плескавица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 Mar 2023 11:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png плескавица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Плескавица полнета со кашкавал! Вкусно и сочно, сигурно нема да ве разочара! https://arhiva.vistina.com.mk/pleskavitsa-polneta-so-kashkaval-vkusno-i-sochno-sigurno-nema-da-ve-razochara/ Mon, 27 Mar 2023 12:45:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295242

Со мека текстура и полн вкус, овие плескавици се лесни за подготовка и се вистински хит за скара што можете да го подготвите и на грил тавче… Уживајте! Со додавање на презла, јајце, ворчестер сос, млеко и лук во прав, овој рецепт создава совршена основа за сочни плескавици. Во центарот на секоја се додава парче чедар, кое се топи за време на печењето, создавајќи прекрасен вкус и кремаста текстура. Со неколку прилози по избор, овие хамбургери се идеален оброк за семејството или пријателите. Состојки: 500 гр мелено говедско месо четвртина чаша презла помало јајце лажичка ворчестер сос лажичка млеко 100 гр чедар сирење малку лук во прав сол, бибер Подготовка: Ставете го месото во поголем сад, додадете ги презлата, јајцето, ворчестер сосот, млекото, лукот во прав, солта и биберот, па сè добро измешајте. Поделете на четири дела, направете топчиња, сплескајте ги со дланките, па во средината ставете малку чедар сирење. Завиткајте ги краевите на месото, а потоа формирајте плескавици. Печете на скара или во грил тава на умерена температура, додека не поруменат од двете страни. Послужете во лепчиња, со прилози по ваш избор. Извор: Курир.мк]]>

Урбана убавица или поинаква плескавица: Во „Форца“ на „Скопјанка“ https://arhiva.vistina.com.mk/urbana-ubavica-ili-poinakva-pleskavica-vo-forca-na-skopjanka/ Thu, 07 Nov 2019 13:26:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117247

Мека и сочна како душата на градот, вкусна и ароматична како неговите мириси напролет, составена од чисти и првокласни состојки содржани во неа, зачинета со убавина и шмек на микс од  единствени мирудии, прелиена со уникатен прелив како моминско лице со бистра вода, распослана во чинија како македонската метропола во својата котлина... Таа е една и единствена, ненаметлива а неодолива, уникатна и пожелна, која ќе ве заведе уште на прв поглед  и задоволи со првиот вкусен залак... Зашто таа е онаа вистинската,  таа е чиста „Скопјанка“! Во неа се ужива полека, „натенане“, а се дегустира само во „Форца“. Со лезет, за свој ќеиф и еднинствено гастрономско задоволство. Вака отприлика секој оној што го пробал новиот уникатен специјалитет на куќата во винскиот бар и ресторан „Форца“, ја доживува „Скопјанка“, единствената плескавица подготвена на „поинаков“ начин. Оваа гастрономска уметност произлегува од вештите раце на шеф  Андреа Јаковчевски, готвач –експерт за шпанската кујна, во која се користат многу  разновидни зачини и исклучиво свежи намирници. Токму дел од неговото искуство е пренесено и вткаено во новиот гурмански специјалитет на исто така новото зимско мени на „Форца“, кој  уште со првиот вкусен залак ви се чини познат, а сепак мистичен, заради својата свежина во која преовладува миксот на тајните состојки. Доволно најадени, задоволни, а сепак неоптоварени... Лесна и вкусна, доволно обилна, а сепак ненаметлива... новата „Скопјанка“  ќе ги задоволи и најпребирливите конзументи на месни специјалитети. Во комбинација со некое од избраните висококвалитетни, врвни вина од винотеката на „Форца“, нивната „Скопјанка“ ќе ви се допадне уште на прв поглед, а во неа ќе уживате со задоволство,  до последниот залак, по кој набргу одново ќе и се вратите... Како на секоја „љубов на прв поглед“, та била таа и гастрономска!]]>