почит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Dec 2023 10:13:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png почит – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо – ДНК жестоко го впери прстот во поедини колеги од естрадата и јавниот живот: “Сите кои си ги промовирате вашите настани на овој ден сте обични бедни безрбетници“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-zhestoko-go-vperi-prstot-vo-poedini-kolegi-od-estradata-i-javniot-zhivot-site-koi-si-gi-promovirate-vashite-nastani-na-ovoj-den-ste-obichni-bedni-bezrbetnitsi-foto/ Wed, 06 Dec 2023 10:08:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330104

Огромната болка по невидената трагедија што деновиве ја потресе македонската јавност се' уште не стивнува. Можеби шокот и неверувањето полека се претвораат во соочување со реалноста од која нема враќање, но од трагедијата  треба да се извлечат поуките и направи се' вакво нешто никогаш и никому да не му се повтори. По трагедијата емпатија и сочувството беа речиси колективна одлика на целата нација која тагуваше по невината жртва, чиј детски живот наслино беше одземен. Но, како што вели старата поговорка: „Во секое жито мора да има и плевел“, го имаше и овој пат, во овој случај. Како што веќе пишувавме кога веќе политиката немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, другите имаа. ТВ емисиите од забавен карактер беа откажани, настаните и концертите – одложени, промоциите на нови песни и музички видеа - пролонгирани... Зашто ако имате барем тронка чувство на емпатија, барем парче душа пред ваква трагедија, не ќе имате совест да се однесувате како ништо да не се случило. Особено ако професијата ви е да ги забавувате масите, а  никому не му е до забава. Тоа бргу го сфатија повеќето од естрадно-забавниот свет, иако некои не веднаш и не баш сите… Ова изнервира многумина кои коментираа на социјалните мрежи жестоко реагирајќи на тоа како може во вакви моменти на траор и тага некој да си тера забава, веселба, музика, да си промовира ивенти, настани, настапи... Ако веќе власта нема сенс за тоа дека во вакви околности Македонија барем 24 часа требаше да биде земја на тагата, како што тоа на пример го направи соседна Србија која се случи масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, тогаш секоја индивидува  мораше да има барем малку душа да ја сподели тагата за невино загубената детска душа. Еден од оние кој најмногу изнирверина најжестоко изреагира на социјалните мрежи вперувајќи го прстот во своите „неразумни и бездушни колеги“ од естрадата кои ја игнорираа болката и тагата по објвата за смртта на малата Вања, беше Панчо - ДНК. Владимир Блажев како што му стои во личната карта и овој пат имаше што да каже и кого да прозве крајно изнервиран од односот на некои свои колеги кон „траорната стварност“!  Изваден од такт, тој своите профили на социјалните мрежи ги опсипа со жестоки „комплименти“ оние свои колеги кои ниту смртта на малото девојче не ги допрела, па како да ништо да не се случило си ја терале својата испланирана агенда од промоции, настапи, ивенти, прослави, родендени... На таквите пејачки, старлети, инфлуенсерки... естрадни јавни фаци,  Панчо им порача:   Фото: Facebook/Vladimir Blazev]]>

„Изгубија брат“: Актерите од „Пријатели“ очајни по смртта на Метју Пери, а вака ќе му оддадат почит на саканиот Чендлер (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/izgubija-brat-akterite-od-prijateli-ochajni-po-smrtta-na-metju-peri-a-vaka-ke-mu-oddadat-pochit-na-sakaniot-chendler-foto/ Mon, 30 Oct 2023 08:48:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324396

Пријателката на Лиза Кердроу, која ја играше Фиби Бафет во ситкомот „Пријатели“, проговори и откри дека актерката многу тешко ја примила смртта на актерот Метју Пери и планира да го посвои неговото куче. Изворот потоа раскажал за „Page Six“ како петмината од култната телевизиска приказна ја поднесуваат трагедијата. Метју Пери глумеше во „Пријатели“ заедно со „Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер и Мет Лебланк. Споменатите актери се подготвуваат да дадат заедничка изјава во врска со смртта на пријателот, кој вчера беше пронајден мртов на неговиот имот во Лос Анџелес. „Тешко им е да го загубат својот брат, бидејќи Мети им беше брат. Тоа е само поразително“, рекол изворот. Серијата, која траеше 10 сезони од 1994 до 2004 година, значеше многу за кариерата на сите шест главни актери. Целата актерска екипа беше блиска, тие беа скршени, бидејќи беа заедно и во најдобрите и во најлошите моменти“, вели инсајдерот. Метју Пери, кој се бореше со зависност од дрога и алкохолизам, особено остана близок со Џенифер Анистон по снимањето на серијата. „Таа беше таа која најмногу реагираше. Знаете, навистина сум ѝ благодарен за тоа“, изјави Метју Пери на Дајан Соер во 2022 година. Актерот во своите мемоари од 2022 година „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ откри дека Анистон била таа што се соочила со него кога неговата злоупотреба на супстанции станала очигледна на другите негови колеги. Да потсетиме, Метју Пери беше пронајден мртов во џакузи, постои сомневање дека се удавил, се чекаат попрецизни резултати од обдукцијата и токсиколошките анализи. На местото на трагедијата не се пронајдени лекови или знаци на насилство, но лекови како што се антидепресиви и лекови на рецепт за опструктивна белодробна болест биле пронајдени, изјави извор за TMZ. фото:Profimedia/HBO MAX / BACKGRID / BACKGRID UK /THE HOLLYWOOD ARCHIVE / HOLLYWOOD ARCHIVE /Printskrin Youtube]]>

Поранешната и сегашната сопруга на Брус Вилис му го честитаа денот на таткото: Објавени досега невидени фотографии од познатиот актер и неговите наследници (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poraneshnata-i-segashnata-sopruga-na-brus-vilis-mu-go-chestitaa-denot-na-tatkoto-objaveni-dosega-nevideni-fotografii-od-poznatiot-akter-i-negovite-naslednitsi-foto/ Tue, 20 Jun 2023 07:55:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306894

Пријателите и семејството на Брус Вилис во негова чест го прославиле Денот на таткото и на социјалните мрежи. Поранешната сопруга на ѕвездата од „Умри машки“, Деми Мур и неговата сегашна сопруга Ема Хеминг, се огласија на Инстаграм за да му оддадат почит на актерот, кому неодамна му беше дијагностицирана деменција. - Засекогаш сум благодарна што ми ги подари овие три прекрасни девојки - напиша Мур покрај слатката црно-бела фотографија на која Вилис позира со нивните ќерки.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Познатата актерка беше во брак со ѕвездата на „Шесто сетило“ од 1987 до 2000 година, а родители се Румер, Скаут и Талула. Пријателските настроените поранешни сопружници, исто така, неодамна станаа баба и дедо кога нивната најстара ќерка и нејзиниот партнер, Дерек Ричард Томас, ја пречекаа ќерката Луета во мај. Покрај Деми, трогателна порака напиша и сопругата на Вилис. - Денот на татковците е време кога размислувам за длабоката почит што ја имам кон Брус бидејќи го гледам како татко на нашите деца - напишала 45-годишната Хеминг со фотографија од нејзиниот сопруг и нивното 11-годишно дете и исто така. најстарата ќерка Мејбел.
- Тоа што ќе ги научи ќе трае со генерации. Безусловна љубов, добрина, сила, сочувство, трпение, дарежливост, издржливост – додаде таа и му посака „Среќен ден на таткото на најдобриот татко“. Вилис и Хемингова се во брак од 2009 година, а имаат помала ќерка, деветгодишната Евелин. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Македонската естрада се простува од Ферус Мустафов: Колегите со пиетет и последен поздрав кон „кралот на саксофонот“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-se-prostuva-od-ferus-mustafov-kolegite-so-pietet-i-posleden-pozdrav-kon-kralot-na-saksofonot/ Mon, 22 May 2023 11:15:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303165

По веста за смртта на Ферус Мустафов, социјалните мрежи се преполнети со споделени написи од медиумите, но и збогување со „кралот на саксофонот“. Особено неговите колеги од македонската естрада се оние кои со пиетет и зборови утеха на сеќавање, се простуваат од својот колега, соработник, пријател и другар... малиот - голем музичар и човек, Ферус! Еве ги последните поздрави на оние македонски естрадни и јавни личности кои први се огласија збогувајќе се од починатиот музичар на Фејсбук: Пејачката Росана Сариќ - Тодоровска Колегата саксофонист и кларинетист Зоран Крагуевски Младиот пејач и кумашин Огнен Здравковски  Фолк ѕвездата Сузана Гавазова Колегата Лазар Наумов од групата „Бумбари“ ТВ водителката Анита Даева Уште еден крал на својот инструмент, овој пат на трубата - Кинг Наат Велиов Македонската фолк ѕвезда Елена Велевска Владимир Блажев, алиас Панчо од арен би дуото ДНК Подкаст водителот Стефан Лазаров, кај кого Ферус го имаше последното јавно гостување Музичарот и гитарист Петар Ренџов Фолк пејачот и некогашен член на „Браво Бенд“ - Живко Динев Актерот, пејач и водител Игор Џамбазов  ...И уште многумина други. Листата е предолга за да ја собере во една објава... Почивај во мир „кралу“ и нека ти е светол патот кон царството небеско, во спокојот на вечноста која оддамна ја заслужи... Таму, каде што отсега ќе им свириш на ангелите.]]>

Весна Петрушевска и малите актери од нејзината актерска школа им оддадоа почит на трагично настраданите деца од Белград (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-petrushevska-i-malite-akteri-od-nejzinata-akterska-shkola-im-oddadoa-pochit-na-tragichno-nastradanite-detsa-od-belgrad-foto/ Mon, 08 May 2023 05:17:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300974

Малите актери од Актерската школа на истакнатата македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска во неделата, 7-ми мај 2023 година пред Амбасадата на Република Србија во Скопје им оддадоа почит на своите трагично настрадани  другарчиња од Белград, ученици на училиштето „Владислав Рибникар“, кои ги загубија животите во монструозниот убиствен напад на нивниот соученик. Петрушевска со своите мали актери, заедно со апели за заштита на децата, оставија цвеќе и им запалија свеќи на трагично загубените животи на малите ангелчиња од Белград. Бејби уште веднаш по грозоморната трагедија на своите профили на социјалните мрежи истакна дека е згрозена и потресена од настанот во Белград и дека ова зло никогаш и никаде не смее да се повтори. Покрај тајните на актерството, Весна своите млади актери ги учи и на вистинските животни вредности, доброто воспитување, култура и уметност. Така, покрај овој хуман, човечки гест, викендот Весна и нејзините мали пријатели го искористија и да го посетат актуелниот Саем на книгата, на промоцијата на новото издание на книгата „Стапица“ од легендарниот Горан Стефановски, како  и да се дружат со македонскиот писател Венко Андоновски.  ]]>

Дара Бубамара „уловена“ со поранешниот сопруг: Откриено во каква врска се сега и како го поминуваат времето (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dara-bubamara-ulovena-so-poraneshniot-soprug-otkrieno-vo-kakva-vrska-se-sega-i-kako-go-pominuvaat-vremeto-video/ Fri, 10 Mar 2023 10:22:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292741

Пејачката Дара Бубамара не откри нов партнер откако раскина со 22 години помладиот партнер Тони. Сепак, познато е дека таа отсекогаш била во добри односи со поранешниот сопруг Милан Кесиќ, со кој го има синот Константин. Овој пат поранешните сопружници повторно беа фатени заедно од екипата на шоуто „Папарацо лов“. Имено, Дара во текот на денот обврските ги извршувала во родниот Нови Сад, додека вечерта се упатила за Белград и заминала на Дедиње каде има свој стан. Дара таму ја пречекал поранешниот сопруг со кој влегла во станот. Инаку, Дара отсекогаш потенцираше дека со Кесиќ има пријателски односи сите овие години и дека си одговараат, особено откако и двајцата ги загубија родителите. - Бев меѓу првите што дознав кога Дара почна да излегува со друго момче, ми кажа таа. Не сум го запознал, но не ми пречи ако тоа се случи. Имам и девојка, таа се вика Марија. Дара е многу позитивна личност, убава и искрена – своевремено зборуваше Милан за нивната врска. - Со Дара се знаеме 12 години, бевме и останавме најдобри пријатели. Малку е тешко да ви ја објаснам нашата врска, тоа е сосем специфично. Вистината е дека јас и Дара никогаш не сме биле во вистински брак, главно нашата врска се базираше на пријателство и почит. Постоеше и страст меѓу нас, потоа Дара остана бремена, па потоа се венчавме. Сепак, последните две и пол години брак немавме ништо, но не сакавме да се разведеме поради детето. Спиевме во посебни соби. Таа, како и секоја жена, мораше да излегува, да запознае некого. Тоа не ми пречеше, ја почитував секоја нејзина одлука - изјави тогаш Милан за медиумите. - Милан, Коста и јас патуваме заедно, лани бевме во Турција, а во јануари во Дубаи. Па кој ќе ми биде најдобар пријател ако не тој? Неговите родители многу ме сакаа, а моите го сакаа него - изјави Дара гостувајќи во емисијата „Шоуто продолжува“.   Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб/Папарацо лов]]>

Никогаш не правете работи кои партнерот нема да ги цени https://arhiva.vistina.com.mk/nikogash-ne-pravete-raboti-koi-partnerot-nema-da-gi-tseni/ Mon, 20 Feb 2023 13:15:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289705

Понекогаш не го сфаќате тоа, но останувајќи во погрешни врски, само долгорочно се повредувате, дури и ако мислите дека лошите работи што се случуваат се само фаза и дека вашата напорна работа ќе се исплати и работите навистина ќе се променат со сите ваши напори. Ако ова се повторува премногу често, целата енергија ќе ја насочите кон упорно решавање на проблемот и тука почнувате да се губите себеси. Без разлика на вашата сила или независност, тоа може да се случи секому. Меѓутоа, штом ќе сфатите дека нешто било залудно, тоа е ваш знак да внимавате на себе, на сопствените потреби и на сопствената среќа. Поставете ги вашите приоритети Во секоја врска, грижата за себе е клучна. Лесно е да се вовлечете во токсични емоционални потреби и да се изгубите кога не можете да се грижите за себе бидејќи целиот фокус е на вашиот партнер и задоволување на неговите потреби или каприци. Дури и кога се е во ред, не потпирајте се само на вашиот партнер за да ве направи среќни. Убаво е да споделувате уживање и да поминувате време еден со друг, но запомнете дека треба да направите нешто исклучиво за себе и дека компромисот не е доволен. Комуницирајте со вашите пријатели и семејството Не се ограничувајте на една личност во вашиот живот – никогаш за никого. Сè што сте имале со семејството и пријателите, сите ритуали, обичаи и време што сте го поминале заедно, обидете се да го задржите во иста или барем слична форма. Јасно е дека нема да имате исто време, но не дозволувајте да го поминувате исклучиво со партнерот. Откако вашиот партнер ќе стане целиот ваш свет – вие сте во неволја. Избегнувајте секогаш да бидете единствениот што прави компромис Добро е на крајот да се жртвувате во врската заради двајцата, но не е прифатливо ако само вие се залагате за тоа. Малите работи наскоро ќе станат многу поголеми, а вие ќе го изгубите идентитетот. Знајте за што да правите компромиси во односите. Затоа, следниот пат кога ќе треба да направите компромис, размислете дали ќе вреди да се трудите. извор:попара.мк]]>

„Тој е во сите нас“: Пере Нокаут ја сподели својата традиција кон ликот и делото на Тоше Проески (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/toj-e-vo-site-nas-pere-nokaut-ja-spodeli-svojata-tradicija-kon-likot-i-deloto-na-toshe-proeski-foto/ Wed, 15 Jun 2022 07:17:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254347

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“ – зборови кажани од нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески, големиот човек чиј лик и дело никогаш нема да отиде во заборав. За да се спомене Тоше и да се слуша неговата музика, не е потсебно тоа да биде денот на неговиот роденден или оној кобниот- Тоше е тука, меѓу нас, во срцата постојано... Дека тоа е така и за познатиот пејач од „Нокаут“, Никола Перевски, потврди со гестот и постапката со почит кон колегата Тоше која ја негува со години. -Имав огромна чест и задоволство лично да го познавам и да соработувам со Тоше на албумот "Ако ме погледнеш во очи" како композитор и пратечки вокали. Другар и колега, со искрена желба,визија и мисија да тргне и да го освои светот. Се уште во неверување дека повеќе не е меѓу нас, секоја година доаѓам да му оддадам почит и запалам свеќа на неговото вечно почивалиште и во манастирот св.Преображение со најголема почит. Во суштина, тој е во сите нас. Крушево абер пристигна. Мир божји – пишува Пере. Се гордееме како Македонци што го имавме и го имаме во нас, а тоа е чиста емоција полна љубов која беше неговиот примарен двигател. фото:Принтскрин Инстаграм фан Пејџ Тоше Проески/Фејсбук Никола Перевски]]>

5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта https://arhiva.vistina.com.mk/5-prichini-zoshto-se-zaljubuvame-vo-lugje-koi-ne-ni-ja-vozvrakjaat-ljubovta-2/ Mon, 23 May 2022 13:30:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251707

1. Не се почитувате и сакате себеси Како што вели старата поговорка, никој не може да те сака ако не се сакаш себеси па така наместо самите да се лекувате себеси и сопствените рани, барате други да го направат тоа за вас. Ако не се сакате и прифатите целосно такви какви што сте, никој нема да може да ви ја пружи љубовта по која трагате цел живот. 2. Сакате да се вљубите, но не сакате да ѝ се посветите на врската За вас заљубувањето е како опојна дрога од која не можете да се заситите, нели? Сакате да се вљубите, но не сакате да се ограничите така што ќе се посветите на врската. Жедни сте за возбуда, но не ја сакате зрелоста што е дел од една сериозна и здрава врска. За вас возбудата почнува да бледнее кога нештата стануваат посериозни и не сте сигурни дека би можеле да бидете со една личност до крајот на животот. 3. Не сакате да се збогувате со минатото Се плашите од љубовта затоа што сте имале лошо искуство во минатото и сè уште ги немате пребродено болката и траумата. Таквото искуство засекогаш ви го сменил начинот на кој гледате на љубовта и иако се убедувате себеси дека сте продолжиле понатаму, вистината е дека воопшто не е така. Секогаш кога чувствувате дека не заслужувате љубов, тоа е затоа што вашето минато ве прогонува. Болните работи што сте ги доживеале ве спречуваат да се заљубите во некого и да бидете во здрава врска. 4. Се плашите од интимност и ранливост Се вљубувате во луѓе кои никогаш нема да ве сакаат затоа што се плашите да бидете ранливи и емоционално интимни со другите. Мислите дека сте подготвени да бидете во сериозна, посветена врска, но во моментот кога ќе станат сериозни работите вие почнувате да се повлекувате, без да бидете свесни за тоа. Сакате да го отворите своето срце и да љубите бескрајно, но стравот дека ќе бидете повредени ве спречува во тоа. 5. Можеби и не е љубов тоа што го чувствувате Кога мислите дека се заљубувате во некого, можеби сето тоа е само во вашата глава, а всушност не е љубов. Можеби ви се допаѓа како личност или ви се допаѓа што сè таа прави за вие да се чувствувате среќно. Но, откако ќе се анализирате себеси најверојатно ќе сфатите и дека не ја сакате таа личност со оглед на тоа дека не се гледате себеси како го поминувате животот со неа. Ви се допаѓа чувството кога некој е секогаш тука за вас и ве разбира, но ви е тешко да го направите истото. Треба да сфатите дека вистинската љубов не е минлива и кога сакате некого го прифаќате онаков каков што е, вклучувајќи ги сите мани и недостатоци. Откако ги прочитавте причините поради кои се заљубуваме во погрешните луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи треба да се случат за да се заљубат две личности. Извор: themindsjournal.com/кафепауза.мк]]>

Почитта и тагата по Марина ги спои лутите сопернички: Цеца и Карлеуша освен на суд, за прв пат се најдоа заедно на исто место (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochitta-i-tagata-po-marina-gi-spoi-lutite-sopernichki-ceca-i-karleusha-osven-na-sud-za-prv-pat-se-najdoa-zaedno-na-isto-mesto-foto/ Wed, 29 Sep 2021 11:41:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221058

Заминувањето на еден од најдобрите српски текстописци, односно нејзиното последно испраќање до вечното почивалиште ги обедини дури и најлутите ривалки. Па така, освен на суд, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша за прв пат можеа да се видат заедно на исто место.   Двете пејачки дојдоа облечени во црно, со црни маски преку лицето како што налагаат ковид протоколите. Цеца криејќи ги насолзените очи со црни очила, Карлеуша видно растревожена. Цеца донесе огромна икебана од бели рози, додека Јелена плачеше и надвор од капелата. Фото: Пинк.рс/Стефан Стојановиќ]]>