почиба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 Aug 2022 09:31:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png почиба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Невенка Кочовска – вокалниот солист на легендарната македонска група „Мањифико“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-nevenka-kochovska-vokalniot-solist-na-legendarnata-makedonska-grupa-manjifiko/ Fri, 26 Aug 2022 06:25:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264128

Македонската актерка и пејачка Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук вчера попладне, 26. август 2022 г. објави дека нејзината мајка Невенка Кочовска, легендарната вокалистка на некогаш мегапопуларната македонска група која пееше мексикански и латиноамерикански мелодии - „Мањифико“, починала. Тања во описот ставила само емотикон црно срце. Набрзо по објавата започнаа да пристигнуваат пораки со сочувство до семејството Кочовски за загубата. Жената со волшебен  глас во последните години од својот живот боледуваше од Алцхајмероватра болест, а членовите на семејството ецело време беа покрај неа и во најтшеките мигови.  Нејзината ќерка Тања зборуваше отворено за состојбата на својата мајка и како се справуваат како семејство со нејзината здравствената состојба. „Мањифико“ беа активни на сцената повеќе од 30 години. Во текот на нивното 31-годишното постоење, групата имала богата интернационална кариера и настапи во 37 земји низ светот, остварувајќи 3700 концерти, со учествуво и на 600 хуманитарни настапи и концерти. Групата беше особено популарна во 1960-те и 1970-те години во некогашна Југославија, каде биле и едни од ретко избраните естрадни уметници кои му пееле на маршалот, доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито. Последниот настап го имаа 1990-та, на голем концерт на Градскиот стадион во Скопје, на кој се собираа средства за доградба на Соборниот храм. Нивниот последен јавен настап се случи пред пет години на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ кога „Мањифико“ доби награда за животно дело. Тогаш сите членови на семејството Кочовски, Невена, со сопругот Панче и ќерките Лидија и Тања Кочовски ја изведоа мексиканската песна „Мама Хуанита. По повлекувањето од музичката сцена таа работеше како наставничка по музичко образование во ОУ „Лазо Трповски“ во Скопје. Иако болеста ѝ напредувала, нејзиниот глас останал моќен. Помладата ќерка на Невенка, Лидија Кочовска неретко од удобноста на нивниот дом знаеше да сподели во јавноста прекрасен музички поздрав упатен преку социјалните мрежи во придружба на нејзините родители. Редакцијата на Вистина.ком.мк упатува искрено и длабоко сочувство за загубата на семејството Кочовски. Фото: Инстаграм и фејсбук принтскрин/ приватна архива]]>

Замина македонската блуз легенда: Почина Сале – „Блузмен“ Дворчанец, вокалистот на „Кросроуд блуз бенд“ https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-makedonskata-bluz-legenda-pochina-sale-bluzmen-dvorchanec-vokalistot-na-krosroud-bend/ Mon, 12 Nov 2018 10:51:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57449

После 3 недели борба, 3 недели на "крстопат", Сале вчеравечер го одбра патот кон светлината. На место каде нема повеќе болка туку само мир вечен. Нека Бог му подари Царство небесно! Да му кажеме последно ЗБОГУМ... ДЕНЕС: 11.11.2018 во Капелата на Новите градски гробишта во Прилеп, од 12:00 до 15:30 часот.
Со вој статус на неговиот Фејсбук профил, вчера 11 ноември 2018,  најблиските, членовите на бендот, дцругарите, пријателите... се простија од Александар Дворчанец, вокалниот солист и изведувач на усна армоника на култната македонска група која го негуваше блузот како правец и стил на сопствено музицирање, прилепчаните „Crossroad Blues band“, кои го отворија и годинешниов „Blues & Soul Festival 2018“.
За жал, македонската рок музика, особено блузот како еден од нејзините автентични правци кој многу малку домашни музичари вистински го негуваат, повеќе нема никогаш да биде ист со заминувањето на легендарниот Сале - Блузмен. Зашто  тој не само што го сакше, свиреше и пееше, туку блузот и го живееше. Вечна му слава... таму горе во царството господово, небесно... „Ѕtill got the blues for you“...  градско блуз дете! https://www.youtube.com/watch?v=Jtp2qRxINbI  ]]>