ред во емотивен поглед. Можеби ви е во ред да барате некого на интернет, но не сакате со “третиот“ да излегувате во јавност за никој да не ве види. Кога со нова личност градите емотивен однос, постои „ризик“ некој од вас да се заљуби. Размислете однапред што ќе правите ако се случи тоа. Кој е прифатлив, а кој не? Кога влегувате во отворена врска, знаете дека таа во најголем дел од случаевите не е отворена баш за сè. Важно е да дефинирате кој може да влезе во таа врска. Однапред би требало да се договорите кој е достапен, а кој е забранет. Колку ќе трае? И отворената врска, како и секоја друга, претставува договор помеѓу две лица. Можеби штотуку сте се зближиле и поради тоа истражувате и други опции, можеби со години сте заедно и сакате да експериментирате. Во секој случај, треба да направите “контрола“ на врската во некој момент. извор: точка.мк ]]>