плукната – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 25 Feb 2023 08:51:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png плукната – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Таа е македонската „жена од султана“: Струмичката фолкерка Вукица Челебиева „е плукната“ Тијана Милентијевиќ? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/taa-e-makedonskata-zhena-od-sultana-strumichkata-folkerka-vukitsa-chelebieva-e-pluknata-tijana-milintijevik-foto/ Sat, 25 Feb 2023 08:49:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288290

Српската пејачка Тијана Ем. (Милентијевиќ) нема кој не ја познава. Атрактивната фолкерка стана преку ноќ позната откако нејзината песна „Жена од султана“ стана мегахит во регионот, а подоцна потаблоидите се влечеше скандалот со наводната тепачка со нејзиното бившо момче, тогаш музичар во нејзината придружна група. Оттогаш наваму, Тијана Ем не се симнува од насловниците... Стројна, бујна, надарена од мајката природа, доработена со ситни зафати на естетската хирургија српската фолкерка дефинитивно плени со својот изглед, заводливост и неодоливиот сексапил со кој зрачи како „нуклеарка од Чернобил“, што би рекле жаргонски... Само оваа, позитивно, се разбира! Но, дали сте знаеле дека и Македонија има исто така своја „жена од султана“? Како и Тијана Ем и таа е фолк пејачка, која доаѓа од Струмица. Подеднакво згодна, атрактивна, стројна и бујна, нашата Вукица Челебиева неодоливо потсетува на српската „жена од султана“, Тијана. Само што таа не е можеби толку популарна како српската пејачка, иако далеку од тоа дека е анонимна и непозната. Но, затоа многумина велат дека во ликот и стасот, модниот стил и она што ја краси како атрактивност и сексапил, Вукица е „плукната“  Тијана Ем. И навистина, ако подобро ги анализирате и компарирате обете пејачки, нема да бидете далеку од констатацијата дека згодната струмичанка во многу нешта е слична на атрактивната Србинка. Или што би рекле, наша Вукица во многу што наликува на српската „певачица“! Инаку, Вукица Челебиева со музика се занимава многу оддамна иако уште на самиот почеток на кариерата ќе направи мала пауза. Имено, во 2008 година тогаш 23-годишната струмичанка останува бремена и се мажи. Потоа заради мајчинството кариерата ја става на пауза, а по породувањето планира бргу да и се врати на музиката. “Кариерата малку ќе почека, ќе одморам малку од настапите. По породувањето повторно и се враќам на музиката. Ќе настапувам и на некои од народните фестивали, но ќе го заобиколам Валандово годинава затоа што ќе бидам бремена во осмиот месец. Минатата година настапив заедно со групата “Златни прсти”, ја отпеав “Знам дека те познавам” и се пласирав во финалето”, ќе изјави тогаш Вукица. Но очигледно домашниот есап не излегува ист со оној на пазар, наместо куса пауза, пејачката речиси ќе ја заврши кариерата... Но, само речиси, зашто потоа со чести прекини и повремени враќања на сцената, паузата ќе се оддолжи на цели десет години, по кои Вукица Челебиева сериозно ќе и се врати на музиката во полн сјај. Со нови песни и настапи,  овој пат цврсто гази по музичката патека на успехот со својот стас и глас и е се' повеќе барана, зашто со својата атрактивна појава и харизма никого не остава рамнодушен. А, сличноста со српската фолк ѕвезда... Кој како сака нека си ја протолкува, иако едно е евидентно: Нашата Вукица е еднакво згодна, сексапилна и атрактивна, како и српската пејачка. Физичката сличност со Тијана... Најмалку им е важна на оние во кафеана, кога Вукица ќе им запее! Фото: Инстаграм  и Фејсбук принтскрин/tijanaem_fanpage/Vukica Celebieva  ]]>

Адел во својот дом чува плукната мастика од оваа славна пејачка и тоа врамена во слика! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/adel-vo-svojot-dom-chuva-pluknata-mastika-od-ovaa-slavna-pejachka-i-toa-vramena-vo-slika-video/ Fri, 22 Oct 2021 12:02:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224227

Адел толку ја сака Селин Дион, што поседува парче нејзина искористена гума за џвакање што ја чува врамена на ѕид, пренесува „Indeks.hr“ Во текот на интервјуто за Vogue со 73 прашања објавено на „Youtube“, 33 годишната пејачка призна дека највредно нешто што поседува е токму таа врамена слика со гума за џвакање. „Џејмс Корден, кој ми е пријател, а ја прави емисијата Карпул Караоке, знаеше колку ја обожавам Селин. Кога му беше гостинка во емисијата, ја натерал да ја плукне изџваканата гума за џвакање во парче хартија и ми ја врами. И тоа е највредното нешто што го поседувам“ – изјави Адел смеејќи се. Подоцна кажа дека и песната на Селин Дион, „Мy Heart Will Go On“ е песна која ја има израдувано најмногу во животот. Во 2018, Адел го посети концертот на Селин Дион во Лас Вегас, откако Дион закрепнувала од тежок грип со кој се бореше со месеци. „Не можев да ги одржам сите концерти, но бев воодушевена што Адел дојде на еден од нив… Толку ја сакам“ – напиша Селин на нивната заедничка фотографија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Адел позира со Селин со маица со нејзиниот лик и изјави „Каква кралица! Каков настап, апсолутен врв во мојот живот. Фала на вниманието што им го пружаш на своите фанови со твојот луд хумор“. ]]>

Ова е мајката на македонската фолкерка: Татјана е „плукната“ Снежана (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-majkata-na-makedonskata-folkerka-tatjana-e-pluknata-snezana-foto/ Sat, 28 Mar 2020 09:27:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141945

Пред пет години познатата музичка фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски одлучија да ја напуштат Македонија и да се преселат во далечната Австралија, каде неодамна се вселија и во новиот дом во Мелбурн во кој живеат со синовите Стефан и Петар. Татјана и Новица важат за една од најкомпактните двојки на естрадата, вистински доказ дека партнер од иста професија и тоа како може да биде предност, а не маана. Музиката ги спои и сѐ уште изгледаат вљубени како на почетокот на нивната врска. „Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна“ – се потсети Лазаревска, честитајќи му го роденденот на својот сакан Новица, на две одделни фотографии: едната семејно со синовите, на другата сами тие двајца! Лазаревска во неколку интервјуа изјави дека секоја можна прилика ја користи да се врати во татковината и дека можеби затоа не е премногу носталгична. Сепак, призна дека од другата страна на светот премногу ѝ фалат нејзините најблиски. Во Скопје остана да живее и нејзината мајка која неодамна ги посети за да помине малку повеќе време со внуците. Татјана наликува на мајка си Снежана која покажа дека има иста фризура како славната ќерка: кратка коса со впечтлива црвена боја и изгледа одлично за годините. Впрочем, ако подобро ги погледнете мејката и ќерката, особено на фотографиите на кои пејачката има иста боја на коса и фризура како мајка и, станува повеќе од јасно дека Татјана е „плукната“ Снежана!    ]]>

Дара Бубамара би да биде „Новата јас“… или нова Карлеуша? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dara-bubamara-bi-da-bide-novata-jas-ili-nova-karleusha-foto/ Fri, 12 Oct 2018 11:28:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52648

Дара - „Бубамара“ е во кампања. Со нова фотосесија ја најавува новата песна која најверојатно ќе носи наслов „Новата јас“. Затоа цицлестата Даринка комплетно ги сменила и изгледот и имиџот: Долга, испеглана,  сребренесто-руса коса, исчешлана со патец на средина, препознатлива шминка, бело боди и баеги килограми помалку...
„Новата јас“ на фотографиите од новата фотосесија неодоливо потесетува на старата добра Јелена Карлеуша.  По се изгледа откако се смирија и ги закопаа „воените секири“, Дара како да е опседната со Карлеуша.
Не е познато како ќе звучи новата песна - „Новата јас“ на Дара, ама затоа знаеме како ќе изгледа новата „Бубамара“: плукната на поатрактивната, посексапилната и веројатно попопуларната колешка... Дара би да е Карлеуша?! Или само така ни се чини?]]>