по натпреварот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Nov 2020 10:43:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png по натпреварот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонија на ЕП во фудбал 2021- ова се најинтерсните моменти по натпреварот: Фудбалерите пејат, народот слави, нацијата се радува, Заев се срами да го спомене името… Македонија! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-na-ep-vo-fudbal-2021-ova-se-najintersnite-momenti-po-natprevarot-fudbalerite-pejat-narodot-slavi-nacijata-se-raduva-zaev-se-srami-da-go-spomene-imeto-makedonija-foto-video/ Fri, 13 Nov 2020 09:26:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175923

1. Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во историјата се пласираше на едно континентално првнество, ЕП 2021. Фудбалерите на Македонија ги победија избраниците на Грузија, сонот на Горан Пандев стана јаве, но и сонот на многу генерации фудбалери кои го носеле националниот дрес за прв пат се претвори во  реалност - за прв пат да се игра во завршницата на едно големо натпреварување, мзаедно со елитата, меѓу најдобрите. Пробивот на Елмас во 56 минута, додавањето од Несторовски и маестралната завршница на нашиот капитен Горан Пандев, беше доволна за победа во финалето од Лигата на нации против Грузија во Тбилиси. Радост и еуфорија, ерупција од емоции и воодушевување, прослава и радост во душата, која сега навистина има зошто да се радува.
2. Славеничката еуфорија започна со „историскиот говор“ за историски момент на коментаторот на МТВ, Тони Стојановски кој со колегата Горан Стерјов го коментираа натпреварот. „Сега душата се радува, затоа што има зошто душа да е“... 3. Славењето започнува уште на теренот, помеѓу нашите фудбалери, селекторот, стручниот штаб... Од душа и срце, со песна и оро... Но тука започнува и „рецензијата“  на „болните умови“. На снимката објавена од „Спортклуб“ на Јутјуб не е скратен делот кога фудбалерите ја пеат песната „Едно име имаме“. Тој дел засега не може да се најде на други снимки објавени на интернет. Вака изгледаше и звучеше нивниот израз, нивниот излив на национална радост. https://www.youtube.com/watch?v=8LAVAyF9eRw&feature=emb_logo 4. Еуфоријата на „македонските рисови“ од теренот продолжи во собата за прес-конференциии. По „Едно име имаме“ и „Бисер балкански“, пред светските новинари македонските репрезентативци ја запеаја и најпознатата навивачка химна:  „Излези момче право на тераса“... https://www.youtube.com/watch?v=DN-JdF-b1NA&feature=emb_logo 5. Победничка еуфорија во Тбилиси, славеничко лудило ширум Македонија... Од престолнината Скопје, Тетово, Битола... па се' до родната Струмица на најголемиот, на нашиот гранде Пандев.   Највесело пред семејната куќа на Пандеви во Струмица, каде  се случуваше вистинска навивачка атмосфера. https://www.youtube.com/watch?v=JNvjo7yeiP0&feature=emb_logo Пандеви се гордоста на Струмица. Неговиот помал брат, фудбалерот  Сашко Пандев славеше со „Бисер балкански”, a изведбата беше на Џамбо Агушев и неговиот плех оркестар Агушеви. 6.  Врие на улиците, но најмногу врие на социјалните мрежи, кои  се преполни со честитки, од обични луѓе преку познати и јавни личности, естрадни фѕвезди, од спортисти до политичари, па до сите оние кои ја сакаат Македонија, го сакаат спортот, кој пак е единствената екстаза, единствениот мелем за душата да се радува во овие луди, тешки и неизвесни денови. Пораките и честитките не можат да се добројат, меѓу нив и оние на нашите херои од најтрофејниот македонски колективен спорт - ракометот. Лазаров, Стоилов, Ристовски,  Митревски, Кузмановски… кошаркарите како Војдан Стојановски, но и редица други македонски асови и репрезентативци од останатите федерации заедно се радуваа и им честитаа на фудбалерите на овој голем, историски  успех. 7. Владата вечерта со почеток во 20 часот преку видеоконференциска интернет комуникација ја одржуваше 20-тата седница. Човекот кој во големите спортски победи не ѝ го спомнува името на земјата која се радува вечерва ја води седницата во дресот на македонската репрезентација. „Жално, но историскиот пласман на Европското фудбалско првенство 2021 го славиме во време на најголемото предавство на чело со квислингот облечен во националниот дрес. Историскиот успех на македонските репрезентативци Заев им го честита не споменувајќи го името на нивната татковина“ - пишуваат македонските портали. 8. Реакциите на „срамното обраќање“  на премиерот веднаш следат на социјалните мрежи. Меѓу првите, Наум Стоилковски, потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, во свое и името на партијата му возврати на Заев со порака: 9. Во меѓувреме, се редат и други бројни коментари на социјалните мрежи, меѓу кои оние на актерот Сашо Тасевски, вообичаено остри и бескомпромисни: „Едниот струмичанец само збори за Европа, другиот не однесе во Европа – напиша Тасевски, па потоа му испрати и тој  порака на Заев: „Дечко после ова вечерва и екстазата по пласманот на европско, треба да сфатиш, за шиткање на идентитетот македонски не смееш да помислиш ни во најлошиот кошмар. Ќе му се јавиш на Бојко, ќе му речеш: 'Извини, јас малку се занесов кога дојдов на власт, па не се сеќавам што ти ветив. Ама што и да сум ти ветил, не се важи. А вие како наши соседи поканети сте да навивате за Македонија, само треба да научите една навивачка песна. Вака отприлика почнува: Излези момче право на тераса…“ - напиша актерот. 10. Ама што дека... И кога доцна вечерта репрезентацијата беше пречекана од премиерот, Зоран Заев не кажа за која држава играа фудбалерите. „Еден гол за сите, една победа за сите! Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина“ - изјави Заев, кој како и во претходните честитки „вешто“ избегнуваше да го каже името што фудбалерите гласно го повторуваа, што предизвика нови реакции во јавноста. 11. Но, не беше само Заев „вештиот ескиватор“ кога е името во прашање. Некои од приврзаниците на СДСМ, меѓу кои и познати естрадни и јавни личности и новинари, отидоа дури и подалеку и тоа уште за време  и веднаш по ТВ преносот, па побараа „линч“ за коментаторот Тони Стојановски заради неговиот излив на национални чувства?! Патриотизмот некого, очигледно многу го боли?! Така, луѓе блиски на СДСМ на социјалните мрежи барат отказ за начинот на кој коментаторот на МТВ Тони Стојановски го коментираше мечот против Грузија на кој Македонија се пласираше на ЕП во фудбал 2021. Стојановски во коментарите не нападна никого, ниту пак ширеше говор на омраза, но неговите достоинствени коментари кои можат да се квалификуваат како промакедонски ги испровоцира приврзаниците на СДСМ да го навредуваат со погрдни зборови и да се бара негово казнување, дисциплинска мерка, па дури и отказ. “Ако коментаторот не добие ОТКАЗ од МРТВ значи брука сте. Политички говор на спортски натпревар значи е прекршување на сите спортски правила”, пишува една приврзаник на премиерот Заев по што неколку други жестоко го напаѓаат Стојановски, без да приложат било какви аргументи за нивните навреди. 12. Социјалните мрежи се исполнети со фотографии, честитки, пораки, коментари… Успехот на македонските фудбалери со пласманот во завршницата на едно ЕП е засега единствен, прв, од ваков вид, историски... Оние пак кои имаат хоби со години да ги собираат сликичките за големите натпреварувања, едвај чекаат да почне „манијата“ – Македонија на Европско во „Панини“ албум. Додека излезе официјалниот албум, еден фудбалски фан подготви симулација како би изгледале нашите момчиња во оваа „колекционерска фан лектира“. Мрме, Гоче, Елиф, Нестор, Џани... и останатите - едно големо БРАВО! Вие сте нашите фудбалски херои, гордоста на нацијата, репрезентацијата во чиј дрес се гине... на терен! Македонијо, многу среќа, нови победи и успех и на нашето прво ЕП 2021!          ]]>