плажа градиште – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 Oct 2017 21:56:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png плажа градиште – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Одблизу со Лепа Брена: Го сакам македонското гостопримство! https://arhiva.vistina.com.mk/odblizu-so-lepa-brena-go-sakam-makedon/ Mon, 14 Aug 2017 19:27:54 +0000 http://vistina.mk//?p=132

Кога ќе добиете можност за интервју со ѕвезда која ја знаете, што се вели, од кога сте се родиле, чиј репертоар ви е добро познат или заради чии филмови сте трчале во видеотека, во главата правите концепт затоа што сакате да ја испрашувате како што тоа го правеа вашите наставници во основно… Па размислувате дали ќе биде расположена за соработка, дали се ќе биде “на трчање”… но кога добивате можност да ја запознаете на нејзин терен, онаму каде што е најрелаксирана, природна… имате впечаток дека тоа не е онаа истата личност што сте ја гледале на ТВ-екраните… Непосредна, позитивна, пријатна… ете така со три збора би можела да се опише Лепа Брена и по којзнае кој пат да се потврди она – колку е некој поголема ѕвезда толку е понормална личност… Повод за нашиот разговор е нејзиниот концерт закажан на 29 јули на плажата Градиште 2 во Охрид. Освен за тоа што ќе пее и што може да очекува публиката во Охрид, зборувавме и за семејството, бизнисот, пензионерските денови… А ни откри и што е тоа што ја врзува за нашата земја… На 29 јули е закажан вашиот концерт во Охрид, тоа е и повод за нашиот разговор. Со оглед на тоа дека долго не сте биле во овој град што прво ви падна на памет кога добивте понуда за гостување, а е врзано за овој наш туристички бисер? Лепа Брена: Охрид е место со специфичен сензибилитет. Охридската пастрмка е нешто на што тешко можам да му одолеам. Го сакам македонското гостопримство и кога пред неколку години бевме на финалето на Sвездите на Гранд уживавме во сите деликатеси на ова поднебје, но и во природното гостопримство. И секогаш со задоволство се враќам секаде каде што луѓето ме сакаат, а фала му на Бога такви места ширум светот има навистина многу.  Постоите долги години, па и списокот на хитови е прилично долг… Како го составувате репертоарот и постои ли песна која да речеме секогаш ја пеете? Лепа Брена: “Миле воли диско”, “Дуге ноге”, “Дама из Лондона”… убаво рековте дека списокот е подолг, и секогаш кога го правиме репертоарот мораме неправедно да изоставиме некои зашто после опусот од осумдесеттите стигнаа хитовите од новата ера на Лепа Брена ха, ха, ха... Што може да очекува публиката во Охрид? Лепа Брена: Многу добра забава, убави песни и одлична атмосфера. Она што јас лично можам да го ветам е дека сите после мојот концерт ќе заминат дома ведри и расположени. Постои ли некоја песна која ви ја понудиле, не сте ја снимиле, па сега можеби ви е жал заради тоа?  Лепа Брена: Има некои кои сум ги одбила, некои во кои не сум се пронашла и кои станале навистина огромни хитови. Но песната морате да ја почувствувате. Секогаш внимателно сум бирала што ќе снимам, а доказот за траењето на моите песни говори во прилог на тоа дека сум знаела што правам. Се тргнува од чувствата. Вие сте единствената ѕвезда од овие простори која освен со пеењето постигнала завиден успех и во светот на филмот, а успешни сте и во бизнис водите… Постои ли некој таен рецепт и која беше вашата ѕвезда водилка? Лепа Брена: Само посветена работа ве води во нови бизнис сфери и унапредување на работењето. Никогаш не сум се задоволувала со тоа да бидам само естрадна личност. Лепа Брена прерасна во сериозен бренд исклучиво затоа што од самиот старт имаше визија што е инвестирање во работата. Тој принцип на работа го применивме кога ја стартувавме Гранд продукција, потоа кога почнувавме со Гранд ТВ и резултатите од нашата работа и рејтинзите кај публиката – денес кажуваат се. Во една прилика имате изјавено дека во средношколските денови често сте се шегувале со другарките “Еден ден ќе бидам позната…”… колку Брена се разликува од Фахрета од Брчко и дали сметате дека сте си ги оствариле соништата? Лепа Брена: Моите животни начела не се сменија иако се сменија околностите. Никогаш не сум дозволила славата да ме понесе. Ниту да се загубам од целото она одобрување и уважување кое го доживеав. Факт е дека си ги остварив своите соништа од детството и дека сум многу горда на тоа. Кога ќе погледнете наназад дали можеби се каете заради нешто и што би смениле ако, да кажеме, имате можност да го вратите времето? Лепа Брена: Никогаш не се враќам наназад, ниту размислувам што би било кога би било. Немам време за тоа. Мојот поглед е или во сегашноста или во иднината. Што би била Брена да не е она што е денес? Лепа Брена: Мојот однос кон работата би ме одвел, во тоа сум сто насто сигурна, на добра позиција без оглед на професијата. Но човек се раѓа за некоја професија и ја следи својата интуиција. И стигнува до целта. Често сте мета на медиумите, а и некако нормално е вашиот живот да е во центарот на интересирањата, но сепак успеавте да го изолирате својот приватен живот и да бидете нескандалозна сопруга и добра мајка на своите синови и да изградите добар однос со Филип… Славата никогаш не ве понесе… Лепа Брена: Најголем успех во животот на секоја позната личност е да остане цврсто на своите нозе на земја. Затоа што здравиот разум е единствената долгорочна инвестиција, кога ќе го согледате животот во целина. Кога ќе останете нормални вие умеете да бидете успешни и на работа, и добра мајка, и сопруга. Со Поповиќ Гранд го претворивте во империја, престиж е да се биде дел од вашата продукција… Како успевате и кажете ми кому од младите пејачи му “предвидувате” добра кариера? Лепа Брена: Гранд секоја година низ Sвездите на Гранд прави понуда од добри пејачи, а пазарот го дава својот конечен суд. Тој пазар е конкретно публиката. Затоа што ние сме тука како продукција да ја дадеме сета своја поддршка, маркетиншка и дискографска, но како што знаете постои оној Икс фактор кој ѕвездите ги одвојува од обичните пејачи. Делува едноставно, но како што гледате тоа е чиста наука. Вашиот син Стефан тргна по вашите стапки, а во суштина тој беше ѕвездата од спотот “Ја немам други дом”… Зошто чекаше толку долго да влезе во студио и ве радува ли тоа што ете во домот имате свој наследник? Лепа Брена: Се разбира, дека ме радува и мошне ми е драго што ги прави своите први чекори. Како мајка и како професионалец ќе му ја дадам сета своја поддршка, сите дома сме многу горди на неговиот почеток. Негово е тргне и да ја запознае оваа професија од свој агол и да се снаоѓа понатаму. Ова е убава, но и напорна работа, и навистина ми е драго што е свесен за тоа. Изгледате одлично, како ја одржувате линијата и како успевате секогаш да бидете совршени? Лепа Брена: Ви благодарам за вака убавите зборови, но за се е потребна многу голема дисциплина. Треба да се воздржите од калорични залци, и редовно да се вежба, и да се спие по десет часа, и да се плива, и да се оди во теретана… Се си бара дисциплина. Вашата рајдер листа е скромна, речиси и да не постои, што не е пракса кога се големите имиња во прашање… Лепа Брена: Мојот секојдневен живот е едноставен и мошне прецизно дефиниран. Се знае кога се состаноци, кога проби, кога се снимаат емисии, едиторијали… така што нема потреба за претерана врева околу сето тоа. Мојата рајдер листа секој пат е одраз на она што навистина во тој момент ми треба, а не одраз на ѕвездениот момент. Постои ли некој ритуал пред концерт? Лепа Брена: Ха, ха, ха… Не, никаков посебен ритуал. Се собира целиот тим и само велиме – “Покрет!” Што за вас е среќа, што тага, што љубов… Лепа Брена: Се се тоа составни делови од животот, не постои некој што доживувал само среќа или само тага. Се се распоредува во граница која можете да ја поднесете. Живот ви дава секогаш онолку колку што за вас е вистинската мерка. Кои се вашите идни музички планови и дали можеби размислувате некогаш да заминете во пензија… И ако да, тогаш каква е вашата визија за идеални пензионерски денови? Лепа Брена: Некој спомена пензија?! Ха, ха, ха.. За наесен подготвувам нов албум и документарен филм. Мислам дека за уметниците не постои пензија како таква, туку повеќе активна или периодична работа. Не можете никогаш потполно да престанете да работите. Разговорот го водеше: Александра Тимковска]]>