подарок одозгора – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 May 2018 08:04:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png подарок одозгора – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Даниел Кајмакоски ја шокираше сопругата: Подарок одозгора! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-kajmakoski-ja-shokirashe-soprugata-podarok-odozgora-foto/ Mon, 28 May 2018 07:54:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28997

Македонскиот поп пејач Даниел Кајмакоски периодов  не е толку активен на музички план. Повеќе е посветен на семејството, сопругата Кристина и синчето Давид, со кои го минува речиси целото свое време. И додека музиката му е во втор план, момчето со Х-фактор во вените успева да биде добар сопруг и уште подобар татко, па затоа постојано на семејството му приредува разни пријатни изненадувања.
Патувањата на релација Виена-Скопје-Струга се добра можност да се промени средината, амбиентот, да се избега од секојдневиото и разбие монотонијата која понекогаш не зафаќа, ама и да се наполнат батериите... и да се живее животот онака, како што сакаш!
Така, семејството Кајмакоски топлото и сончево време го искористи да се одмори во родното место на пејачот, покрај охридското крајбрежје.
Даниел не ја пропушти можноста за уживање во природа и игра со малиот Давид... Но и за уште нешто: благодарност на Бога за најубавиот подарок во животот. Само што Даниел очигледно на себесвојствен начин сакаше да го стори тоа, па затоа симболично го „фрли“ своето синче високо кон небото, додека неговата сопруга правеше заедничко селфи, кое очигледно ја остави со отворена уста... од страв, возбуда или восхит? Или можеби сето тоа заедно!?
Дали имало вресок не знаеме, ама затоа едно е јасно: Даниел Кајмакоски очигледно има необичен начин на изразување на благодарност кон Севишниот.
До душа, на момчето со Х-фактор не му е прв пат да го овековечи „летањето“ во воздух ... Чудниот мерак и пред тоа го има забележано на фотографија.
Само тогаш беше сам... а сега,  со најубавиот божји подарок... одозгора!]]>