почитување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 May 2022 11:50:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png почитување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Овие три работи на мажите им се попотребни од секс во љубовната врска https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-tri-raboti-na-mazite-im-se-popotrebni-od-seks-vo-ljubovnata-vrska/ Thu, 12 May 2022 13:45:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250136

„Бидете одраз на она што би сакале да го видите кај другите. Доколку барате љубов, сакајте се себе. Доколку барате искреност, бидете искрени, а доколку барате почит, покажете почитување. Го добивате назад тоа што сте го дале“. Заблуда е дека мажите ги интересира само секс. Овие три работи им се многу поважни на мажите од сексот. 1.Разбирање Сите знаеме дека сексуалната интимност е физички израз на страстите кои ги имате еден кон друг. Но, доколку се потрудите да разберете како вашиот партнер се чувствува, може да ја донесете врската на едно повисоко ниво. Секојпат кога би ја сретнал својата девојка, би оделе на состанок, би јаделе во модерен ресторан, а потоа би дошле дома и би воделе љубов. Секако, еден на друг би си кажале „те сакам“ и секој од нас ова фаза ја изговара целосно искрено. Меѓутоа, поради недостатокот на емоционалната интимност, не би чувствувале преголема желба да бидеме заедно до крајот на животот. Додека читав разни совети за односите, наидов на една објава во која се зборува за важноста на можноста да разговарате и да го сослушувате партнерот. На почетокот овој совет ме иритираше, но откако почнав поотворено да слушам и зборувам за своите чувства и емоции, квалитетот на мојот однос значајно се подобри. Разбирањето во односите е двонасочна улица затоа што доколку сакате партнерот да почне да ве слуша, важно е да му возвратите кога има желба да проговори. Римскиот филозоф Сенека го кажал следното: „Една од најубавите особини на вистинското пријателство е разбирањето“. 2. Прифаќање Често сонуваме работите да бидат поразлични, личноста која ја сакаме да се однесува на одреден начин. Но, постојаното размислување за работите кои не можете да ги промените, се лишувате себеси од можноста да се фокусирате на сè што може да смените. Лицата со кои сте во врска сакаат да почувствуваат дека ги сакате, прифаќате и почитувате. Но, невозможно е да изградите моќна емоционална врска доколку постојано го критикувате. Во секој случај, ако постојано го осудувате, тој ќе почне да се однесува кон вас на истиот тој начин. Разбираме дека сакате да изградите идеален однос со вашиот партнер во кој нема да има несогласувања, но за жал тоа никогаш нема да се случи доколку не го прифаќате таков каков што е. Поради тоа, доколку сакате да ја зајакнете врската, почнете со прифаќање на несовршеностите на еден со друг и сето тоа ќе се подобри. „Прифатете го она со што судбината ве поврзува и сакајте ги луѓето со кои вашата судбина ве споила. Направете го тоа со цело срце“, Марко Аурелиј. 3.Искреност Сексуалната интимност дефинитивно е една од најдобрите начини да се изгради доверба во врската. Но, доколку не сте искрени кон партнерот нема да можете да сметате на искреноста за возврат. На крајот на краиштата, долговечните врски едноставно не можат да се градат врз основа на лаги. Поради тоа доколку сакате да ги поправите односите, само почнете да разговарате, искреноста ќе ви овозможи да ја задржите почитта кон партнерот. „Бидете одраз на она што би сакале да го видите кај другите. Доколку барате љубов, сакајте се себе. Доколку барате искреност, бидете искрени. Доколку барате почит, покажете почитување. За возврат ќе го добиеш тоа што го сакаш“, непознат автор.]]>

Неколку невообичаени модни правила кои членовите на кралското семејство треба да ги почитуваат https://arhiva.vistina.com.mk/nekolku-nevoobichaeni-modni-pravila-koi-chlenovite-na-kralskoto-semejstvo-treba-da-gi-pochituvaat/ Sat, 16 Mar 2019 08:10:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77480

Да си член на кралското семејество е голема привилегија и чест, но истата титула носи и почитување на одредени правила, вклучувајќи ги и модните. Еве неколку невообичаени модни правила кои дамите на кралското семејство треба да ги почитуваат.
  1. Не смеат да користат лакови во боја за нокти
Можеби веќе имате забележано дека кралицата Елизабета, како и Кејт Мидлтон своите нокти не ги лакираат со впечатливи бои. Членовите на кралското семејство своите нокти може да ги лакираат со безбоен лак.
  1. Воопшто не смеат да носат тијара
Во кралското семејство тијарите се резервирани само за свечени прилики, како што се на пример веначавките. Кејт за својата свадба позајми тијара од кралицата Елизабета, а за некои други прилики ги одбра оние кои и припаѓале на  Дијана. Немажените жени и децата никогаш не носат тијара.
  1. Кралицата ги користи своите чанти за да праќа скриени пораки
Кралицата никаде не оди без својата чанта, а за тоа има добра причина. Имено, таа и служи за да во одредени ситуации праќа скриени пораки. На пример, кога сака да ја напушти вечерата, својата чанта ќе ја стави на столот, а со тоа ќе даде до знаење дека вечерата треба да заврши.
  1. Торби за криење на деколтето.
Дизајнерката која ги креирала торбите  на Дијана откри дека ги нарекувала „торби за криење на деколтето“.
  1. Торбите служат и за избегнување на ракување
Кејт Мидлтон често ја држи торбата со две раце кога ракувањето не е дел од протоколот. На тој начин ќе покаже дека нема потреба од поздравување со рака.
  1. Кралицата носи облека во светли бои, но не затоа што ги сака
Тешко е да се најдат фотографии на кои кралицата е облечена во комбинации во темни бои. Имено, за да секогаш биде забележена и луѓето да кажат дека ја виделе, кралицата се облекува во светли бои.
  1. Носењето на шешир исто така е долга традиција
Речиси на секое формално случување, кралицата носи шешир кој и одговара на нејзиниот стајлинг. Имено, до крајот на 50тите години од претходниот век, жените ретко биле видени со пуштена коса и без шешир. Таа традиција се задржала и во кралското семејство,
  1. Членовите на кралското семејство на своите патувања со себе мора да носат црна облека
Едно од “морбидните“ правила на кралското семејство е на своите патувања да носат црна облека, во случај на смрт на некој од членовите. Правилото почнало да применува по посетата на кралицата Елизабета во Кен кога дознала дека нејзиниот татко починал, а таа со себе немалз прикладна облека со која би се вратила во родната земја.
  1. Принцот Џорџ секогаш носи шорцеви
Според кралските правила, панталоните се за повозрасни мажи, додека пак децата носат шорцеви. Принцот Вилијам истакна дека носел шорцеви до својата осма година.
  1. Во присуство на кралицата забрането е да се носат обувки со високи потпетици
Кејт Мидлтон во една прилика се појави во вакви обувки, а тоа не и се допадна на кралицата. „Таа не ги сака и тоа е добро познато на женските членови во семејството“ вели извор близок на семејството.
  1. Фустаните треба да бидат од “тежок“ материјал за да биде спречена непријатност
За да членовите на кралското семејство спречат непријатности, нивните модни комбинации треба да бидат направени од “тежок“ материјал.
  1. Најлон чорапите се задолжителни
Меган Маркл на едно случување се појави без најлон чорапи и со тоа го прекрши едно од најважните модни правила. Иако, не претставува вообичаено правило, Кејт Мидлтон се труди да ги носи во секоја прилика.
]]>