плоча – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Aug 2021 12:20:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png плоча – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музиката на „Љубојна“ за филмот „Стела“ на ЛП плоча https://arhiva.vistina.com.mk/muzikata-na-ljubojna-za-filmot-stela-na-lp-plocha/ Tue, 31 Aug 2021 12:20:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217440

Продукцијата која стои зад филмот „Стела“ објави дека наскоро ќе биде промовиран албумот со целата музика од филмот, и тоа на винил. Винилот ќе биде издаден за дискографската куќа ПМГ Џез. Музиката за првиот македонски детски филм ја работеше Оливер Јосифовски и „Љубојна“. Тие во јули 2020-та година објавија сингл „Љубов по Татунчо“, кој е само една од нумерите специјално подготвени за филмот на режисерот Стојан Вујичиќ. Наедно, „Љубојна“ со овој настап одбележуваат 20 години од своето постоење на музичката сцена.]]>

Новиот албум „Taftalidze Schuffle“ на Влатко Стефановски објавен и на ЛП плоча https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-album-taftalidze-schuffle-na-vlatko-stefanovski-objaven-i-na-lp-plocha/ Tue, 12 Jan 2021 11:39:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184775

Набргу по објавувањето на новиот студиски албум на Влатко Стефановски насловен „Taftalidze Schuffle“ на ЦД, сега албумот го има во ново издание и тоа на винил. Албумот, кој го зазеде првото место на неделната топ-листа на најпродавани изданија во Хрватска и со тоа го оправда статусот на еден од најочекуваните во 2020 година, фановите ќе можат да го слушаат винил од 180 грама, кој доаѓа со картички за преземање со mp3 верзии на сите песни. Влатко, како и многумина досега, го посвети овој албум на своето Скопје и населбата Тафталиџе, која има посебно место во неговото срце. Песните се крајно интимни и лични, а сепак толку блиски до сите, токму поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстот и аранжманот, како и продукцијата на сите 9 нумери, ги потпишува Влатко. Специјалниот ритам на албумот го дава младиот ритамски дел кој во оваа прилика му се придружи на Влатко, а го сочинуваат неговиот син, Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара. На албумот присуствуваа бројни музичари гости кои дадоа неизмерен придонес во музиката на Влатко. Одличната Андријана Јаневска ги отпеа придружните вокали, Теодосиј Спасов свири делови на труба инспирирани од Мајлс Дејвис, а Тихомир Поп Асановиќ свиреше на Хамонд оргуљи, Матија Дедиќ свиреше пијано на една песна, додека Васил Хаџиманов, Кирил Џајковски, Дамир Имери и Диран Тавитјан свиреа на клавијатури. Славниот актер Никола Ристановски имаше рецитал во песната „Дијаспора“. Винилното издание на Влатко Стефановски може да го купите по цена од 139 куни на сите продажни места на Кроација рекордс, веб-продавницата Кроација рекордс и на сите дигитални платформи.]]>