почеток – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Jan 2024 12:11:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png почеток – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Почеток“ – нов концерт на оркестарот на Филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/pochetok-nov-kontsert-na-orkestarot-na-filharmonija/ Tue, 16 Jan 2024 12:11:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335113

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. На концертот насловен „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија. На програмата се симфониска поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, а премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио. Модест Петрович Мусоргски (1839 – 1881), рускиот композитор кој своето целокупно музичко творештво го свел на сценска акција, меѓу другите, го создал и едно од најпопуларните дела во класичната музика – „Ноќ на голото брдо“. Самиот автор дал четири верзии на ова привлечно оркестарско дело, а инспирацијата ја нашол во руските приказни и легенди за вештерскиот сабат, кога вештерките се собираат на пустата планина на која не растат дрвја, забавувајќи се и чекајќи го доаѓањето на господарот на Смртта... Суитата „Слики од изложба“, составена од 10 музички парчиња, Мусоргски ја напишал во знак на сеќавање на својот пријател Виктор Хартман, познат сликар, архитект и дизајнер, кој починал во 1873 година. Мусоргски го напишал делото во негова чест, а целосното име на композицијата, всушност е „Слики од изложба – сеќавање на Виктор Хартман“. Инспирација за создавање на делото била и изложбата на повеќе од 400 дела на Хартман, поставена во Академијата на уметност во Санкт Петербург, која ја посетил и Мусоргски. „Слики од изложбата“ всушност музички ја илустрира прошетката низ галеријата идвижењето на посетителите од едно до друго дело. Мусоргски го структурирал делото во десет дела што го рефлектираат прогресот во движењето и разгледувањето на делата од Хартман. Сонатата бр. 1 од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио егзистира во оркестарска форма од 1986 година. Филхармонијата на Лос Анџелес го ангажирала Берио да направи оркестарска обработка, и на премиерната изведба на 6 ноември 1986 година свирел Мишел Зуковски. Оваа оркестарска форма на Сонатата, Берио им ја посветил на Франко и Барбара Бенедети, а подоцна била публикувана од едицијата „Универзал“. Самиот Брамс во една прилика, во писмото до Рихард Мунфелд, кому му ја посветил оригиналната композиција, напишал: „Сонатата е импулсивна исто како концерт“. Аранжманот се држи до сонатната форма, иако, бидејќи станува збор за аранжман со солист и оркестар, може да се третира како концерт. Здравко Ангелов е македонски кларинетист, роден 1978 година во Струмица. Своето музичко образование го започнува на 7-годишна возраст. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Стојан Димов, а дипломира 2000 год. во класата на проф. Иван Кочаров. Подоцна ги запишува и постдипломските студии и магистрира во 2012 год., во класата на проф. Стојан Димов. Повеќе од 11 години е вработен како прв кларинетист на Македонската филхармонија. Претходно, во неговото работно искуство исто така се вбројува педагошката работа во Државното музичко училиште во Скопје и двегодишното искуство како надворешен соработник на Македонската опера и балет. Во текот на својата досегашна музичка кариера се стекнал со бројни признанија и награди како: прва награда во Скопје 1989 и истата година трета награда во Херцег Нови; прва награда со камерен состав – трио во 1992 година, а во 2000 година ја освојува специјалната награда „Yamaha“. Настапува како солист со симфониски оркестри во нашата држава и надвор од неа и како камерен музичар, а воедно е постојан член на камерниот ансамбл „Консонанс“. Учесник е на значајни фестивали и концерти како „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Интерфест – Битола“, „Штипско лето“, „Денови на македонската музика“, „Номус“, „Бемус“, настапува во Црна Гора, Словенија, Србија, Бугарија, Хрватска, Оман, Америка. Исклучителната музикалност и посветеност на Ангелов е препознаена од многу светски имиња кои сведочат за прекрасната атмосфера која тој ја создава музицирајќи. Настапува под палката на исклучителни диригенти како Борјан Цанев, Саша Николовски-Ѓумар, Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков и многу други светски познати диригенти. Италијанскиот диригент Алфонсо Скарано веќе седма сезона е шеф-диригент на Тајландскиот филхармониски оркестар, откако работеше како гостин диригент шест сезони, од 2011/2012. Тринаесет години маестро Скарано го обликуваше звукот во Тајландскиот филхармониски оркестар, што кулминираше со првата европска турнеја во август/септември 2022 година, цедето за американската компанија „Албани рекордс“, со изведбата на Брунеровата Деветта симфонија. Пред ангажманот во Тајланд, работел како шеф-диригент во Филхармонијата во Теплице, Чешка (2013 – 2018), гостин диригент во „Виртуози ди Прага“ (2000 – 2010) и музички директор и диригент во Оперскиот фестивал во Тоскана, Италија (2006 – 2008). Алфонсо Скарано е победник на Натпреварот за диригирање во Тревисо, во 1993 година, на натпреварот „Франко Капуана“ во Рим, освоил втора награда на интернационалниот натпревар „Луиџи Манцинели“ и др. Покрај неговата работна позиција во Банкок, Алфонсо Скарано редовно диригира со оркестарот на Симфонискиот оркестар на Ерусалим (Израел), „Оркестро симфоника“ во Бразил, со Рускиот симфониски оркестар во Москва, Државниот оркестар во Истанбул (Турција), Киевскиот симфониски оркестар на Националната радио и телевизија, Прашката филхармонија – со која ги водел турнеите во Германија и во Бугарија. Соработувал со врвни инструменталисти како Мипа Мајски, Марио Брунело, Кристоф Барати, Никита Борисо-Глебски, Стефано Болани, Ана Кравченко, Даниела Деси, Роландо Виласон и др. Алфонсо Скарано диригирал и оперски репертоар: „Травијата“, „Набуко“, „Риголето“, „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Боеми“, „Лучија ди Ламермур“, „Дон Пасквале“, „Кавалерија Рустикана“, „Паљачи“, „Кармен“, „Севилскиот берберин“, „Џани Скики“ и др. Поддржувач и промотор е и на современата музика, диригирал повеќе праизведби на дела од Наронг Прангкаорен, Герхард Кофман, Симон Лакс, Паоло Уголети, Роберто ди Марино, Фредерик Остерлинг, Колин Рајли и др. Покрај класичните балети („Лебедово езеро“, „Дон Кихот“ и „Рајмонда“), Алфонсо Скарано, исто така е фокусиран и на современ балет.]]>

Неколку интересни факти за есента кои не сте ги знаеле https://arhiva.vistina.com.mk/nekolku-interesni-fakti-za-esenta-koi-ne-ste-gi-znaele/ Thu, 05 Oct 2023 13:00:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321270

Мирисот на печени костени, варена тиква, топол ајвар и крцкавите лисја под нашите нозе ја најавуваат кралицата на годишните времиња, есента. Со сиот преостанат сончев сјај, доаѓањето на раскошната есен оваа година ја потврдува не само календарскиот 22-ри септември, туку и многу останати составни делови на мозаикот наречен третото годишно време. Ова е одличен период за регенерирање на мислите и душата. Слично како и природата, ослободете се од целиот непотребен товар на минатото време и зачекорете во новата годишна доба. Одберете ја вашата омилена патека за прошетка, освежете се со топло кафе или чај и вдишете длабоко. Доживејте ја есента со сите свои бои и ароми, преточена низ пејзажи како од разгледници, вкусни зимници и слатки задоволства. Ова се 7 интересни факти кои ја карактеризираат есента, а за дополнителна мотивација погледнете го видеото и трансформацијата на природата во есен: Почетокот на есента варира помеѓу два датуми Два календарски датуми се во игра кога станува збор за почетокот на есента. Таа е дефинирана според кружењето на земјината орбита околу сонцето и започнува на есенската рамноденица (време во годината кога траењето на денот и ноќта е еднакво), на 22-ри или 23-ти септември. Дрвјата се подготвуваат за зима Пократките денови се знак за дрвјата да започнат да се подготвуваат за зима. За време на зимскиот период нема доволно сончева светлина за одвивање на процесот фотосинтеза, па како што се скратува денот во есен, дрвјата започнуваат да го затвораат системот на производство на храна и да го намалуваат количеството на хлорофил во лисјата. Хемијата на есенските бои Хлорофилот е супстанцата која ги прави лисјата на дрвјата зелени и како што се намалува, останатите супстанци стануваат поизразени во лисјата. Тие се главните виновници за живописните жолти, црвени и килибарни бои на есента. Пигментите одговорни за овој процес се видови на флавоноиди, каротеноиди и антоцијаниди. Луѓето родени во есен живеат подолго Истражување во „Journal of Aging Research“ потврдило дека бебињата родени во есенските месеци имаат поголеми шанси да ја доживеат 100-тата година, отколку оние кои се родени во останатите месеци од годината. Деновите стануваат пократки Зборот еквинокс (рамноденица) потекнува од латинскиот збор equi (што значи еднаков) и nox (што значи ноќ), означувајќи дека денот и ноќта траат поеднакво. Ноќите се подолги за разлика од деновите веднаш по есенската рамноденица, сè до обратната смена (подолги денови, пократки ноќи) со почетокот на пролетната рамноденица. Зошто е важен датумот 24-ти септември 2303 година? Општо земено, есенската рамноденица секогаш се паѓа на 22-ри или 23-ти септември. Бидејќи Грегоријанскиот календар не е во совршена симетрија со земјината орбита, есенската рамноденица многу ретко се паѓа на 24-ти септември. Последен пат ова се случило во 1931 година и ќе се случи уште еднаш во 2303 година. Враќањето на Персефона Според грчката митологија, есента започнала кога Персефона била грабната од Хад (бог на подземниот свет) за да биде кралица на подземјето. Во паника, мајката на Персефона, Деметра (божица на земјоделието и на новиот живот) ги уништила сите житни посеви на земјата, додека на нејзината ќерка не ѝ се овозможи враќање од подземјето, што го означува почетокот на пролетта. извор:курир.мк]]>

Караванот тргна: Штипјани први покажаа колку многу во срцето ја носат Македонија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karavanot-trgna-shtipjani-pokazhaa-deka-vo-srtseto-ja-nosat-makedonija-foto/ Thu, 07 Sep 2023 06:11:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317111

Плоштадот „Слобода“ во Штип беше претесен за штипјани, кои дојдоа да го поздрават стартот на караванот „Македонијо во срце те носиме“. На сцената публиката ги виде и слушна Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе и Миле Кузмановски. Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни. Сите се спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел  - да им се продолжи векот на песните. Да се испрати порака особено до идните генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното. Затоа и вие во вашиот град или во билокој друг каде караванот ќе врви  бидете дел од  „Македонијо во срце те носиме“. Дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. По Штип караванот продолжува во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци, а ќе заврши во Скопје. Стартот на концертите од музичкиот караван во сите градови во Македонија е во 20 часот.    ]]>

Со операта „Лидија од Македонија“ започнува новата сезона во Македонската опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/so-operata-lidija-od-makedonija-zapochnuva-novata-sezona-vo-makedonskata-opera-i-balet/ Wed, 06 Sep 2023 06:22:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317051

Новата сезона во Македонската опера и балет ќе се отвори со обновата на една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски на 16-ти септември 2023 со почеток во 20 ч. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева. Во главните улоги ќе настапат: Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Македонската опера и балет. Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема. Билетите за претставата се пуштени во продажба онлајн на www.operabalet.mk и билетарницата на Македонската опера и балет.]]>

Тотално непрепознатлив: Српскиот пејач вака изгледаше на почетокот од кариерата, а потоа стана голема фолк ѕвезда (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/totalno-neprepoznatliv-srpskiot-pejach-vaka-izgledashe-na-pochetokot-od-karierata-a-potoa-stana-golema-folk-zvezda-foto/ Wed, 31 May 2023 11:01:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304484

Тој е еден од најпознатите и најпопуларните пејачи на народна музика во регионот. Пејачката кариера ја започна во далечната 1972 година со песната „Сакав девојка од градот“. По таа песна, тој постигна голем успех со албумот „Се сретнавме, одамна беше“. Неколку години подоцна, пејачот снима спот за својот деби албум, а главната улога ја толкува Соња Савиќ. Покрај низата бројни песни, најголеми хитови се „Животот не е една жена“, „Поздрави ја, поздрави“, „Ќе ги скршам чашите од кристал“, „Уште нешто те прави посебна“, „Божествена жена“ и други. Иако кариерата на пејачоттрае над 50 години, малку се сликите кои сведочат за нејзиниот почеток. Сега на социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија од Мирослав Илиќ од младоста. На  фотографијата која кружи на интернет, фолкерот има 26 години и е направена на самиот почеток на неговата мегауспешна кариера. Она што е забележливо е дека пејачот има долга кафена коса, како и широка насмевка која и денес остана  негов заштитен знак. Фото: Инстаграм принтскрин/estradni.arhiv/miroslavilicofficial]]>

Подготовките за „Макфест 2023“ во полн ек, фестивалот го доби и годинешниот слоган: „38 години Макфест – фестивалска симфонија за цела Македонија“ https://arhiva.vistina.com.mk/podgotovkite-za-makfest-2023-vo-poln-ek-festivalot-go-dobi-i-godineshniot-slogan-38-godini-makfest-festivalska-simfonija-za-tsela-makedonija/ Wed, 10 May 2023 10:52:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301368

Годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип ветува уште посодржајна и поатрактивна музичка понуда од минатата година како на музички, така  и на визуелен план, кога фестивалот направи крупен исчекор од  „неколкугодишната летаргија“ . Подготовките се започнати и се во полн ек, како на организационо-технички, така и на продуцентско-музички план, па одбраните содржини ветуваат  уште понагласена хитовска определба, но и грст изненадувања во обете вечери, каде ќе видиме дузина млади, помалку афирмирани, а сепак надежни  музички имиња, но и „вистинско соѕвездие“  од македонската забавно музичка ѕведена елита“ изведувачи,  како што вели и уметничкиот директор, познатиот македонски композитор и музичар  Роберт Саздов кој заедно со тимот работи на обликувањето на музичката слика на фестивалот. „Работиме на тоа годинава на Макфест  да му го вратиме сјајот од една, но од друга страна фестивалот да биде уште поблизу до актуелните, светски, музички трендови  од друга страна, со свеж  звук и модерна продукција кои се блиски до младата публика, а онаа повозрасната сепак да ја препознае песната која ќе биде блиска до нивниот сензибилитет“   – појаснува Саздов. Организационо-извршната продуценстка екипа исто така има полни раце работа, сакајќи фестивалот покрај музичките, да го надополни и со иновативни визуелно-сценски содржини, кои ќе ја збогатат комплетната аудио-визуелна слика на „Макфест 2023“ за комплетно уживање и на публиката во салата и на ТВ гледачите. Не сакајќи да ги откриваат во старт  сите детали, за почеток Александар Арсовски, организатор и координатор на Макфест од општина Штип, за јавноста промотивно го соопшти годинешниот слоган кој ќе биде едно од обележјата на  фестивалските денови, кој гласи: „38 години Макфест – „фестивалска симфонија за цела Македонија“! Според  почетно кажаното, несомнено годинава може да очекуваме „Макфест 2023“ да понуди уште побогата „аудио-визуелна рапсодија“  за сите сетила.  ]]>

„Ќе оставам некои луѓе“: Тамара Тодевска прави чистка во старата година и 2023-та ја почнува со радикален чекор (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-ostavam-nekoi-lugje-tamara-todevska-pravi-chistka-vo-starata-godina-i-2023-ta-ja-pochnuva-so-radikalen-chekor-foto/ Sat, 31 Dec 2022 08:50:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281867

Годината која изминува, а и се бројат уште само неколку дена, за пејачката Тамара Тодевска веќе е сублимирана со она што се случи и донесе искуства, убави, па и не така розови моменти. Сепак, таа во едно е сигурна, она што дефинитивно мора да го промени во својот живот е со стартот на Новата Година да направи чистка од своето опкружување. Нејзнината стратегија за ваков радикален чекор е едноставна и ефективна.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

-Во 2022 ќе оставам некои луѓе. Не се квалификуваа за 2023, гласи објавата на Тамара која се пронајде во овој статус и го сподели на својот профил. Од мисла до реализација во реалноста со потег од кој емиминацијата завршува заедно со годината, а во 2023-та со нова енергија, или пак стара само прочистена за подобар флуид. Неодамна Тамара јавно сподели дека се разделува со сопругот и се досега не се случи промена по тоа прашање, односно помирување и друга шанса, па дали со овој став мислеше на чистка во која го вклучува Александар или пак некои други личности во нејзиниот живот кои не заслужиле, знае најдобро самата.
Инаку, кога е почетокот на Нова Година во прашање, пејачката ќе ја дочека работно и ќе има свој настап во еден познат скопски бар каде ќе им направи музички мерак на присутните.]]>

Треба да ги дознаете овие работи за мажот на самиот почеток на врската https://arhiva.vistina.com.mk/treba-da-gi-doznaete-ovie-raboti-za-mazot-na-samiot-pochetok-na-vrskata/ Mon, 19 Dec 2022 13:20:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280729

Не дозволувајте да бидете со некој кој нема апсолутно никакви планови за иднината Ако сте нови во врска со некој што не го познавате многу добро, треба полека да откривате важни работи за таа личност. Мажите знаат да бидат „тешки“ во оваа работа бидејќи има и такви кои не сакаат да откриваат многу за себе и кои не се толку отворени. Сепак, на суптилни начини, преку разговор и низ разни ситуации, дефинитивно ќе мора да му дадете до знаење дека треба да знаете одредени работи за неговиот живот, а еве кои се. Дали расчистил со бившата Луѓето често влегуваат во други врски додека сè уште се во контакт со поранешниот партнер. Дури се случува и многу брзо да се помират, а тоа е нешто што сигурно не го сакате. Сакате да избегнете партнерот да продолжи да пати за бившата, често да ви ја споменува, да ги чува нејзините спомени. Ако сè уште го прави тоа, бидете сигурни дека не раскрстил со минатото, а тоа ќе предизвика проблеми во вашата врска. Каков е неговиот однос со семејството Семејството е многу важна работа за мажот и врз основа на неговиот однос со истото, ќе можете да процените каква личност е тој. Дали доволно се цени себеси за да ја прекине врската со член на семејството кој е премногу токсичен за него или сите заедно се согласуваат и имаат добри односи и ги негуваат семејните вредности. Каков е неговиот однос со мајка му? Ако ја почитува и сака, бидете сигурни дека ќе го примени истиот модел на однесување во вашата врска доколку се грижи за вас. Кои се неговите планови за во иднина Ако сте во врска со маж кој живее „ден за ден“ и нема планови, тогаш сте на лизгав терен. Големи се шансите финансиски да го понесете целиот товар на врската на грб. Здравата врска подразбира взаемно инвестирање во иднината, така што ова е важна работа што треба да ја разгледате на почетокот на врската. Секако, не се подразбира дека вакво нешто ќе го прашате веднаш неколку дена по запознавањето, но тоа ќе можете да го воочите преку разговор со него. извор:курир.мк]]>

Денес е секс бомба, а вака изгледаше кога почнуваше во „Ѕвездите на Гранд“: Теа Таировиќ би ја „запалила“ оваа видео-снимка да може (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/denes-e-seks-bomba-a-vaka-izgledashe-koga-pochnuvashe-vo-dzvezdite-na-grand-tea-tairovikj-bija-zapalila-ovaa-snimka-da-moze-video/ Tue, 11 Oct 2022 08:30:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267804

Теа Таировиќ моментално важи за една од најангажираните пејачки на естрадната сцена, а веќе подолго време ја следи и „титулата“ кралица на бакшишот, бидејќи нема прослава каде што не била раскошно наградено со подебела сума пари. Оваа сезона, како што и самата призна, секоја вечер настапувала низ регионот, а каде и да пеела правело вистинско шоу. Сепак, малкумина се сеќаваат на моментот кога Теа првпат стапна на сцената, но многумина знаат дека кариерата ја започна во „Ѕвездите на Гранд“. Жирито тогаш беше во сосема поинаков состав од денешниот, а меѓу членовите беше и Јелена Карлеуша која како да и „ја предвидела иднината“. Иако на почетокот немаше пофални зборови за гласовните способности на младата пејачка, Карлеуша не ја изостави  можноста да каже дека Теа може да стане голема ѕвезда. „Изведбата ти беше млака, интонацијата многу лоша, се' на се' многу лошо. Од друга страна, многу си привлечна и , што е многу важно си родена за на сцена... Не се плашиш од сцената, имаш многу убава насмевка и изглед. Мислам дека ако поминеш, за да бидеш ѕвезда треба подобро да пееш“ - и рече тогаш Карлеушаа. Сепак, Теа низ неколку круга успеа да ги добие пофалбите на Јелена - поради гласот на кој напорно работеше, но особено поради сценскиот настап по кој е препознатлива и денес. Друга ситуација беше многу интересна, а сигурни сме дека Теа би сакала ова видео да го запали да може. Имено, кога настапувала, гласот и „пукнал“ и во таа прилика ја преплашила Зорица Брунцлик. Теа имаше само 17 години во ова видео! Видеото повторно се шири на социјалните мрежи, а морате да признаете дека оттогаш пејачката многу напредувала што се однесува до пеењето.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Top Vokal (@top.vokal)

Фото: Инстаграм принтскрин/tea_tairovic/top.vokal]]>

Започна снимањето на новата сезона на „Брза кујна“ без шеф Марк: Водителката Сања и шеф Никола позираа со новиот готвач (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zapochna-snimanjeto-na-novata-sezona-na-brza-kujna-bez-shef-mark-voditelkata-sanja-i-shef-nikola-poziraa-so-noviot-gotvach-foto/ Thu, 25 Aug 2022 07:19:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263989

Пред крајот на летото веќе започна снимањето на осмата сеозна на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ кое се емитува на телевизија Сител. На своите позиции се водителката Сања Савеска и во тимот на доматите веќе препознатливиот шеф Никола.   Како што претходно беше објавено, шеф Марк повеќе нема  а биде дел од шоуто и се насочува кон нови предизвици. На негово место веќе има нов шеф кој пак го прифати предизвикот да биде нов пред камерите и замена за Марк.
Како што споменавме, снимањата започнаа во студиото на телевизија Сител, а водителката Сања ја објави првата фотографија со новиот шеф. Интересно беше тоа што идентитетот на главниот од тимот на пиперките засега останува мистерија, бидејќи шефот се фотографираше со хартиена кеса на главата, па неговиот лик остана непознат.
За потсетување, досега во „Брза кујна“ во неколку емисии имаше засилување од шефовите Бобан и Фиќо, а се смени и водителката Александра Илиевска на чие место дојде Сања Савеска. Кој ќе биде новиот шеф, останува да почекаме до почетокот на новата сезона. фото:Инстаграм]]>