починал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Nov 2023 12:48:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png починал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина познатиот ријалити учесник: Радашин од „Големиот брат“ и „Фарма“ ненадејно се упокои (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-poznatiot-rijaliti-uchesnik-radashin-od-golemiot-brat-i-farma-nendejno-se-upokoi-foto/ Mon, 06 Nov 2023 12:48:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325609

Учесникот на реалните програми „Големиот брат“ и „Фарма“ Радиша Миљковиќ (63), попознат како Радашин по ликот од серијата „Село гори, баба се чешла“, починал сношти (недела,  05.11.2023) во родното село Љуптен, меѓу Алексинац и Ниш. Кумот на Радашин ја потврди тажната вест: „Почина сношти. Вчера бев во селото и беше критично“ - изјавил кумот на ријалити ѕвездата. „Му пукна капилар во ногата и доби сепса. Почина на неполна 63-годишна возраст. Тој сè уште беше во брак со својата жена која тешко ја поднесе загубата на сопругот. Беше болен неколку години, сега сè подготвуваме за погребот“ - изјавила неговата снаа Виолета. Инаку, Радиша Миљковиќ беше учесник во неколку реални шоуа, а многумина коментираа дека е двојник на актерот Радош Бајиќ. По реалното шоу настапуваше во клубовите во кои играше во шестата деценија. Последните денови од животот ги помина во родното село во родната куќа со сопругата Златка, синот, снаата и четирите внуци. Последниве години се занимавал со земјоделство.  ]]>

Почина Горан Станковиќ – македонскиот пејач кој „растури“ во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-goran-stankovik-makedonskiot-pejach-koj-rasturi-vo-muzichkoto-shou-nikogash-ne-e-dotsna-video/ Mon, 10 Jul 2023 11:15:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309583

Македонската јавност, особено онаа естрадната ја потресе уште една тажна вест. Почина познатиот кафеански пејач и забавувач Горан Станковиќ (50).  Скопската јавност,особено оние кои биле чест дел од ноќниот живот  многу добро го познаваат како еден од првите пејачи кој ги забавуваше гостите по скопските локали на таканаречените ноќни свирки. Најчесто во еден од култните ноќни клубови во 90-ите, сега позната скопска кафеана „Рулет“ каде Горан беше не заобиколен дел од оние кои  со години ја правеа забавата до раните утрински часови. Во деведесеттите беше член на „Реквиум бенд“ и иако можеби никогаш не направи голема естрадна кариера, а ја заслужуваше многу повеќе од некои познати естрадни уметници, располагаше со моќен вокал кој никого не оставаше рамнодушен, кога беспрекорно, верно на оригиналот ги пееше најпознатите регионални поп и голк хитови... Од, „Бијело Дугнме“,  Здравко Чолиќ, преку Шабан Шаулиќ, до Харис Џиновиќ... немаше нешто што Горан не умееш да го отпее. Конечно, учеството во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ му ја донесе задоцнетата потврда на неговите квалитети и популарноста која Горан ја заслужуваше уште многу отпорано. Многу негови пријатели, помалку или повеќе познати скопски фаци, урбани градски ликови, сопственици на угостителски локали, негови пријатели се простуваат од пејачот и неговото прерано заминување. Освен музиката, Станковиќ беше поранешен ракометар и ракометен работник. Долги години беше дел од раководството на ракометниот клуб, Јуниор Кисела Вода. Неговиот глас беше најмногу препознатлив од натпреварите на Металург во Автокоманда и „Борис Трајковски“, каде што беше најавувач на средбите. Почивај во мир и пеј им на ангелите, пејачиште! Сочувство до семејството.    ]]>

Страшна трагедија во семејството на Никола Којо: Неговиот брат Владимир почина на бизарен начин https://arhiva.vistina.com.mk/strashna-tragedija-vo-semejstvoto-na-nikola-kojo-negoviot-brat-vladimir-pochina-na-bizaren-nachin/ Tue, 04 Jul 2023 11:18:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308861

Во четвртокот трагично почина братот на актерот Никола Којо, Владимир Којо (59), а погребот ќе биде извршен денеска во 14 часот на Новите гробишта во Белград. Трагедијата, според неофицијални информации, се случила во четвртокот кога на хиподром го удрил коњ. Според извештаите, коњот го фрлил јавачот, а Којо истрчал да го запре животното. Во тој момент коњот го удрил и тешко го повредил. Екипите на итната помош пристигнале на местото на несреќата, Владимир Којо наводно се уште давал знаци на живот, но починал во болница. Никола Којо со емотивна порака се прости од Владимир.
– Последен поздрав до мојот драг брат.
]]>

Згасна животот на првиот македонски ријалити победник: Почина Драги – „Шпага“ https://arhiva.vistina.com.mk/zgasna-zhivotot-na-prviot-makedonski-rijaliti-pobednik-pochina-dragi-shpaga/ Wed, 31 May 2023 09:11:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304348

Замина уште еден урбан градски скопски лик. Драги Христов кого сите го познаваа по прекарот Драги - „Шпага“, почина на 52 годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му беше констатиран карцином на белите дробови. Скопјени и скопската урбана градска шема го памети со години наназад уште од средината на деведесеттите години, од ноќните излегувања по култните места во македонската престолнина. Беше запаметен по неговата луцидност заедно со неговиот тогашен другар Дејан Органџиев, кои знаеа необично и екстравагантно да се облекуваат во светкави костуми или оние со животински принт и да носат различни перики, отскокнувајќи од масата со изглед налик на ликови од некој првоаприлски маскенбал. Пошироката македонска јавност сепак го запозна во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија, кога имаше обид самостојно да создаде ријалити од овој тип. Реалното шоу се викаше „Тоа сум јас“, а се снимаше во куќа во Скопје и беше сличен формат на „Големиот брат“. Шоуто се прикажуваше на МТВ, а подоцна имаше обиди за негови варијации на други телевизии. Драги - Шпага беше токму победникот во првата сезона на ова реално шоу, а како награда тогаш доби автомобил „Шевролет - Матиз“. Годините подоцна станува лик за кој ќе зборува целата македонска јавност , но и регионот откако во продукција на најпознатиот македонски секс шоп, ќе биде главниот машки „актерски“ лик во филмската порно комедија: „Жена ми Мира пак масту*бира“, филм за возрасни кој ќе биде издаден и на видеокасета односно ДВД формат. Оттогаш натаму Драги Шпага ќе го добие епитетот „порно актер“ иако потоа никогаш повеќе нема да ја повтори ваквата улога. Потоа ќе се повлече, а во јавноста одново неговото име ќе одекне по појавата во камп - шаторите пред македонската влада, за време на таканаречената „Шарена револуција“ со чија помош СДС дојде на власт. Неговата фотографија гушнат со тогашната потпретседателка на „комуњарите“, Радмила Шеќеринска беше хит на сите насловници на македонските медиуми, а истата ја пренесоа и повеќето во регионот. Короната ќе биде следната неволја со која Драги Христов - „Шпага“ ќе се соочи, а инфекцијата со заразната болест едвај ќе ја преживее. Во полусвесна состојба, па во кома дваесет часа, со тешка пневмонија и внатрешно крварење во желудникот од кое  изгубил многу крв, шансите да преживее му  биле едвај 20%.  Матичниот лекар подоцна му рекол дека бил случај  за во учебниците... за енциклопедија. За жал, дали како поседица на короната и тешките диети, на Шпага ќе му откажат бубрезите... Последните години остануваат надвор од нивната функција, па тој ќе стане еден од оние пациенти кои ќе мораат два до три пати во неделата да одат на дијализа. Според кажувањата на блиските пријатели, неодамна токму при една од дијализите на Шпага му се слошило, по што му биле направени итни детални прегледи, по кои за жал било констатирано нешто, за што самиот ниту знаел, ниту чувствувал некакви симптоми - карцином на белите дробови во поодмината фаза со метастази. По кусото и тешко боледување опаката болест го зема својот данок и Драги Христив - „Шпага“ починал. Погребот бил извршен вчера, на 30 мај 2023 година, во попладневните часови во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство. Фото: Фејсбук принтскрин/Dragi Hristov Spaga]]>

Замина човекот кој на светот им ги соопшти терористичките напади на кулите близначки во Њујорк: Почина Џон Роланд – водителот на вестите на „Fox“ (FOTO) https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-chovekot-koj-na-svetot-im-gi-soopshti-teroristichkite-napadi-na-kulite-bliznachki-vo-nujork-pochina-dhon-roland-voditelot-na-vestite-na-fox-foto/ Tue, 09 May 2023 11:18:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301239

Џон Роланд, кој три децении работеше како водител на вести за Фокс 5 во Њујорк, почина на 81 година. Роланд речиси 30 години ги води вестите од 22 часот на њујоршкиот канал, а и пред тоа работеше како водител на ноќни вести. Токму тој му  соопшти на светот за многу историски настани, како терористичките напади на 11-ти септември. Во текот на децениите, Роланд стана доверлив новинар за милиони луѓе. Оние кои работеа со Роланд, вклучувајќи ја и неговата колешка, водителката Росана Ското, во 1990-тите, рекоа дека тој бил инспирација. „Седењето до Џон секогаш беше лекција за учење“, рече таа. Новинарот, по потекло од Питсбург, ја започна својата кариера во 1960-тите работејќи за NBC News во Лос Анџелес. За него беше познато и дека во една прилика и самиот беше предмет на вестите. Имено, во мај 1983 година, Роланд и неговиот пријател биле на вечера во ресторан на источната страна на Њујорк, кога тројца вооружени мажи влегле во ресторанот и се обиделе да ги ограбат гостите. Водителот се борел со еден од разбојниците и го застрелал во ногата пред да го разоружа. Останатите двајца разбојници потоа го нападнале водителот на вестите, удирајќи го со пиштол по глава поради што на Роланд бил шиен со 32 конци.]]>

Почна најстариот брат на Мадона: Ентони Чиконе бил алкохоличар кој долго живеел на улиците на Мичиген, откако семејството го напуштило https://arhiva.vistina.com.mk/pochna-najstariot-brat-na-madona-entoni-chikone-bil-alkoholichar-koj-dolgo-zhiveel-na-ulitsite-na-michigen-otkako-semejstvoto-go-napushtilo/ Mon, 27 Feb 2023 11:56:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290772

Најстариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст, пишува Дејли Мејл и наведува дека тој и сестрата на познатата пејачка со години живееле на улиците на Мичиген, борејќи се со алкохолизмот. Сопругот на сестрата на Мадона, Мелани Чиконе, музичарот Џо Хенри, вчера на Инстаграм ја објави следнава изјава: „Мојот шура Ентони Џерард Чиконе почина минатата вечер. Го познавам од мојата 15-та година, толку години поминаа од пролетта на нашите животи во Мичиген“. Џо Хенри спомна дека многу го сака Ентони и го разбира подобро од кој било, повеќе отколку што понекогаш сакаше да признае, пишува extratv.com. Тој нагласи дека Ентони сега е со својата мајка, која ја загуби битката со ракот во 1963 година на 33-годишна возраст. Ентони имаше долга борба со алкохолизмот, што беше јавно документирано кога пред повеќе од 10 години беше објавено дека живее под еден мост во Мичиген и дека неговото семејство престанало да му помага. Во 2017 година „Дејли мејл“ напиша дека Ентони успешно завршил еден вид програма за рехабилитација и се вратил дома кај своето семејство. Братот на Мадона бил во судир со законот, а во 2013 година бил повреден откако дал отпор при апсењето во јавен тоалет. Ентони Чиконе јавно ја обвини својата сестра Мадона и другите членови на семејството дека го напуштиле. Фото: Rob Latour / Shutterstock Editorial / Profimedia/joehenrymusic]]>

Ненадејно почина Милан Лаќа Радуловиќ: Синот на покојната Марина Туцаковиќ пронајден мртов на улица во Израел https://arhiva.vistina.com.mk/nenadejno-pochina-milan-lakja-radulovikj-sinot-na-pokojnata-marina-tucakovikj-pronajden-mrtov-na-ulica-vo-izrael/ Tue, 20 Dec 2022 13:43:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280993

Текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, син на покојната Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ, ненадејно почина денеска, пренесува Pink.rs.  Освен што успешно се справуваше со римите и зборовите при пишувањето текстови, Лаќа, како и неговиот татко, беше талентиран за продукција и аранжман на песни, а уште од мали нозе и помагаше на мајка си со големите хитови како „Автограм“ на Цеца и „Ајде иди“ на Чола и „Сто времиња“. Безживотното тело на Лаќа било пронајдено на улица во Тел Авив во Израел, а како причина за смртта се сомнева дека е внесување во телото на прекумерна доза недозволива супстанца од засега непознато потекло. Во меѓувреме во јавноста се огласил и неговиот татко Фута, кој според српските медиуми претходно, поточно на 12.12.2022 година го пријавил својот син за исчезнат. Во текот на вчерашниот ден тој добил информација дека Лаќа е пронајден на улица во Тел Авив, но најпрвин не знаел дали е воопшто жив и во каква состојба се наоѓа. Фото: Курир.рс/Зорана Јевтиќ  ]]>

Снежана Лупевска скршена од болка: „За жал, утрово мојот Супермен го напушти овој свет“ https://arhiva.vistina.com.mk/snezana-lupevska-skrshena-od-bolka-za-zal-utrovo-mojot-supermen-go-napushti-ovoj-svet/ Wed, 13 Jul 2022 05:56:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258446

Новинарката и главен уредник на ТВ телма, Снежана Лупевска-Созен сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Авторката и водителката на емисијата „Код“ на „Телма“ со трогателна посвета се прости од татка си. „Велат таткото е првиот пријател што го среќаваш во животот и дека ќерките и татковците делат едно срце. Татковците се супер херои, водич во животот.. Мојот татко беше сето ова, но и многу повеќе. Смирен, но и силен, тивок, но и решителен, за мене татко од најубавата сликовница, мојот Супермен.. Со сето ова не сфаќав дека старее.. Дека еден ден може да не биде со нас оти никогаш не се жалеше и се’ можеше сам. За жал, утрово го напушти овој свет, но знам дека месечината не свети залудно толку силно вечерва. Од таму горе, од небото широко отворено за него и понатаму ќе ме следи и сака. Почивај во мир татко“, напиша Лупевска на својот „Фејсбук“ профил простувајќи се од својот починат родител.  ]]>

Почина Алек Џон Сач, еден од основачите на бендот „Бон Џови“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-alek-dzon-sach-eden-od-osnovachite-na-bendot-bon-dzovi/ Mon, 06 Jun 2022 10:10:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253167

Еден од основачите на легендарниот американски рок бенд „Бон Џови“, поранешниот басист Алек Џон Сач, почина на 70-годишна возраст. Сач настапуваше со нив од 1983 до 1994 година, кога беа создадени некои од нивните најголеми хитови како „You Give Love a Bad Name“, „Livin ‘on a Prayer“ или „Bad Medicine“. Тој беше заслужен и за формирање на бендот. „Беше оригинален… Алек беше составен дел од бендот и неговото формирање… Да бидам искрен, преку него го најдовме патот еден до друг“, напиша Џон Бон Џови на Твитер во своето збогување. Детали за смртта ма Сач не се откриени. Тој бил десет години постар од останатите членови на бендот, а во една прилика признал дека издавачката куќа лажела за неговата возраст поради тоа. „Имав 31 година кога му се приклучив на бендот. Бев 10 години постар од остатокот од групата. Сестра ми на крајот многу се налути затоа што весниците ја опишаа како моја постара сестра, кога всушност беше помлада“. Разликата во години на крајот беше и причината поради која ќе го напушти бендот. "Кога имав 43 години, почнав да изгорувам. Се чувствував како да работам некоја работа, која не ја сакам. Причината што се приклучив на бендот на почетокот беше затоа што не сакав да работам", тој призна. Фото: Профимедиа]]>

Тој го откри Владо Георгиев: Беше голема ѕвезда, го најдоа мртов во неговиот стан, пред чија врата и денес стои неговиот спакуван куфер по кој никој не дошол! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toj-go-otkrti-vlado-georgiev-beshe-golema-dzvezda-go-najdoa-mrtov-vo-negoviot-stan-pred-chija-vrata-i-denes-stoi-negoviot-spakuvan-kufer-po-koj-nikoj-ne-doshol-foto-video/ Sat, 19 Mar 2022 08:40:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243604

Целиот регион се потресе кога слушна дека тој починал! Сè уште многумина ги пеат неговите хитови, а тој се беше на прагот да стане најголема ѕвезда, но наеднаш  се' тргна наопаку. Пејачот Роѓа Раичевиќ беше голема музичка ѕвезда во 1990-тите. Тој почина пред нешто повеќе од 20 години, а неговата смрт се' уште е обвиткана со велот на мистерија. Имено, Роѓа починал на 7 октомври 2001 година, на 45-годишна возраст, во својот стан во Белград. Иако тоа никогаш официјално не било потврдено, се зборувало дека починал од предозирање со кокаин. Приказната која кружи со години, а е поврзана со смртта на пејачот, е дека станарите од зградата во која почина Роѓа велат дека неговиот куфер и денес стои на четврти кат, по кој никој не дошол, а не го ни допрел го или го отворил. „Тој куфер стои таму со години. Велат дека е на покојниот Роѓа. Сè уште никој не дошол по него, а ние не го допираме“ - изјави во една прилика за медиумите сосед на покојниот пејач. Роѓа Раичевиќ за кратко време стана ѕвезда низ целиот Балкан. Во 1997 година го издава својот втор албум на кој се вклучени хитовите „Во земја би пропаднал од срам“, „Заљубен сум во тебе“, како и песната „Драга“ која ја сними со тогашниот сè уште непознат музичар Владо Георгиев. На социјалните мрежи сега се појави и видео од нивното заедничко, но и прво појавување на Владо Георгиев телевизија. Тогаш мегапопуларниот пејач Роѓа Раичевиќ за прв пат ја носи идната ѕвезда на телевизија. Неговото име е Владо Георгиев“ - се вели во описот видеото. Снимката која многумина наежи е направена, како што пишува, во декември 1996 година, а на неа пеат Владо и Роѓа во дует со клавирска пратња.
@spicy_history #vladogeorgijev #domacamuzika #balkan #balkanmusic #rodjaraicevic #muzika #beograd #srbija #crnagora #hercegnovi ♬ original sound - Pripovedač / Storyteller