плоштад скендербег – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Aug 2022 13:28:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png плоштад скендербег – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И „чаирскиот романтичар“ се попишмани: По Гиговска и Владо Јаневски го откажа настапот за прославата на „Рамковниот“ https://arhiva.vistina.com.mk/i-chairskiot-romantichar-se-popishmani-po-gigovska-i-vlado-janevski-go-otkaza-nastapot-za-proslavata-na-ramkovniot/ Fri, 12 Aug 2022 13:27:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262528

Преку социјалните мрежи младата пејачка Антониа Гиговска го откажа настапот на прославата по повод одбележувањето на 21 година од Охрискиот рамковен договор кој ќе се одржи на 13-ти август во сабота, а сега истото по примерот на помладата колешка  го направи и Владо Јаневски. Тој со штуро соопштение обзнани дека нема да пее на прославата: -Владо Јеневски не настапува на прославата која се одржува на 13.08.2022 на плоштадот „Скендербег“ во Скопје- пишува во соопштението на официјалниот профил на пејачот. За разлика од Гиговска која појасни дека нема да пее на настан кој е поврзан со политика, Јаневски немаше образложение зошто прифати, па се откажа. Дали под притисок на јавноста, страв од „жигосување“ , незадоволство од понудениот хонорар... или пак нешто сосема петто, најдобро си знае тој. Инаку, на настанот ќе пеат неколкумина познати албански музички имиња, а дали ќе има и дали воопшто  организаторите од  Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, повторно ќе побараат некое ново име од македонската сцена кое ќе прифати, па откаже, нема да се појави на лице место или слично,  останува да видиме. Неофицијално оваа прослава Република Македонија ќе ја чини цели 100 илјади евра државни пари од буџетот, кои како што најавија ќе се трошат секоја година. фото:Фејсбук/Инстаграм]]>