почнува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 04 Nov 2023 08:46:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png почнува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-novata-sezona-na-neshto-konkretno-so-snezhe-velkov/ Sat, 04 Nov 2023 08:44:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325412

Цевка има топ не е, брада има топ не е. Што е тоа? Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“ Токму со ваква гатанка почнува новата сезона од „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, доволно провокативна за да алудира на одговорот и доволно инспиративна за да ве натера да мислите. Токму каква што е и идејата на емисијата, да има провокативни теми кои ќе ве натераат да размислите да дискутирате ама на крајот и да се изнасмеете. Со оглед на почетокот во месец ноември, „Нешто конкретно“ се приклучува во кампањата за подигање на свеста за машко здравје. а Снеже апелира: Драги мажи одете превентивно и на лекар и на психолог за да ни бидете здрави и во снагата и во умот, а првата епизода почнува со тема - Колку вредиме? Па Снеже има „скапи“ гости. Новата сезона е и со нова најавна шпица. Сменет ли е концептот или се останува исто, дали можеби на Снеже и се придружи ко-водител за баланс на машко женска енергија? И најважно кој е одговорот на гатанката. Гледајте во недела, 17:20 часот на Телма.]]>

Пролетта почнува во недела на 20. март во 16 часот и 33 минути https://arhiva.vistina.com.mk/proletta-pochnuva-b-nedela-na-20-mart-vo-16-chasot-i-33-minuti/ Sat, 19 Mar 2022 09:27:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243627

Пролетта почнува  во недела, на 20. март во 16 часот и 33 минути. Во истовреме на јужната земјина полутопка почнува есента. За првиот пролетен ден што ќе трае 12 часа и 5 минути метеоролозите предвидуваат сончево и студено време со мала локална облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 11 часот и 13 минути кога почнува летото.]]>

Почнува ЕУРО 2020, дознајте кој е Скилзи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-euro-2020-doznajte-koj-e-skilzi-video/ Fri, 11 Jun 2021 08:14:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206624

Вечерва, петок, 11 јуни 2021 година,  од 21 часот стартува Европското фудбалско првенство со натпреварот Турција-Италија кој ќе се игра на „Олимпико“ во Рим и е од 1.коло во А-групата во која се наоѓаат и селекциите на Швајцарија и на Велс. На ЕВРО 2020 за прв пат во својата историја ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација. „Црвено-жолтите рисови“ дебито на континенталните првенства ќе го имаат в недела од 18 часот против Австрија во Букурешт како дел од Ц-групата каде се сместени и репрезентациите на Холандија и на Украина. Скилзи е официјалната маскота за ова Европско првенство која беше претставена во мај 2019 година. Маскотата симболизира хуманоид во слободен стил на фудбал, како и културата на уличниот фудбал пана. Скилзи е претставен од страна на изведувачите на слободниот стил на фудбалот — Лив Кук и Тобијас Бек. ЕВРО 2020 ќе се игра во 11 града: Рим, Букурешт, Баку, Копенхаген, Санкт Петербург, Лондон, Амстердам, Глазгов, Севилја, Будимпешта и Минхен. https://www.youtube.com/watch?v=9MNxPvKIAOQ]]>

Почнува Божикниот пост https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-bozikniot-post/ Tue, 28 Nov 2017 13:28:38 +0000 http://vistina.mk/?p=5071

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот Божикен пост.
Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должината на траењето, веднаш по Велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна Божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење на вино, зејтин и риба. Во Православната црква практика е во текот на Божикниот пост верниците да се исповедаат и по можност да се причестат за да бидат што подостојни во подготовката за празнување на Христовото раѓање – Божик. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на Божикниот пост посни се и сите славски трпези. Со Канонот на Православната црква предвидени се еднодневни и повеќедневни пости. Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на Главата на Св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември. Повеќедневни пости се Велигденските, Петровденските, Богородичните и Божикните пости. Лицата кои доследно ги почитуваат правилата постат и секоја среда и петок, бидејќи тоа се деновите кога Христос е осуден и кога умрел на крстот. Божикниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на Христијанството и се споменува во делата на светите лица од 4 и 5 век. Првобитно постот траел седум дена, а одлуката Христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена донесена е на Собор во 1166 година. Траењето на Божикниот пост се објаснува и со четириесетдневното патување на тројцата мудреци до Витлеемската пештера во која на 25 декември е роден Богомладенецот Исус. Затоа се вели дека постот е ѕвезда водилка за сите кои Христијанството го одбрале за своја вера, како што за мудреците кои верувале во пророштвото за раѓањето на Спасителот, единствена водилка била најсветлата ѕвезда на небото која се движела од Западот кон Истокот и која ги довела во Витлеем. Извор:МИА.мк
]]>