плива – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Jul 2023 08:48:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png плива – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Иако морето е „бања“, на пејачката и смрзна… снагата: Марија Луиса Тодоровска што и да прави, колку и да се обидува да нурне, не може да потоне, а ни да се удави (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/iako-moreto-e-bana-na-pejachkata-i-smrzna-snagata-marija-luisa-todorovska-shto-i-da-pravi-kolku-i-da-se-obiduva-da-nurne-ne-mozhe-da-potone-a-ni-da-se-udavi-video/ Thu, 20 Jul 2023 08:41:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310880

По напорната сезона, преполна со ангажмани и речиси секојдневни настапи до раните утрински часови по скопските и македонските меани и ноќни клубови, но и оние надвор од Македонија, фолкерката Марија Луиса Тодоровска реши да одмара! Впрочем, лето е, жештините пеколни, па има ли поубаво местоза полнење на батериите, оддишка на душата и телото, темнеење на тенот, разладување и воопшто уживање по сите основи од престој на море. Изборот на пејачката падна на Егејот, кај нашиот јужен сосед, но не и на вообичаените места како Халкидики, Паралилија, Платамона, Неа Пори, Лептокарија... туку Марија  се качи на тарект и фати сосема друга траекторија. Токму во правец на грчките острови, но повторно не оние на кои најчесто летуваат Балканците, како: Тасос, Скијатос, Миконос... Туку на еден од најпознатите и тоа по две основи, по грчката митологија од која подоцна произлегол и називот на жените кои ги љубат оние од сопствениот пол и најпознатиот грчки алкохолен пијалак - узото! Кој знае историја и географија, погодува дека марија Луиса летува на Лезбос! Познатиот остров по првата жена на грчката античка поезија, која напишала лирска поезија позната по својата интензивна страст и опис на љубовта... Особено кон сопствениот пол и хомоеротизмот. Но Лезбос е познат и по најпознатиот грчки алкохолен пијалак - узото. Особено местото во кое пејачката решила да одмора - Пломари, чиј назив го носи и етикетата на најпознатиот бренд на пијалак кој совршено „лизга“ со салата и грчко мезе. Растоварена од обврските Марија Луиса ужива на летното сонце, онака опуштена и испружена на лежалка со освежителен пијалак в рака. А кога жештината ќе го достигне максимумот, а сонцето својот зенит, пејачката оди на разладување. Водата кристално чиста, топла - „бања“, арно ама... И покрај тоа Марија  да ти била некако зимурлива... Влезе во морето до препони, па се пожали дека и студи... Иако морето е „бања“, на пејачката и смрзна... снагата! Веројатно оти не и беше уште навлажнета!? Затоа следниот пат Марија Луиса реши да примени поинаква тактика кога влегува во вода... Чекор - два назаечки и фрлање во вода сосе сончевите очила, кои и не мора да ги вади. А и не се секира деке ќе ги изгуби, зашто што и да прави, колку и да се обидува да се нурне, фолкерката никако не може да потоне. Што е своевиден проблем кога ќе посака да нурка,  ама и голема предност, зашто пејачката како и да плива во водата, што и да прави, никако не може да се удави! Впрочем, бујната силконска предница на битолската убавица во случајов не е само заради убавина, туку и е корисна, зашто постојано  ја држи над површина... Та пливала во плиткото или во длабокото, силиконските гради за Марија Луиса Тодоровска се жива згода... Доволна гаранција дека на пејачката не и треба спасител на вода! Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska
]]>

На сите им е до врат, само неа преку глава: Еве зошто Ноне никако не може да потоне! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-site-im-e-do-vrat-samo-nea-preku-glava-eve-zoshto-none-nikako-ne-moze-da-potone-foto/ Sat, 03 Jun 2023 06:19:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219456

Нона Неделковска или само нагалено Ноне, некогашната македонска поп ѕвезда, денес „најшетаната велешанка“ на светот, заради природата на својата работа на прекуокеанските крузери која ја работи последниве 10-ина години, стигна и до Исланд. Hајсеверната европска држава, каде и во лето е како кај нас во зима. Ама, зима, зима, епа што, ако е зима не е лав, важно е да си здрав и прав... и да знаеш, што? Не да се скијаш, туку да пливаш! За оние кои не знаат, и покрај студот и снегот, Исланд е познат и по своите гејзери, извори на топла подземна и минерална вода, која и домаќините и туристите ја користат за капење среде зима во формираните езера. „Каде сите Турци, таму и гол Асан“ - вели една стара поговорка, па така и македонската „џепна венера“ за да не и биде џабе трудот, реши да плива и покрај студот. Прекрасната Сина лагуна во исландската престолнина Рејкјавика за неа не беше само предизвик, како што вели самата Ноне, туку нејзин избор. Жива згода, како вистински бал на вода во топлата вода! Впрочем, како и за многумина што уживаат во ова блаженство... Благодет кој ретко кој од нас може да си го приушти и доживее.  Една од предностите и убавите страни, вистинска чудесија како резултат на нејзината последна професија. Евидентно е дека водата во Сината лагуна е топла, но не е многу длабока... На капачите, барем на оние со просечна височина им е некаде до гуша, а на Ноне, далеку преку глава! Арно ама, затоа пак Ноне има нешто што повеќето од нив го немаат и ако се лоши пливачи можат да се удават. Ама неа тоа  никогаш не може да и се случи, зашто Ноне -  никако не може да потоне! Природниот појас за спасување на бујно надарената цицлеста македонска убавица е онаа граница која Ноне постојано ја држи над вода! Што би рекле, две природни пловки и безбедноста и е 100% загарантирана... Како и уживањето во пливањето на уште една егзотична дестинација во блажена атмосфера, на македонската „џепна венера“! Блазе си и!
Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska]]>

Маленко е македонски рекордер во пливање… во брачни води: Тој „една рака“ деца, а заедно со неговата нова, петта невеста, вкупно девет! https://arhiva.vistina.com.mk/malenko-e-makedonski-rekorder-vo-plivanje-vo-brachni-vodi-toj-edna-raka-deca-a-zaedno-so-negovata-nova-petta-nevesta-vkupno-devet/ Wed, 13 Oct 2021 06:43:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222623

Некогаш македонскиот машки пливачки мегаталент, велат најдобар на сите времиња,  излезе дека најмногу љуби да плива во „брачните води“.  Александар Маленко како јуниор редеше рекорди, добиваше медали, собираше трофеи, но како сениор, се покажа дека во пливањето низ животт „се дави“ на секои неколку години. Најновата вест вели дека некогашниот пливачки шампион стана шампион и кога е застанувањето пред матичар во прашање. Или пред олтар сеедно, кој како и бракот не му е баш најсветото нешто. Имено, Александар Mаленко одново се оженил... И тоа по „јубилеен“ петти пат! Овој пат негова  избраничка, некои велат „нова брачна жртва“ е негова колешка,  инструкторката по пливање во пливачкиот клуб „Браник“ - Марибор,  Словенката, Метка Спаравец. Обајцата среќната вест ја обзнанија преку фотографии на социјалните мрежи, а невестата веднаш дури и го додал презимето на малдоженецот кон своето. На некои од фотографиите „младите“ се фотографирани непосредно пред и по венчавката, која била едноставна, без многу сватови и медиумска помпа. Дека „пливањето“ во брачните води на Маленко му е „послаба страна“, а менувањето брачни сопатнички „ахилова петица“ се виде уште при првиот брак со пејачката и ТВ водителка Сузана Турунџиева.  Со неа ја има ќерката Лора која во 2019 година му го донесе внучето Јаков. По првата брачна авантура со Турунџиева од која едно време Маленко го презема и презимето, следуваше втората, со исто така позната личност, која подоцна на пливачот му стана сопруга број 2 - актерката Јелена Жугиќ. Во тој брак Маленко и Јелена го добија синот Ахил, но и брачната „реприза“ на пливачот не потраа долго, па тој тргна по „трета брачна среќа“. И тоа во првиот свој интернационален брак со шест години постарата Русинка, Татјана Михалова Фјодорова.  Но, и руската бајка со руската „дјевушка - блондинка“  за Маленко не беше вековита, иако и од неа остана уште едно дете од неговото бројно потомство, и тоа одново син. Претпоследна во „брачната низа“ на Маленко и неговото пливање низ „немирните брачни води“ беше одново една Македонка. Враќање дома, во родното место, македонскиот бисер - Охрид, за уште еден, четврти по ред „брачен бисер“ на шампионот во базенот и бракот! Охриѓанката Фанче, ќерка на сопственикоот на еден угледен охридски хотел стана тогаш негова нова сопруга, но се покажа дека не е и последна. Со неа Маленко исто така има „брачно наследство“ од две машки дечиња. И конечно, оваа негова најнова, одново интернационална „брачна авантура“  со Словенката, Метка, за „брачна петка“... Засега само како бројка со која му се бројат браковите... и децата од нив! Но, она што можеби е поинакво и поразлично во овој брак од сите претходни на Маленко е тоа што и на неговата најнова невеста ниту и е „прв пат“, ниту пак таа не е претходно реализирана како мајка. Напротив, Словенката исто како и нејзиниот македонски младоженец има „богат брачен багаж“ зад себе кога се децата во прашање, зашто колку што е познато Метка е веќе мајка на 4 дечиња. Се' на се', Маленко е македонски рекордер во пливање... во брачни води! Тој „една рака“ деца, а заедно со неговата нова, петта невеста, вкупно девет! Јубилејната десетка кога е потомството во прашање, белким ќе дојде наскоро! Нека им е со среќа! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин]]>

Камелија ви посакува добар ден, пиштол гола од домашниот базен: Бугарската фолк дива го вајаше задникот во вода! https://arhiva.vistina.com.mk/kamelija-vi-posakuva-dobar-den-pishtol-gola-od-domashniot-bazen-bugarskata-folk-diva-go-vajashe-zadnikot-vo-voda/ Mon, 13 Jul 2020 09:50:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158460

Во време на короната, бугарската фолк дивата Камелија му се посвети на интензивно тренирање по дома. Русокосата певица објавила фотографии на својот личен профил на  Инстаграм, во кое плива пиштол гола во домашниот базен од својата приватна вила. Фолкерката е позната по цврстиот, стегнат и подигнат задники убавите нозе. Освен тоа, Камелија оддамна е позната како пејачка со најтенко тело и иако веќе има 50 години, не е инфериорна во однос на новодојдените конкурентки во фолк жанрот. Страсната  фолк дама со години спортува, што има видливо влијание на нејзиното торзо. И покрај работата врзана со настапите и ноќниот живот, таа успева да ја задржи совршената форма, пишува  бугарски „Телеграф“. https://www.youtube.com/watch?v=gC_auU4o4_I]]>

Супермоделот Хелена Кристенсен на 51 година се фотографираше како плива гола: Како риба во вода! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/supermodelortt-helena-kristensen-se-fotografirashe-gola-i-na-51-godina-kako-riba-vo-voda-foto/ Fri, 26 Jun 2020 11:40:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155893

Данскиот супермодел Хелена Кристенсен се фотографираше без облека за шпанското издание на магазинот „Харперс Базар“, иако има 51 година. Голата убавица ја краси дури и насловната страница на списанието. Фотографиите се до душа дискретни, затоа што на нив манекенката  плива гола во езеро или стои во потполно проѕирен фустан без да носи долна облека или бикини на себе. Автор на фотографиите е популарниот американски фотограф Овен Гулд. Хелена Кристенсен ги објави фотографиите на својата страница на Инстаграм и напиша: „Јас сум навистина возбудена што сум на насловната страница на шпанското издание на списанието„ Харперс Базар. Шпанија е земја кон која чувствувам толку многуљубов. Кон луѓето, културата, историјата, храната, архитектурата, прекрасната убавина на земјата... Има толку многу магија и страст“. „Поголемиот дел од празниците во детството ги поминав во Нера, живописен град на јужниот брег, од кој имам многу мои убави спомени. Благодарност до списанието што ми дозволи јас и мојот  'карантински' тим да ја направиме оваа фотосесија во мојот омилен елемент - вода“. Фото: Инстаграм принтскрин/ ХеленаКристенсен]]>

Во седмиот месец од бременоста Сара Мејс се соблече во бикини и го покажа трудничкото стомаче! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-sedmiot-mesec-od-bremenosta-sara-mejs-se-sobleche-vo-bikini-i-go-pokaza-trudnichkoto-stomache-foto/ Mon, 25 Jun 2018 06:57:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34130

Пред неколку месеци пејачката Сара Мејс  и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски објавија дека ќе станат родители, односно дека Сарае бремена и ќе стане мајка, а Диме тато. Пејачката ужива во својaта бременост, а заедно со сопругот се радуваат што нивното семејство ќе се прошири со нов член, плод на нивната љубов и благослов од Бога. На почетокот на летото, Сара и Димитар го искористија слободното време и заминаа на одмор за да уживаат, но и да ги наполнат батериите за она што следува. Пејачката го искористи топлото време за да се соблече во бикини, па го покажа трудничкото стомаче во седмиот месец од бременоста.
Тоа не ја спречи идната мама да се пушти во летните авантури, па заедно со Димитар запливаа во морето кај јужениот сосед. Водителот сподели фотографија на Инстаграм и во описот напиша: Кој вели дека бремените жени не може да се забавуваат?