подготвен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Apr 2023 09:27:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png подготвен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наскоро доаѓа принова: Семејството на фолкерот Ѓани ќе биде побогато за уште еден член (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/naskoro-doaga-prinova-semejstvoto-na-folkerot-gani-ke-bide-pobogato-za-ushte-eden-chlen-foto/ Thu, 06 Apr 2023 09:25:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296893

Марко Трајковиќ, синот на фолк пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани, на својот Инстаграм профил објави видео од ултразвукот на неговата бремена сопруга Миња, на кое се гледа дека нивното бебе расте. Познато е дека снаата на Ѓани е во блажена состојба, а гордиот тато Марко им се пофалил на следбениците дека неговата наследничка е добро и дека се е подготвено за нејзиното доаѓање. - Навистина сум среќен, сите чекаме Миња да се породи, се родив подготвен како дедо - изјави неодамна Ѓани. За потсетување, Марко и Миња се венчаа на 16 декември 2021 година, а свадбената церемонија се одржа во зградата на Градската општина Савски Венац, во кругот на најтесното семејство. Двајцата го имаат синот Лео, а наскоро ќе добијат и девојче.   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Часлав Вукојичиќ/Драган Гајиќ]]>

29-то издание на „Охрид фест“: Фестивалска еуфорија и добро расположение https://arhiva.vistina.com.mk/29-to-izdanie-na-ohrid-fest-festivalska-euforija-i-dobro-raspolozenie/ Fri, 02 Sep 2022 08:19:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265182

Вечерва и утре, (2 и 3 септември) е планирано да се одржи 29-тото издание на „Охрид фест“. Се' е подготвено, сцената на Долни Сарај никогаш не изгледала помоќно, изведувачите се пристигнати, па и покрај дождливото време, владее вистинска фестивалска еуфорија и добро расположение. Директниот пренос го прави МТВ, па така вечерва, петок- од 20,15 ч на првиот канал на МТВ ќе се пренесува Фолк вечерта, со шеснаесет нови песни и многу познати имиња ( Наум Петрески, Благица Павловска, Зуица Лазова, Баже Груевски, Петар Нечовски, групте „Академци“, „Чардаш“... ) а сите тие, со здружени сили ќе ја направат оваа вечер навистина посебна. За да се биде како што треба ќе се погрижи Каролина Петковска, домаќин на оваа специјална музичка ноќ, што е вистинска причина ТВ гледачите го проследат фестивалот. Во втората, Интернационалната вечер, сабота, на 3 септември, домаќините Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе ги претстават сите учесници: ќе проследиме настапи на етаблирани музички имиња од Балканот како омилениот Владо Калембер, кантавторот Срѓан Марјановиќ, групата „Рандеву“ од Словенија, Тони Мишел од Филаделфија и секако - дебитанти, на кои „Охрид фест“ им дава фантастична можност за промоција. Специјалното интернационалното жири ќе ги даде своите гласови на најдобрите, а годинава ја имаме и новинарската награда, акредитираните медиуми ќе ја одберат песната што на нив оставила најдобар впечаток. Самиот фестивал создаде многу традиции а една од нив се традиционалните награди за промоција на музика на Балканот, што годинава им припадна на Гарабет Гаро Тавитјан и Мирослав Илиќ. За преносот на фестивалот покрај националниот сервис,  големиот интерес  поокажаа и странските телевизии кои го пренесуваат фестивалот, па така „Охрид фест“ ќе се гледа и во Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна, Грција, Албанија, Бугарија.., односно на „Гранд телевизија, ТВ Црна Гора 2, Балканика, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, Тв Нови Пазар, Белами, Вижн, ТВ 3 и секако преку сателитскиот канал на МТВ кој може да се проследи и во Америка и Канада. Затоа „Охрид- фест“ ве повикува  да гледате, слушате и уживате!]]>

„Тропико бенд“ вечерва ве чекаат на голем концерт во ВИП арената Борис Трајковски https://arhiva.vistina.com.mk/tropiko-bend-vecherva-ve-chekaat-na-golem-koncert-vo-vip-arenata-boris-trajkovski/ Sat, 28 Apr 2018 07:16:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=23921

Српската атракција „Тропико бенд“ вечерва ќе го одржи најавениот голем скопски концерт во ВИП арената Борис Трајковски. Сцената веќе е подготвена, светлото, озвучувањето и сите останати детали кои овој онцерт ќе го направат единствен. Како и доживувањето на публиката, кое нивните настапи потоа долго ги памети. Што значи дека шоуто може да почне.
Сале и екипата ветуваат два и пол часа добра забава, вистинска концертна журка каде во еден глас ќе се пејат нивните хитови, ќе се патува низ сеќавањата на нивните балади, ќе се танцува, дружи, весели,пее,  пие, забавува на брзите песни од нивниот репертоар.
Затоа не двоумете се каде да ја поминете саботната вечер... Зашто саботната музичка треска вечерва ќе биде во ВИП арената Борис Трајковски од 21.00 часот.
Тропико бенд ви ветуваат дека не само што нема да зажалите, туку задоволството ќе биде обострано. Вашето од нивната забава, нивното од Вашето присуство на нивниот голем скопски, музички, концертен спектакл!  ]]>